www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Беровска убавина
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2653
Страна 13

АвторCOLON  Boris [Саб Сеп 22, 2012 10:51 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Беровска убавина

Изминатата година за прв пат се запознав со Беровското езеро и се заљубив на прв поглед. Горе во планина, чист воздух, природа невидена, зимзелена шума околу цело езеро, вода и риби во водата, рај за секој љубител на природата и риболовот. За жал изминатата година бев со друштво и без рибарска опрема и можев само да се облизнувам шетајќи покрај езерото и гледајќи ги скоковите на рибите. Тогаш си заминав со помислата морам што поскоро да се вратам и рибарски да уживам во оваа убавина.

Така и бидна, оваа година искористувајќи уште некој ден од одморот, малку неорганизирано но решив да тргнам за Берово кај еден мој пријател-рибар Драгче кој 4-5 месеци од годината престојува во својата скромна куќа во Берово, уживајќи во природата и рибарлукот, рехабилитирајќи се од скопскиот градски живот.

Стигнавме во Берово со уште еден постар пријател во Понеделникот поручек, се сместивме и почнаа познатите рибарски моабети до 101 и назад, кој каде и која година извадил, случки, улови, концесионери и сл. За скоро ни се придружи и Гоце – претседателот на беровското риболовно здружение, скромен човек и голем љубител на природата. Се редеа моабети до бескрај, како увертира на риболовот кој го планиравме за Вторникот и Средата.

Вторникот сабајле веќе бевме покрај езеро. Кој на тапа, кој на воблер, кој на крапски. Јас ги имав пуштено двата параболици и нешто понастрана пробував со спининг да излажам некој клен, костреж или пастрмка. На спининг не излезе ништо, а на тапа се вадеа некои мали кострежи и некое поситно кленче. Сепак сите очи беа свртени кон крапските трски кои на неколку пати титнаа кратко. Сите бевме скептици за крапот, затоа што информациите говореа дека подолго време немало некој посебен успех. Сепак во далечината се гледаа скокови на крап и сите се надевавме дека можеби и ќе удри. Веќе беше накај 2-3 попладне кога над езерото се надвиснаа некои црни облаци. Она што беше против нас за време на престојот во Берово беше времето. Знаев дека ќе има лоши периоди, ама се надевав дека ќе не одмине. Сепак, временската не не посака и почна да роси и таман додека се мислевме што да правиме, дали да се пакуваме или не, запиште едниот сигнализатор. За брзо ја имав трската во раце и по кратка борба излезе ова крапче кое беше околу 1 килограм.
[ img ]
Пријатно ме изненади, искрено не очекував удари, посебно не денски.
Таман го извадивме крапчето, почна да се спојуваат небо и земја над нас. Дождот не беше проблем, но почнаа секавици и грмежи. Немаше каде, оставивме се како што беше и како дивокози тргнавме нагоре по ридот да стигнеме до кола и да се скриеме од невремето. Како се движевме по планината слабиот дожд се претвори во пороен и почна да не утопува до гола кожа. После напорно качување околу 5 минути се спасивме во кола и чекавме да преврне едно сат време, по што се вративме на местото да си ја земеме опремата и да си одиме дома. Многу работи ни беа мокри, незнаевме дали ќе не плусне пак дожд и мораше да го прекртиме риболовот тој ден и покрај тоа што имавме удар на крап и што планиравме да останеме и во дел од ноќта ако беше добро времето - ама не беше.

Еве една интересна конверзација помеѓу постарата и поновата генерација рибари на тема дали да се пушти крапот :D

Наредниот ден слична песна, утрината беше сончева, но повторно небото се наоблачи. Сепак, овој пат носевме и шатор во кој го сочекавме првиот дожд накај 10 часот кој беше без грмотевици, по што риболовот можеше да продолжи. Кај пријателот на тапа, на пченка имаше 2 нереализирани удари кои по ударот многу личеа на крап, сепак не дознавме дали е крап, или клен, затоа што рибата не се закачи. Но затоа, околу 13 часот прекрасен ран се огласи од кај моите параболици. Брзо реагирав и влегов во борбата која траеше околу 5 минути. Прекрасен дивјак кој даваше одличен отпор беше совладан и спремен за фотографирање.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
За жал после 2 часа, повторно се зацрне небото над нас, почнаа да се слушаат грмотевици и риболовот мораше повторно да биде прекинат.

За овие 2 дена за жал времето ни ги помати сметките и неможевме до крај да уживаме во беровската убавина. Не бев со некој од мојата екипа, туку со двајца постари рибари и неможевме да кампуваме. Ако кампувавме и врзевме бар 2 вечери и 2 целосни денови, сигурно ќе имаше повеќе удари и поголеми риби. Како и да е, езерото покажа активност, покажа скокови на убави крапови и 2 реализирани дивјаци за 2 половични денови денско ловење, што за мене беше сосема доволно како за прв скратен риболов на езерото. За дивината, воздухот и убавината неможам да Ви опишам, треба да се дојде, види и осети. Еве неколку слики да Ви пренесам зошто Беровско го споредуваат со Канада и некое од канадските езера.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Кој се мисли да иде, ич нека не се мисли, овој крај Господ со сите дарови го разубавел
П.С
На идење какво сирење и урда си купив ,.....м.м.м.мм.м.м (компирот за скоро ќе го вадат) :) Беровски компир и сирење...нема промашај

АвторCOLON  Drim [Саб Сеп 22, 2012 11:15 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Беровска убавина

Edno od najubavite ezra za odmor, kako da si vo Alaska prava divina, su bil povekepati no nikogas ne sum ribolovel naredna prilika se nadevam ke odam so trska i da uziam,
Sepak ubavo si pominal imalo i riba odlicno :)

АвторCOLON  pirati [Саб Сеп 22, 2012 11:22 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Беровска убавина

Bravo Boris....
Ligi mi tecat dodega go citav reportazava. Bravo i za C&R.
Se eden zbor tuto-kompleto ;) :)

АвторCOLON  Илчо [Нед Сеп 23, 2012 12:17 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Беровска убавина

Краповите се убави али пред се природата тука да дојдам и ништо да фатам нема ни 1 секунда криво да ми е доволно ќе ми биде глетката,а и секако тебе да те пофалам супер е репортажата тип топ :D :D :D

АвторCOLON  kircask [Нед Сеп 23, 2012 12:29 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Беровска убавина

Bravo Boris za reportazava navistina ubavo ezero divina nevidena......... da si bil so timot na 2-3 noki sigurno ke imalo krapovi ubavi pozdrav

АвторCOLON  Bobi_Brada [Нед Сеп 23, 2012 12:45 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Беровска убавина

Супер работа си завршил. И мерак и природа, а за дружбата што не пишуваш
и не треба. Сигурно и то било на ниво.

Крајот ми е доста познат. Сум бил многупати но не ми се укажала прилика да се испробам
иако двапати и прибор носев. Едноставно домакините не ми оставија луфта. Ти завидувам :evil:

АвторCOLON  Spaiva [Нед Сеп 23, 2012 1:08 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Беровска убавина

Само еднаш го имам посетено и тоа на кратка прошетка.
Брат еве каде ке се оди сигурно да крај на сезонава.
Одлично си прошол Борис и мерак си направил...одлично. ;)

АвторCOLON  Dragan [Нед Сеп 23, 2012 1:22 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Беровска убавина

Убави крапови. Уште се смеам за видеото :lol: :lol: :lol:

АвторCOLON  ТафТабиТ [Нед Сеп 23, 2012 8:25 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Беровска убавина

Одличен излет си направил ... уште и две риби ... мераци
не сум бил на езерово , изгледа интересно ;)

АвторCOLON  Krki [Нед Сеп 23, 2012 9:06 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Беровска убавина

Ah sto nemame odmor po edno 3 meseci i malce poveke kes ima sto uste da se poseti i svrti vo ovaa nasa ubava Drzava..Krivo mi e sto malce te zafrkna vremeto sigurno ke bese ulovot pomasoven.

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/