Викендот го поминавме на Вардар,екипа Кире,Трајче и Феки
Натоварени до максимум во мугрите стасавме на Вардар,а тој мал како никогаш досега,набрзина растоваривме дел од работите и со нетрпение чекавме да започнеме со риболовот
Ловевме на леб,со леб и прихранувавме,тапи 2,5 грама,конец 12ка јадици 10.
Местото е истото каде што ловевме и минатиот пат
Облековме комбилизоните,трските во раце и во Вардар
Рибата сабајлето беше активна од спротивната страна,на сонцето,рипаше а рибарите од спротива веќе имаа по некој бојник во чуварките
Но ние стрпливо прихранувавме и чекавме
И тогаш ги запукавме поштено :F&
Едно време почнаа да ни кркорат стомаците па излеговме малку да каснеме а и понекоја ракија да мавнеме
Одморивме малку и назад на риболов
И така денот си врвеше а почна да се јавува и уморот
Што беше и знак дека треба да се заврши со риболовот,а требаше да се поставува и кампот
А риба солидно се фати
Излеговме,и ги поделивме задачите,јас кампот,Феки огин и скарата, а Трајко мезе и салата
И така замезивме фрливме и некоја ракија
А после ракија се знае што следува
А после скарата,бунарче па муабети рибарски...и сонот брзо не стигна
Сабајлето во недела се разбудивме рано и се фативме за работа
Феки беше најбрз и веќе на позиција
А тука некаде сум и јас
Со Трајко,направивме стратегија,читање на вода и прихрана :F&
Феки веќе направи севте
Си фативме позиција и ние
По крмата рибата се јави,и почнавме да мелеме,посебно Трајче,ако мој ден беше саботата,тој во неделата ги здроби,Феки беше стандард-топ,двата дена
Рибата добро работеше
Се редеа бојници
Денот си летна за миг
Посебно рабува што се јави и крупниот бојник
Риба се улови доволно,за полни батерии
Епа другарчиња рибарчиња,отприлика тоа беше тоа.До следниот риболов,поздрав и БИСТО :{}
ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ. БРАТ убаво сте ги запукале --БОЈНИЦИТЕ-
А ние поминувајки од тука баш ве спомнувавме и знаевме дека сте тука.
БРАВО -КИРЕ и екипата ,убави и крурни примероци СЕКОЈА ЧЕСТ -БАТО.
_________________ Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 18 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум