www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
A добро почнувавме !!! http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2809 |
Страна 1 oд 2 |
АвторCOLON | kire [Вто Oкт 23, 2012 8:42 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | A добро почнувавме !!! |
Минатава недела, Вардар варираше во Скопје, секое сабајле на кејот, линијата од околу пола метро на камењата беше добро видлива. Во текот на ноќта бил голем па паднал, Козјак , поручек одново качуваше .Информациите од доле беа дека е голем. Од друга страна, временската прогноза за викендот беше и повеќе од одлична за овој период од годината. И толку и треба, фитилот одма се пали, одиме и тоа со спиење, па што биде нека биде, а имаме и резервна варијанта Екипата спремна за добра дружба Сабајле во мугрите на место, кај јаворите, во проширен состав со две возила натоварени до даска Јас,Трајко, Цобе, Феки и Бац. Феки и Бац малку ама дојдоа на време Вардар за разлика од минатиот пат многу поголем, ставивме маркер-обично стапче боцнато во песокот на линија на водата, и по некое врема видовме дека паѓа. Добро е, Феки и Бац отидоа погоре а ние останавме тука, покасно,ќе видиме како ќе се поставиме Водата падна дваесетина сантима, и влеговме да ловиме. Рибата скокаше како по правило од спротива, и колегите од спротива веќе имаа извадено. Ако,тоа веќе го знаевме, постојано крмевме и фрлавме. Опремата стандард, 2,5 грама тапа, 12ка конец, 10ка јадица, ловевме на леб со леб и прихранувавме. Цобе на црв пробуваше, тој не е по бојникот. За брзо време почнавме да вадиме и ние Трајко направи севте А тука бев и јас Во чуварките веќе имавме по неколку убави парчиња Вниманието како во возењето на тапата, ми беше насочено и позади на брегот на маркерот. И тогаш , почна да качува а згора на се, се појави и северко Искочивме надвор, извадивме ракијата и салата да лечиме рани, се слушнавме со Феки,дојдоа и тие на ракија и на доручек. Работата не ја бидува, се собравме и отидовме на друга локација. Таму гужва, се видовме со нашите пријатели, мавнавме по некоја ракија, малку лав муабет, фативме и понекое рипче...и денот речиси помина. Времето одлично а Вардар многу падна И рибар нејќе е рибар ако нешто не го копка, екипата на состанок , што да правиме. Да се враќаме назад или да останеме тука. Ако одиме назад ќе фатиме повеќе, местото е поубаво како за риболов така и за кампување, а имаме време и некоја трска да фрлиме. Одлуката едногласна, ќе ризикуваме одиме кај јаворите Стасавме на место и право во вода, јас извадив еден бојник а Трајко откачи и толку, собравме трските. А после напорен ден се знае што следи Бац беше најупорен, и во самиот финиш му кидна на црнецот Со рипчиња небеше лошо Рибите поради менувањето на локација беа мртви и неможеше да се чуваат за следниот ден, но ние сме спремни момци за сите ситуации Ги поделивме обвските Цобе и Бац дрва за вечерта Феки околу кампот Трајко,маси и салати, а јас и Феки чистење на рибите Многу бевме изненадени, бидејќи во голем дел од рибите имаше икра Бојникот мора добро да се спреми Почнавме да пржиме на плин, а после на огинче И шоуто можеше да започне Имаше ракииче, мастиче домашно, винце црвено домашно, бунарче...и на крај песна Сабајлечки се знае на позиција, водата добра Јас си се спасив од црнецот со едно бојниче-чеперче И тогаш катастрофа, водата одново качува, мајки шајки, џабе, тоа е тоа, за саат и половина качи 30 см Собравме парталите и мењаме локација, Феки и Бац небеа расположени за собирање па останаа, но на таа вода и на тоа место риба не се фаќа ама одлуката нивна беше таква. Ние заминавме. На новата локација, митинг, место нема за лек, едвај натаму наваму најдовме место. И прво па машко-чуварот Проверка на легитимации, дозволи, муабет, така и треба, луѓето совесно си ја вршат работата Рибата тука беше активна, брзо и влеговме во шема, ние бојник а Трајко богами и некоја мрена, а Цобе душа им извади на едни плашки Се на се небеше лошо И отприлика тоа беше тоа, Вардар нестабилен, за ловење тешко. Ама кој си знае си фаќа До следниот риболов, поздрав и БИСТРО |
АвторCOLON | ico baits [Вто Oкт 23, 2012 8:47 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: A добро почнувавме !!! |
АвторCOLON | limun75 [Вто Oкт 23, 2012 8:52 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: A добро почнувавме !!! |
Лотарија е веќе Вардар да го начекаш стабилен... Битно душата полна,по некое рипче има... Него Кире,на лице место ви издадоа дозволи или од претходно си уплативте во банка?? |
АвторCOLON | kire [Вто Oкт 23, 2012 8:54 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: A добро почнувавме !!! |
Ние имаме годишни,вадењето на лице место не е дозволено ама мислам дека уште може |
АвторCOLON | Krki [Вто Oкт 23, 2012 8:57 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: A добро почнувавме !!! |
Kitre uste vikendica fi fali na placot go belezavte.... |
АвторCOLON | ace penja [Вто Oкт 23, 2012 8:59 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: A добро почнувавме !!! |
Do pred da pocne da varira super si bese,no sega gore -dole.Najbitno top ste si prosle,rba ako ima ima, ako ne neka rasne |
АвторCOLON | spiro_jas [Вто Oкт 23, 2012 9:12 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: A добро почнувавме !!! |
Кире одличнба дружба сте си напрвиле - со сите салтанати по пропис од сабајле денот ми го разубави ајде наредниот пат повеке кеив да истерате добор е што видовме и дека концесионерот си го контролира ревирот - секоја чест така и треба |
АвторCOLON | Bobi_Brada [Вто Oкт 23, 2012 10:24 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: A добро почнувавме !!! |
На вода што варира сте еси прошле супер. Пробајте некогаш да ловите бојник на спадот на МарковаЧешма од страна на стариот пат. Во ова време знае ептен да даде риба. |
АвторCOLON | okiribar [Вто Oкт 23, 2012 11:29 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: A добро почнувавме !!! |
ОФ-ОФ-ОФ- Мераци и убавини рано по сабајле Со ваква--РЕПОРТАЖА-- се разубавува секое утро ,а поготово кага е од- КИРЕ-со неговата дружина. Другарчиња убаво проведено време на вода , уште поубава дружба сте направиле,и некоја риба плус па тоа се МЕРАЦИ да МЕРАЦИ За секоја пофалба сте КИРЕ ,поздрав до целата ДРУЖИНА |
АвторCOLON | Atanasovski [Вто Oкт 23, 2012 11:31 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: A добро почнувавме !!! |
Koga Kire i ekipata se vo prasanje, nema promasaj. Dobar provod i dobar ribolov zagarantirao. Napred momci, zakon ste |
Страна 1 oд 2 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |