Поради семејни обврски викендот 15 и 16 .09 требаше да го поминам во Гостивар, и нормално не се пропушта ваква шанса да се појде до Маврово. Цела недела пратев сајтови за временска прогноза кои често ги менуваа предвидувањата, за да во четврток и петок се стабилизираат и предвидоа облачно и дождливо во сабота и далеку подобро време без врнежи во недела. Ама кому иде се решив и за двата дена.
Сабота сабајле правец Маврово, по пат дожд и магла се до патоказот за Дуф, а натаму чисто солза. Само што се спуштив на езеро и го почнав кафето ме поздрави и сонцето, за мене моментод 1.000.000 $
После кафето почнав со вртење, поради многу нискиот водостој повекето добитни локации беа далеку од вода, некои заливи и не се повеке заливи, се изнаодев неколку саати покрај езеро, и пак се вратив од кај што тргнав. Почнав да фрлам каст мастер да го испитам дното и после неколку фрлања излезе кленко.
После него во наредниот саат излегоа уште три на кашика
Abu Toby 10gr. И така заврши саботата која наспроти временската прогноза помина без капка дожд, а речиси цел ден го поминав по куси ракави.
Иначе шишенца како на сликава, како и стиропорни тацни од пилешки џигер, мрежички и сл. за жал останаа постојан декор на крајбрежјето.
Неделата бевме договорени со Горјан -
Fisher King и таткому, ме собраа од Гостивар и пак Маврово, а таму небо и земја се споиле, врне дува катастрофа. Нема врска со прогнозите што ги гледав. Пофрлавме на некој саат и покиснати у мал одмор на чорба и сушење. Таму се видовме и со '' претседателството '' на РИБАР 2011 кои одеа накај Глобочица.
После паузата правец накај црн камен, кај што најдовме заветрина а и дождот престана, пофрлавме уште малце и го завршивме денот со три клена. Слики од неделата нема пошто и беше невозможно да се напраат.
Ја применував тактиката со влечење на Сашо која е ставрно добитна на МавровоJ, но во исто време е кобна по кутијата за кашики, али тоа е - две убаини нема или тешко се наоѓаат.
За крај не ме држи срце а да не кажам нешто и за езерото кое во пресрет на зимата и ниските температури е со очаен водостој, а по каналот тече вода како да се тушира некој.
Во Гостивар разговарав со еден роднина кој е пензионер од ХЕЦ Маврово. Ми кажа дека поради климатските промени кои престојат со се помалку есенски дождови како што беше лани, единствен спас за водостојот во езерото би бил што поскора изградба на браната Луково поле на Шар планина, која би се споила со системот шарски води кои го полнат езерото.
Истотака разговаравме и за проблемот со заштитата во отпусниот тунел што ги води рибите директно во турбините, на што ми кажа дека проблемот настанал кога човекот што ја конструирал и сервисирал оваа заштита отишол во пензија, а за понатамошните услуги ХЕЦ не сакала да му исплати хонорар.
За крај оваа репортажа ја посветувам на Гоце, Диме и Крсте, момците кои со успешниот пласман достојно го претставија нашето здружение на нивниот дебитантски настап на ваков куп.
Бистро