www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Рибарски камп - Harasjömåla http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2833 |
Страна 1 oд 3 |
АвторCOLON | Atanasovski [Нед Oкт 28, 2012 7:48 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Рибарски камп - Harasjömåla |
Со син ми, еден пријател и неговиот син, го поминавме викендот во овој камп. Изнајмивме колиба, резервиравме дозволи за едно од подобрите езера кои се во околината. Идеата беше да ловиме со мушица во потокот, но немаше место, иако се јавив пред месец и пол. Сезоната е завршена пред два месеца и од тамо оваа гужва на ваквите локации. Во петокот се симанав подрум да ја приберам опремата, кога од неа ни трага. Лопови ми влегле во подрум и ја испразниле собата, вероватно идеата им била да влезат во куќа преку подрум али кучето ги има спречено во тоа. А само 3 дена пред тоа бев доле да разгледам дали имам се што ми е потребно и се си беше на место. Wadarsite и пропратната опрема за нив не ги земале. Трска Fladen со машинка shimano, Abbu лесна спин трска и abbu машинка, Ron Tompson трска за лесно дубинско, мушичарка Guideline 9fut #5, сите блинкери, подвези, мушици и нешто што највише ме боли тоа е Zpey машинката со running line i shooting head кој се навистина скапи и не се наоѓаат лесно . Другите мушичарки и шњурови ми беа на друго место, така да барем они останаа, инаку навистина ке плачев и ке лупав глава во ѕидi Добро, се соземав од шокот, бесот пројде, спакував тоа што имав и тргнавме. Вечера и на спиење. Утрото не шокираше со - 5 степени, ладно и магловито. Имав големи проблеми да зафрлам, зато што окцата се полнеа со мраз кој го кочеше шњурот. Секое ново зафрлање значеше и чистење на окцата. Во секој случај упорноста се исплатеше и после 4 саата зафрлувње удри една калифорниска која и те како ме испоти, користев лесна спрема и кефот беше голем. Калифорниската е израсната во рибник, може да се види по опашот кој е недораснат, иначе долга 53см. а тешка 2050 гр. Во секој случај пружи одлодлична борба. Син ми исто имаше удар, али немаше среќа да ја извади, се работеше за доста поголема риба. Преагресивно ја работеше рибата не слушајки ги советите, конецот не издржа за малку. Здравје, ке се научи. Измрзнати се вративме во колибата како би собрале душа за попладне. Попладнето па иако искочи сонце не успеа да го загрее воздухот, згора на тоа задува и благо северно ветре. Депримирачки. безуспешни зафрлања и студ до коски. Сепак попладнето го одбележа еден удар кој како никогаш до сега ме нема размрдано. Шњурот лежеше на вода а ја му објаснував на Јохан различни зафрлања. Само што почнав да го влечам и наеднаш удар, шњурот почна да излетува од машинката, искочи целиот па почна и бекингот да зуи, останаа уште неколку метра бекинг на машинката кога решив да пробам да ја скротам рибата, но тоа беше и крај на борбата. Кочница, подигање на трската и моментално пукање на конецот. Додека стоевме збунети со отворени усти , рибата со цело тело победнички се издигна над водата. Да не бев под импресии ке и аплаудирав. Тука некаде заврши нашето рибарење. Децата малку разочарани што не извадија риба, али тоа е, наглата промена си го направи своето. повеке успех следниот пат. Иако не сум љубител на комерциали, ова место ке го посетам пак во подоцна пролет, поради масовните роења и шансата да се фати риба и од 8 кг. на сува мушица. ова беше и последното рибарење до почетокот на следната сезона. Поздрав. |
АвторCOLON | Dragan [Нед Oкт 28, 2012 8:20 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Ribarski kamp Harasjömåla |
Уф од каде да почнам да коментирам За опремата знам дека имаш добра и скапа, и онака по македонски да ти кажам пари ке направиш, ке купиш друга, подобра, здравјето не се купува. Добро е што сте имале удари од килаши. Сигурно ке имате муабети за преку цела зима . Незнам дали си ловел на температура под 0 преходно, од мразот нели ти се оштетува шнурот? На вакво место би имало повеке успех на спин ама е не мерак како на мушичарење. И покрај се ти завидувам, нема вакви места во Македонија. Кај рудникот Радуша имаше потенцијал пред околу десет години, беше полно со пастрмка ама ништо не бидна од тоа. Сега топли си коски покрај оган, планирај буџет На пролет и јас се подновувам. |
АвторCOLON | Илчо [Нед Oкт 28, 2012 8:26 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Ribarski kamp Harasjömåla |
Navistina mi e zal za opremata Ali toa e pomalku bitno nova oprema ke si kupis vazno upavo si pominal so sin ti ste fatile nekoja riba |
АвторCOLON | pirati [Нед Oкт 28, 2012 8:32 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Ribarski kamp Harasjömåla |
Meraci....raj za oko .... |
АвторCOLON | Rade [Нед Oкт 28, 2012 8:51 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Ribarski kamp Harasjömåla |
Ubavini! Meraci! Sto drugo da kaze covek. |
АвторCOLON | chesta [Нед Oкт 28, 2012 8:59 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Ribarski kamp Harasjömåla |
Prava shteta za opremata, a inaku provodot, za merak i pamtenje! |
АвторCOLON | okiribar [Нед Oкт 28, 2012 9:01 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Ribarski kamp Harasjömåla |
По мое мислење ДОБРО проведен ден а и дечињата ке има за што да раскажуваат. Жалам за опремата ама се разбира ке се набави НОВА. Мерак е човек да види ваква РЕПОРТАЖА Секоја чест--- АТАНАСОВСКИ --- |
АвторCOLON | Atanasovski [Нед Oкт 28, 2012 9:02 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Ribarski kamp Harasjömåla | |
Сигурно ке имате муабети за преку цела зима . Незнам дали си ловел на температура под 0 преходно, од мразот нели ти се оштетува шнурот? На вакво место би имало повеке успех на спин ама е не мерак како на мушичарење.
Mrazot pravi nekakvi ostetuvanja, koga trgnavme temperaturata bese +12 taka da ne si zemav pasta ICE OF koja se koristi za vakvi priliki.Sto se odnesuva do spinot, ne veruvam deka e pouspesen, bevme edinstveni sto musicarevme na celo ezero, ja musicarev vo prava smisla a sin mi koristese musica i oteznuvanje za da moze da zafrli i bevme edinstveni so izvadena riba i udari. |
АвторCOLON | Spaiva [Нед Oкт 28, 2012 9:05 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Ribarski kamp Harasjömåla |
Ех, завршува полека риболовна 2012. Сепак фино си се отпишал, и фина репортажа од прекрасна природа. |
АвторCOLON | kircask [Нед Oкт 28, 2012 9:09 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Ribarski kamp Harasjömåla |
Kakvo ezero ludilo , navistina ubava reportaza.... |
Страна 1 oд 3 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |