www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Ное 14, 2024 7:31 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 10, 2012 1:15 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Риболов со блинкер на влечење во Охридско Езеро ...
Ова е нешто што се чека 8 години во Охрид и Струга.
Ова е нешто што дава друга димензија на животот во Охрид и Струга.
Риболовот со блинкер на влечење во Охридско Езеро е една долгогодишна традиција за Охрид и Струга. Овој начин на риболов е нешто сосема поинакво од се друго што е поврзано со риболовот. Можеби некој ќе каже дека е неатрактивен и повеќе наликува на стопански риболов, но мислам дека тие муабети можат на дојдат од луѓе кои не го искусиле задоволството од овој начин на риболов, односно од луѓе кои не потекнуваат од охридско-струшкиот крај. Можеби пак задоволството од овој риболов можат да го осетат само мештаните, можеби риболовците од другите градови не можат целосно да го изживеат ваквиот начин на риболов, затоа што ова и не е само риболов, ова е дел од животот во овој крај, ова е начин на живот во Охрид и Струга.
Мојата репортажа за мојот прв, после 8 години, риболов со блинкер на влечење ќе ја започнам од самиот почеток, од вторникот 04.09.2012 - денот кога дефинитивно разбрав дека на 08.09.2012 (сабота) ќе биде дозволен рекреативен риболов со блинкер во Охридско Езеро.

Вторник 04.09.2012год.
Јас заедно со еден мој пријател се наоѓаме на риболов во Глобочичко Езеро. Добивам повик на телефон и дознавам дека „блинкерот“ (популарен назив за риболов со блинкер на влечење во Охридско Езеро) дефинитивно ќе биде дозволен во двата дена од викендот. Веднаш заборавивме на тамошниот риболов и почнавме психолошки подготовки за саботата, како прв ден за „на блинкер“.
Прва работа што ни текна е дека за сабота ќе ни требаат два стапа. За „на блинкер“ се користат стапови од леска долги 4 - 6 метри. Старите од пред 8 години веќе не се во функција па мора да собереме нови. Веднаш се пуштивме во потрага по такви стапови во планината блиску до нас. Најдовме, пресековме ...

Среда 05.09.2012год.
Во Струга веќе на долго и широко се зборува за „блинкерот“. Сите научиле дека ќе биде повторно дозволен. Се прават планови, стратегии, но најважно од се беше да се пречекаат стопанските риболовци, кои истиот ден почнаа со стопанскиот риболов, и да се купи ум од нив: каде да се лови, на каков блинкер, на која длабочина и сл.
Во меѓувреме се слушнав со мојот ортак за „на блинкер“ - Дени и падна договор за сабота да се оди по секоја цена.
Додека дојде време за да се вратат стопанските риболовци решив да ги спремам стаповите што ги собрав изминатиот ден, тоа значи да ја извадам кората од нив, да ги измазнам убаво колку што можам и да ги врзам за некоја цевка за да се исушат и да останат прави. Тоа ми одзеде цел ден. Рацете ми потекоа од стружење :( .
Стигнаа и рибарите ... Сите се жалат. Пастрмка многу ретко удира, викаат, но белвица по „вежда“ ( границата каде што наеднаш почнува голема длабочина во ОЕ ) има и тоа крупна.

Четврток 06.09.2012год.
По добиените сознанија од рибарите, почнуваме со детални подготовки. Треба да се најдат блинкерите и ставите (конците што се користат за овој начин на риболов ) кои не сум ги видел 8 години. Откако после еден час барање ги најдов почав со нивно средување. Блинкерите детално ги проверив, дали трокуките се во ред, дали жицата им е кородирана и на крај сите еден по еден ги исчистив за да светнат. После тоа следеше средување на ставите. Во минатото беше дозволено максимум 5 блинкери на става, а сега се дозволени 7 блинкери. Мораше да направам нови стави со 7 блинкери, во случај да се оди подлабоко, и да ги оспособам старите пократки стави затоа што сознанијата велат дека треба да се лови поблиску до обала, во поплиткото.
Целиот ден го потрошив во плеткање и меткање со конци.

Петок 07.09.2012 год.
Ден пред долго очекуваниот риболов. Возбудата расте. Муабетите се интезивираат. Некој ќе оди, некој нема да оди затоа што го продал чамецот или пентата, некој нема да оди затоа што има други обврски, некој нема да оди затоа што немало риба, но како и да е сите разговараат на иста тема.
Јас и мојот ортак Дени сеуште немаме обезбедено чамец, а дозволи веќе извадивме. Чамец ... Мојот е со две дупки, рака да можиш да ставиш во нив, а Дени има чамец ама оваа година не го средил воопшто и не го пуштил во езеро. Ако, нема врска, цело лето на обала, а сега има да плови до средина на октомври ( кога завршува „блинкерот“ ). Го пуштивме чамецот, проверивме дали пропушта вода, откако видовме дека е здрав, правец дома да ги дотераме пентите. Се проверуваат свеќици, се менува масло во перката, и се друго.

Сабота 08.09.2012 год.
После непреспана ноќ, од возбуда, конечно дојде 3 часот. Со Дени сме договорени во 3.30 часот да дојди дома, затоа што сум блиску до езеро и сите ствари се кај мене. Во 3.10 часот звони телефонот и Дени вика јас сум кај тебе во двор, не можев да спијам и дојдов порано :lol: . Пијаме едно кафе во двор и одиме на плажата каде го чуваме чамецот. Први сме. За кратко доаѓаат и нашите пријатели со кои се договоривме да тргниме заедно и, уште од првиот муабет пред недела дена, развивме ривалство за тоа кој со чија стратегија ќе е поуспешен. Се товаривме во чамците и тргнавме. Точно во 4.10 часот ја напуштивме обалата.
Еве ја и победничката екипа ;)
Јас и Дени
[ img ]
[ img ]
Ова е Струга гледана од езеро во 04.30 часот
[ img ]
Еве ги и нашите пријатели со кои изминатите денови се препукувавме за стратегијата
[ img ]
На посакуваната локација стигнавме во 05.00 часот. Ноќе. Ги пуштивме ставите и почекавме да се раздени. Стаповите што ги собравме пред некој ден беа спремни за акција
[ img ]
Кепчето што го купив специјално за оваа прилика беше на готовс.
[ img ]
Пред изгрејсонце решивме дека ќе пробаме да уловиме некоја шарена убавица, иако рибарите ни кажаа дека тоа е многу тешко, ние сакавме да си ја пробаме среќата ;) .
Но, удари од пастрмка
немаше :( .
Тоа не беше причина да не наздравиме за добар риболовен ден со чашка ракија и салатичка од овчо сирење
[ img ]
Изгрејсонцето гледано од средина на Охридско Езеро е гледка што не може да се купи со пари. Прекрасна гледка. Една риба да не фати човек ама доволно е само ова да се доживее
[ img ]
Откако го видовме изгрејсонцето, конечно решивме да ги послушаме советите на рибарите :? и да одиме во поплитко. Да си фатиме некоја белвица ако не сака веќе пастрмката. Па и во поплиткото може да удри и пастрмка, и тоа од поголемите.
Откако се приближивме на посакуваната длабочина, на околу 25 - 30 метри, почнаа да се редат ударите
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Имаше и неколку откачувања. Еве еден момент кога при мојот обид да фотографирам вадење на една белвица ... избега.
[ img ]
Ако ќе дојде друга.
Удари се редеа до кај 12.00 часот. Извадивме 9 белвици.
[ img ]
И ... затишје. Околу нас имаше повеќе чамци кои риболовеа на тој дел од езерото.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Колку што можевме да видиме никој ништо не вадеше.
До 16 часот ... ништо.
Само што решивме да си одиме фативме уште една белвица и тоа беше се за овој прекрасен риболовен ден.
Пастрмка не успеавме да фатиме. Најверојатно сеуште е во поголеми длабочини. Но, се на се одличен провод и тема за муабет до 07 октомври кога повторно ќе биде дозволен „блинкерот“. До тогаш ... сумирање на грешките, средување на опремата, правење нови стратегии, провоцирање на другите риболовци :mrgreen: ...

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 10, 2012 5:24 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСаб Дек 10, 2011 1:55 pm
МислењаCOLON421
Te bivalo za dokumentarec.........

не е тешко, прочитај: viewtopic.php?f=28&t=1211


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 10, 2012 7:21 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Честитки за отварањето на новото подглавје во риболовот на Охридското Езеро :D
Се надеваме дека во иднина ќе се вади и пастрмка :D
Коментарите за стопанскиот риболов се различни,иако повеќето негативни,времето ќе покаже кој е во право ;)

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 10, 2012 7:54 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Феб 28, 2011 11:19 am
МислењаCOLON946
ЛокацијаCOLONSkopje
Bravo decki, odlicen izlet i so madez deka sledniot pat ke imate i udar od ubavicata

_________________
Ne e bitno samo da se opametis, tuku toa naveremeno da bide !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 10, 2012 8:14 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Нека ви е бистро и следниот пат :) Убаво сте поминале

Него, многу ме интересира, дали добивте упатства од чуварите за дозволената големина на белвиците под која не смеете да ги земате (30 см) и дали некој ве провери на излегување, дали ве посетија чувари итн? :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 10, 2012 8:23 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Emil bravo za reportazata e sega edno prasanje dali sve ova moze da se napravi so trska so eden blinker na vlecenje ili vobler pozdrav...

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 10, 2012 11:14 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Не е лесно 8 години да чекаш, а и тогаш само еден ден беше дозволено, ако се секавам добро.
Следниот пат една пегава капиталка во репортажата ;)

Бистро!

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 10, 2012 11:21 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Одличен риболов, кој самиот по себе несмее да изостане, бидејки е дел од едно богато минато, а колку ке се злоупотреби :?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 10, 2012 11:45 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... алал да ви е, сте си напрајле ќејф, ама да ставиш и слики од кај шо сте седнати на Софра со белвиците :mrgreen:

Али изгрејсонцво е, само ќе речам, абе шо да речам ова е само за NO COMMENT ;)

[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 10, 2012 3:00 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Филип НапишиCOLON
Нека ви е бистро и следниот пат :) Убаво сте поминале

Него, многу ме интересира, дали добивте упатства од чуварите за дозволената големина на белвиците под која не смеете да ги земате (30 см) и дали некој ве провери на излегување, дали ве посетија чувари итн? :)
Во текот на риболовот не посетија две различни контроли.
Контролираа дозволи, број на стави и количина на улов.
Немаше мерење на рибите, ако тоа те интересира конкретно, ама пред се и немаше некој позначителен улов што би претставувало пречекорување на дозволениот улов. Се вадеше крупна белвица, а пастрмка не слушнав дека некој уловил.
Во овој случај се беше во граници на Законот.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 39 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum