www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Спадот на Вардар http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2680 |
Страна 1 oд 3 |
АвторCOLON | makedonium [Вто Сеп 25, 2012 12:57 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Спадот на Вардар |
Падна муабет уште во вторникот за викенд да се излезе на вода, Вардар беше дестинацијата кај што планиравме да го поминеме дводневниот риболов.Натоварени спремни со сите нишани само го чекавме Bobi_Brada да се произнесе во петокот дали ке ни се придружи, но поради обврски го откажа негото присусутво и нормално во иднина ке се оствари дружба на вода. Трочлена екипа Јас,Феки,Бац. настроени за да ловиме Мрена Сабота уште на разденување бевме на позиција се договоривме да не се распакуваме само да му пробаме како ке работи рибата ,Вардар мал како што би посакал секој рибар ,ама ветерот беше присутен ние сме на позиција и не ни останува ништо освен да му зафрлиме под навалените гранки од Јаворите . Бевме завлезени, ловевме на 14 конец јадица 8/10 и тапа 4,5 / 5 грама мамецот му го пласиравме идеално ,крмевме со стар леб ,ловевме на леб,трева и гроз од бели црви.Мрената ја немаше ни да рипне ни да шукне По пет часовна упорност резултатат беше: мренка од 150 грама која му удри на Феки додека штелуваше дубина уште на првото фрлање и веднаш беше вратена во брзакот со умисла дека тука е мрената и ке биде активна, реализиран удар од страна на Бац на Мрена од 850 грама на гроз од бели црви. Илеговме надвор Ветерот се појак и појак по едно Живели и договор промена на место да одиме на Спадот. пристигнавме на спадот ветерот веке стивна, Вардар идеален кога стигнавме не пречека чичко Цобе татко му на Трајче, факање за телескопите одма На Спадот излегуваше по некој бојник и по некоја мрена, имав едно откачување на мрена која веке беше совладана и беше на површина на едно метро од мене запрета и си замина со мисла дека не била моја ке дојде поголема дојде и ноќта во посета ни дојдоа Кире и Трале правевме по некое мезе и Живели муабети рибарски до 101 и назад Утрешниот ден почна скоро исто, водостојот на вардар исти ветерот север пак присутен,инвазија од рибари сите бараат позиции кој завлезен кој му фрла од обала, денот беше, баш релакс кога дуваше правевме по некоја кафе пауза не посетија Џони од Скопје и Радослав од Куманово ловевме во иста линија пошто и они си оделе на истото место истеравме по некоја ракија и шприцер и се разбира рибарски муабети сите задоволни од риболовниот викенд и од уловот дојде време и да се пакуваме Батериите се полни но не држат многу пошто не се Алкални БИСТРО до следното видување на вода |
АвторCOLON | kire [Вто Сеп 25, 2012 1:05 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Спадот на Вардар |
Браво дечки,поздрав до екипата,Вардар е Вардар |
АвторCOLON | Krki [Вто Сеп 25, 2012 1:15 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Спадот на Вардар |
Odlicno drugari mislam deka proslata nedela Oki ribarese tamu odma nad vas ako ne se lazam, bilo kako i da e bitno ste na voda... |
АвторCOLON | Dzeko [Вто Сеп 25, 2012 1:30 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Спадот на Вардар |
Ах...Вардар ...Вардар,ти се спремам веке подолго време.Браво момци барем ја доловувате атмосферата до тие кои плачат по Вардар а имаат обврски...позз и бистро! |
АвторCOLON | tapa [Вто Сеп 25, 2012 1:53 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Спадот на Вардар |
bravo decki....mnogu ubavo ,a mestovo place za shvalerka ...ako duva jak sever de' ! |
АвторCOLON | Feki [Вто Сеп 25, 2012 2:01 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Спадот на Вардар |
Уште не стигнат дома ,пак ми се оди.......ах пусто што имаме обврски, Прво слободно време пак сум на Вардар,за мене Октомври и Ноември се најдобар период за на Вардар. |
АвторCOLON | Bobi_Brada [Вто Сеп 25, 2012 3:49 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Спадот на Вардар |
Поради недоразбирање не се договоривме за одење заедо. Во сабота ЗБЕСНАВ дома и на секој можен начин гледав да ви се придружам. Не сте требале да го менувате местото. Исто така многу рано сте почнале да ловите. Рибата одоздоле доаѓа на тој брзак. Подоле имавте многу други места кои сигурно даваат риба. Се од попадика до сом. Белки овој викенд нема да ме упрегнат дома да работам нешт. |
АвторCOLON | Trajce [Вто Сеп 25, 2012 4:33 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Спадот на Вардар |
Pozdrav do Ekipata , dobar vikend pominavme i nie i vie * bitna e druzbata , a ribata sekogas ke jade , vremeto ke bide dobro i ovoj vikend |
АвторCOLON | okiribar [Вто Сеп 25, 2012 4:48 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Спадот на Вардар |
Браво -ДАНИЕЛ и екипата.. Дали има нешто подобро од-- ВИКЕНД-- на-- ВАРДАР Репортажа за поздрав со сите МАРИФЕТИ риболов ,дружење,релаксирање покрај вода,размена на искуства околу риболовот и на крај крунисано со некоја,МРЕНА или БОЈНИК што да кажам МЕРАК на ДУШАТА. Секоја чест за дружбата !! |
АвторCOLON | makedonium [Вто Сеп 25, 2012 7:01 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Спадот на Вардар |
Не сте требале да го менувате местото. Исто така многу рано сте почнале да ловите. Рибата одоздоле доаѓа на тој брзак. Подоле имавте многу други места кои сигурно даваат риба. Се од попадика до сом. За пет саати даде многу слаб резултат му пробавме и подоле ама беше залудно Местото кај што мислевме да го направиме Кампот за да ловиме на ноќно беше зафатено и дечките си рекоа дека остануваат два дена причина плус да се преселиме и спадот ни беше испитана реабота, Здравје друже ке направиме една заедничка авантура ако треба и на Островото ке направиме Логор |
Страна 1 oд 3 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |