www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Мушичкарење на Пчиња-Коњаре
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2805
Страна 12

АвторCOLON  Dragan [Пон Oкт 22, 2012 12:37 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Мушичкарење на Пчиња-Коњаре

Денес се одлучив да одам на Пчиња во делот кај Коњаре и една репортажа од таму. Не сум бил од којзнае од кога. Малку ме кочеше времето, си реков ај крај на октомври, веке ладно, инсекти слабо се ројат, ке измрзнам на сред река ама ај. Станав накај 8 и полека со кафе и спремање тргнав доцна накај 9.за пола саат таму. Веке имаше доста рибари што ме зачуди. Знам дека има еден куп луѓе кај Бадар ама овде не очекував толку. Ги имаше и надолу по реката, вадеа по некоја ситна попадика на црн црв кој како. Кога стигнав местото правев муабет со едни луѓе што како иде, тројцата ми збореа а четвртиов не ме ни погледна целата глава му беше во бурекот. И после пет минути се огласи "Е је_ига кога јадеш бурек без заби" :lol: на што падна едно здраво смеење. Почнав да се спремам, комбилизонот, елек, торбица и трската спремна. Гледам по реката скоро никаква активност на инсекти над површина. Малку демотивирачки. И почнав да фрлам, ама попусто, што ти не пробав, од мои направени, купени, мравки, оси, бибио, сеџ... попусто. Одејки по реката морав да искачам од реката и да кружам бидејки имаше други рибари кои си факаа на тапа па да не им реметам. И така ко ке ти се погоди денот нормално не бива ако неколку мушички на дрва оставиш. А Пчиња мала и бистра за милина. Времето ладно, јас насред река нормално добро облечен како за во војна, и волнен појас за кичма што е "маст хев" за ова време а и да не те стегне кичма после толку стоење во ладна вода. И почна сонцето појако да грее. Почнаа некои инсекти да искачаат. Гледам, гледам по кутиите за мушички, и све нешто ми фали :think: . Кога си дома и се спремаш за на риба си викаш што ке ми све ова, кога си на риболов све па малку ти изгледа. И гледам едни зелени муви, купени во Србија, направени одлично. Си реков ај и ова да пробам уште остана. И почнаа првите удари. Малку промашувања и почнаа удари со реализација.Немаше капиталци, помали кленови, но битно активен беше. И почнаа да се редат, мали и средни, колку интересно да биде.Се на се убаво поминати три-четири часа наместо неделно во кафана на ручек.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

АвторCOLON  okiribar [Пон Oкт 22, 2012 7:11 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Пчиња-Коњаре

Драган секоја чест
СЛИКИТЕ се прекрасни а пределот на Пчина околу Коњари е прееубав .
Добро проведен ден во супер есенска природа .
БРАВО --ПОЗДРАВ. :bravo: :bravo:

АвторCOLON  Krki [Пон Oкт 22, 2012 7:28 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Пчиња-Коњаре

Bravo Dragan merak si napravil pcinja bistra za cudno...

АвторCOLON  Feki [Пон Oкт 22, 2012 8:28 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Пчиња-Коњаре

Браво Драган секоја чест,си се потрудил да ни го доловиш твоето луфтирање на Пчиња,секоја чест за фати-пушти. :~~ :~~ :~~

АвторCOLON  Rade [Пон Oкт 22, 2012 8:36 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Пчиња-Коњаре

Bravo Dragan si se nauzival vo ubava priroda i ubavo vreme.

АвторCOLON  ico baits [Пон Oкт 22, 2012 8:54 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Пчиња-Коњаре

:bravo: :ico:

АвторCOLON  Atanasovski [Пон Oкт 22, 2012 11:48 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Пчиња-Коњаре

Odlicen provod, nisto podobro od suva musica i bistra voda :thumbs_up:

АвторCOLON  kire [Пон Oкт 22, 2012 1:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Пчиња-Коњаре

Уф,Пчиња за за мерак,бистра солза.Браво за репотажата :D :bravo:

АвторCOLON  ILJO [Пон Oкт 22, 2012 1:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Пчиња-Коњаре

Odlicna reportaza Dragan .

АвторCOLON  Boris [Пон Oкт 22, 2012 1:54 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Пчиња-Коњаре

една од подобро пренесените репортажи годинава, секоја чест, штета само на ниту една слика нема макро на мувата, секаде е некако заматена, а фокусот на апаратот оди на нешто друго, а очигледно изгледа перфектно изработена...и резултатот го покажал истото

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/