www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Море, ципал, ред ушута – ред пршута
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2879
Страна 13

АвторCOLON  Cyco Dule [Вто Ное 06, 2012 4:12 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Море, ципал, ред ушута – ред пршута

Ете после две недели чекање, исчекување и оштрење на јадици и коса, падна договор за викенд риболов, но не на штуки како што се надевав туку на море. Нејсе.
Стандардна припрема со мамци , прихрана, храна, алкохол и правец каналот кај Неа Потидеа во 3 часот наутро. И екипата горе доле стандардна , јас, Томе, Миро и Љупчо кучкарот.
Морам да напомнам дека на Окта бензиската (пред граница) имаше една екипа која тргнала на Бистрица (јато млади корморани) а пумпашите а и полицаецот на граница ни го кажаа истото , многу коли поминале утрото , некои дури и на полноќ за да фатат место. Проклетство, веднаш помислив на железничка станица Неготино и на Пчиња кај модра плоча кога пред 16-20 години исто трчавме за да фатиме место, истото сега само 260 км подалеку. Sad but True.
На каналот стигнавме околу 7 часот и веднаш ги окупиравме добрите места.

[ img ]

Ова е од континенталната страна .

[ img ]

Се ловеше на 2 метри од брегот (се гледа на сликата брегот во вода)

Спремата беше пливка 1-2гр. конец 0,12 – 0,14 и јадица од 8 до 10, мамец леб. Водата во каналот беше на добро ниво а после 2 саати падна на посакуваното ниво, но немавме многу среќа со ветерот. Дуваше од сите страни т.е. го менуваше правецот на дување на секои половина саат, среќа барем не беше силен, но правеше контра таласи од правецот на движење на водата и го отежнуваше водењето на пливката а богами и видливоста на истата. Бидејќи ловевме на лесна спрема и на длабочина помеѓу 3 и 4 метри (на излезот од каналот) и на 4,5-5 метри на средина на каналот поради движењето на водата (на моменти исто како на река) мораше и да се кочи а ветерот си го правеше своето. Морскиот риболов бара многу фрлање на прихрана од леб (овој пат носевме само леб , но може да се користат и прихрани за бела риба или ако може да се најде и за морска).
Од риба даде скоро од се, ципал, иглици, шпар, орада ... но не јадеше како што очекувавме а сепак имавме по некое кило. Околу 11 часот отидовме во апартманот во Неа Потидеа за да ги оставиме вишокот од опремата и поголем дел од храната и се упативме кон марината на самиот излез на Пефкохори по иницијатива на Љупчо, да ја испробаме среќата таму. Таму што ќе видиш , идеално место со длабочина од околу 2 метри и мали дрвени докови на секој чекор.

[ img ]

[ img ]

Е тука не нападна малиот шпар, јадеше секоја рака и тоа што го вадевме го враќавме назад во вода. Меракот ми го направи ловењето на краби со батак (се зема батак, крилца или било какво месо , се врзува на конец и се фрла во вода, кога ќе почне да се затега конецот прво полека се влече за да се провери дали има нешто а ако има се забрзува влечењето и на крај со кепче се црпи крабата) и фатив 9 солидни и чисти краби за разлика од оние кај Неи Пори и обезбедивме вечера. Подладнето и квечерината ги поминавме по ПС , (тука нема да објавувам слики од ѓезмиња затоа што ми е многу без врска тоа) и после неколку хектолитри пиво , рачија и керозин правец кревет.
Како легнавме така и станавме, трупови, но во 6 веќе бевме на место на каналот.
Денешниов ден беше прекрасен , ветарот беше поднослив и на моменти дуваше спроти текот на водата така да имавме и природно кочење, мамец ист прихрана иста.

Миро и Томе работеа како мравки
[ img ]

Љупчо во акција
[ img ]

Успеав дури и јас да се сликам :twisted:
[ img ]

Сабајлето пробав и на силикони , кашики и воблери но без никаков успех, па се вратив на тапарогот, искрен да бидам ме мразеше да направам систем за иглиците бидејќи удираа и на пливка додека лесното олово пропаѓаше. Удираше подобро од вчера дури Љупчо извади и два ушута и имаше кинење на нешто вонземјанско. Се на се одличен викенд со одлично друштво , со температури од 26-30 степени во ноември и солиден улов. Сигурно ќе се повтори , можеби следниов викенд.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Јас лично не го сакам морскиот риболов, знам дека рибите се повкусни и поборбени но сепак ... но највероватно ќе морам да се привикнувам на него затоа што ова со реките и езерата во Егејот станува неподносливо, мршојадци на сите страни.
Се надевам дека нема никој да замери како е напишано, прв пат ми е :filip:

АвторCOLON  Krki [Вто Ное 06, 2012 4:24 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Море, ципал, ред ушута – ред пршута

Bravo Dule iskreno ubav morski ribolov kejf za site pari...

АвторCOLON  Филип [Вто Ное 06, 2012 4:24 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Море, ципал, ред ушута – ред пршута

Како за првенче, одлична репортажа Дуле :lepi:

АвторCOLON  Cyco Dule [Вто Ное 06, 2012 4:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Море, ципал, ред ушута – ред пршута

:) се надевам дека ќе ми тргне пишувањето :crazy: , благодарам

АвторCOLON  Rade [Вто Ное 06, 2012 4:35 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Море, ципал, ред ушута – ред пршута

:bravo: ubva reportaza i ubavo poinato vreme.

Samo na leb li gi lovevte Dule? Jas so istiot sistem se skrsiv od frlanje vo Kalitea od toj eden dok, septemvri mesec, abe samo od tie ploskastite izleguvaa i tie zaebavaa. I dali navistina e potrebna tolku fina sprema? Neli moze malku pojak konec pa i vonzemsko koga ke udri da go izvadite.

АвторCOLON  Cyco Dule [Вто Ное 06, 2012 4:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Море, ципал, ред ушута – ред пршута

само леб користевме , се мислевме дали во недела да отидеме на пристаништето во Неа Мудања (таму ќе најдевме гаврос) но бидејќи беше од сабајле релативно мирно мислевме дека на каналот нема да биде лошо. Првито ден ловев на тапа од 4 гр.(заради ветарот) на 0,16 со 0,12 подвез и за разлика од нив јас налошо поминав (можеби толку знам да ловам :) ) вториот ден сменив тапа и врзав уште една јадица и веќе беше подобро

АвторCOLON  Atanasovski [Вто Ное 06, 2012 5:03 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Море, ципал, ред ушута – ред пршута

Cyco Dule НапишиCOLON
:) се надевам дека ќе ми тргне пишувањето :crazy: , благодарам
Odlicno sklopena reportaza .

АвторCOLON  saso [Вто Ное 06, 2012 5:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Море, ципал, ред ушута – ред пршута

Cyco Dule НапишиCOLON
само леб користевме , се мислевме дали во недела да отидеме на пристаништето во Неа Мудања (таму ќе најдевме гаврос) но бидејќи беше од сабајле релативно мирно мислевме дека на каналот нема да биде лошо. Првито ден ловев на тапа од 4 гр.(заради ветарот) на 0,16 со 0,12 подвез и за разлика од нив јас налошо поминав (можеби толку знам да ловам :) ) вториот ден сменив тапа и врзав уште една јадица и веќе беше подобро
Ubava reportaza.
Samo uste nekoja informacija, mozebi ke vi zatreba sledniot pat. Pred samiot most na Nea Potidea na edno300 m. pred nego od levata strana imate edna Shimano prodavnica kade ima i zivi mamci.
No mnogu posnabdena od nea so zivi mamci e edna prodavnica koja e na okolu kilometar posle mostot ( tamo kade patot se dvoi i stanuva ednosmeren.
I ednata i drugata Vi se mnogu poblisku od Nea Moudania.

АвторCOLON  Spaiva [Вто Ное 06, 2012 5:23 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Море, ципал, ред ушута – ред пршута

Одлично склопено, убаво напишано и сликите доста покажаа од целата авантура.
Нека ти се множат репортажите и сепак морскиот риболов си има посебен драж, јас го осетив најубаво оваа година.
Се си има свое. ;)

АвторCOLON  Cyco Dule [Вто Ное 06, 2012 5:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Море, ципал, ред ушута – ред пршута

знам Сашо , екипава беше пред две недели на истото место и одлично поминале на леб , затоа не ни баравме друг мамец, не ми е првпат да ловам на море но навистина не ме привлекува, освен ловот на краби и октоподи, а догодина ако пробам од чамец ... кој знае :idea:

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/