www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Викенд на Вардар
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2675
Страна 13

АвторCOLON  kire [Пон Сеп 24, 2012 9:05 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Викенд на Вардар

Неделава што помина,цело време ги следевме временските прогнози и состојбата на Вардар ;) и покрај лошото време во средата и четвртокот за викендот од петокот попладне па сабота и недела,се најавуваше супер време.А информациите за водата беа дека е стабилна со мали варирања од 10тина сантиметри,а и чепка по нешто ;)
Нема друго цепаме и тоа со спиење :D :D ,екипата стандард,јас,Трајче и чичко Цобе :D
Само што стигнавме на местото,рибата не поздрави со скокови,значи тука е :D и додека јас се врткав наваму натаму, Трајко и таткому веќе фатиле позиција 8-)
[ img ]
А чичко Цобе маскиран,едвај човек да го примети :lol:
[ img ]
Рибата беше тука,а за кратко време почнавме и да вадиме :D
Ловевме на 12ка конци,2,5грама тапи и 10ки јадици на леб,со леб и крмевме :D
За севте удри оваа убава попадика :D
[ img ]
А и бојникот беше тука :D

[ img ]
Чичко Цобе изненади со едно бојниче,чеперок како што ги викаат локалците,право во неколку риболова за жал и последно,не му лежат брзи води на човекот ;) :lol: ама беше многу радосен :D
[ img ]
Меѓутоа околу 9часот кога задува север смрзнувачка,тапите летаа наваму натаму по водата,излеговме надвор и брзо ракијата да се згрееме :roll: а ракија без салата не оди ;)
[ img ]
Времето се смири дури околу 12 часот, да може колку толку да се лови а поручекта стана тепсија :D во меѓувреме дојде и Феки со Бац и Даниел се сместија едно 100тина метри над нас :D
И така додека дуваше некој си дремна а некој беше упорен ;)

А после кога се смири,немаше каде да мрдаат :lol: па имаше и вакви дабл акцион,како што би рекле крапџииве наши :D :lol: :lol:

И така денот си летна за миг а се фати и понекое рипче :D
[ img ]
И така го наместивме кампот,спрживме кобасиците,салати,понекоја ракија а богами и шприцерче :lol:
[ img ]
[ img ]
Падна и ноќта и си викаме со Трајко ајде и едни гости да истераме до кај Феки и екипата,а таку чади ли чади :D
[ img ]
Рибарски муабети нема крај а и шприцерче :roll:
Сабајле во недела узбуна,митинг,рибари фаќаат позиции :mrgreen:
Рибата работеше,не скокаше како во саботата беше многу мирно ;)
Трајче им влезе во шема ;)
[ img ]
И кога фати северот да бричи на суво :twisted: ловењето беше невозможно,јадевме се поврткавме,бевме до кај Феки,не престанува се бапнав во шаторот и убаво си дремнав :lol:
Повремено станував да проверам ситуација ама ништо,рибарите кои беа од другата страна на Вардар,беа во поповолна ситуација завет им правеа врбите и можеа да возат подобро со тапите па вадеа по некој бојник :( меѓу нив беше и мајстор Баже од Трофеј :D
Околу 13часот се смири,облакање комбилизонот и право на позиција да го спасам денот :D

Се на се поминавме убаво релаксирано,батериите наполнети ;) а фативме и риба :D
[ img ]
[ img ]
[ img ]
И отприлика тоа беше тоа,до следниот риболов,поздрав и БИСТРО :D

АвторCOLON  Rade [Пон Сеп 24, 2012 9:12 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд на Вардар

Kire site adeti si gi isteral :D , super reportaza.

Samo na leb li fakavte?

АвторCOLON  kire [Пон Сеп 24, 2012 9:18 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд на Вардар

Да,само на леб :D

АвторCOLON  ТафТабиТ [Пон Сеп 24, 2012 9:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд на Вардар

Браво Кире , одлична репоража и одличен излет на вода
ме радува што имало и солиден улов ;)
8-)

АвторCOLON  Млад Риболовец [Пон Сеп 24, 2012 9:25 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд на Вардар

Bravo Kire :)

АвторCOLON  kire [Пон Сеп 24, 2012 9:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд на Вардар

Ги оправив и ведата до мене било ;)

АвторCOLON  okiribar [Пон Сеп 24, 2012 9:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд на Вардар

Така бе БАТО --КИРЕ --празник за очи.
Да се види и некој.. БОЈНИК..а и убаво сте го терале Викендот ,риба имало ,мезе имало,ракииче имало,јадење имало,, :lol: :lol: едноставно
НЕМА што немало.......па сега ти разбери го ова.
Браво --Кире и екипата така би требало да изгледа еден-- РИБОЛОВЕН ДЕН--
Поздрав и до ДАНИЕЛ кој рече дека сте се запознале на ВАРДАР.

АвторCOLON  howitz [Пон Сеп 24, 2012 9:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд на Вардар

Убава репортажа Кире, одамна не сум гледал фотки од вардар од тебе :)

АвторCOLON  nenad [Пон Сеп 24, 2012 9:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд на Вардар

Bravo Kire, super vikend ste imale.

АвторCOLON  SALE CARP [Пон Сеп 24, 2012 9:45 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд на Вардар

Кире ,браво си ги искинал..се гледа дека ти лежи речниов риболов

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/