www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Нешто од Брегалница 01.09.2012 http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2538 |
Страна 1 oд 2 |
АвторCOLON | gorgi d [Пон Сеп 03, 2012 11:39 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Нешто од Брегалница 01.09.2012 |
Брегалница е прекрасна река и сакам преку неколку репортажи да ги презентирам на риболовците од Македонија најубавите места за ловење на нашата река. Сакам да почнам со мојот фаворит а тоа е местото наречено „Гумена брана“ или само „Гума“ т.е. каскадна гумена брана која предходно имала функција на водозафат за споредните канали на Хидросистемот Калиманци но денес слабо се користи. Денес немав многу време за експериментирање па преминав на стара добро позната тактика. 12 конец 12 вадичка и 1 грам тапа вкомпонирано со кришка леб и неколку бусени трева (инаку тревата во секое време ја има на оваа каскада и проверено е најквалитетна на цел ревир со кој располага нашето здружение „Брегалница 2012“ - Штип. Водата не беше перфектна сигурно работеше некоја сепарација низводно но од искуство знам дека и на оваа вода може да покаже некој клен или бојник. За ова време од годината како што можете да видите има доволно вода веке помина времето за наводнување на оризните насади па сега може да се надеваме на повисок водостој и на потопла вода која секако се одразува на активнодста на рибата посебно на кленот. Денес за неколку часа успеав да фатам 5 клена што заслужија да се најдат во чуварката а неколку поситни ги вратив повторно во водата. Се на се поминав супер бев на вода фатив некоја риба (за жал бојникот не беше активен) немаше досадни капачи од околните села се на куп задоволството на квадрат , можеби не излезе многу риба но треба да оставиме нешто и за наредното излегување на вода Се надевам дека успеав да ве освежам со мојата прва репортажа Се гледаме со некоја друга репортажа од нашата река Бистро |
АвторCOLON | Dragan [Пон Сеп 03, 2012 11:47 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Нешто од Брегалница 01.09.2012 |
Убава локација, за многу техники. Солидни кленковци |
АвторCOLON | Spaiva [Пон Сеп 03, 2012 11:57 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Нешто од Брегалница 01.09.2012 |
Аирлија прва репортажа и се надевам на идни репортажи, каде што уште поубаво ке ни ја доловиш Брегалница. Прекрасна река и убави кленови. |
АвторCOLON | Bobi_Brada [Вто Сеп 04, 2012 12:16 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Нешто од Брегалница 01.09.2012 |
За поздравување. Добро чувајте ја водата и обидете се да и го вратите стариот сјај кога имаше многу риба и капитални примероци. |
АвторCOLON | Илчо [Вто Сеп 04, 2012 12:43 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Нешто од Брегалница 01.09.2012 |
Ubava rekicka,a i ubav ulov epten mi se dopaga mestoto.Fakam na se zivo i divo ali vo dusha si ostanav recen tapadzija |
АвторCOLON | kire [Вто Сеп 04, 2012 7:18 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Нешто од Брегалница 01.09.2012 |
Браво за првата репортажа,се надеваме и на други во иднина,да се запознаеме повеќе со Брегелница а и со тебе се разбира.Бистро |
АвторCOLON | Филип [Вто Сеп 04, 2012 7:30 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Нешто од Брегалница 01.09.2012 |
Добредојде Ѓорѓи, да ти се множат рибите и репортажите |
АвторCOLON | Krki [Вто Сеп 04, 2012 7:47 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Нешто од Брегалница 01.09.2012 |
Odlicna reportaza samo napred i bistro... |
АвторCOLON | limun75 [Вто Сеп 04, 2012 10:25 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Нешто од Брегалница 01.09.2012 |
Убав терен,искрено никогаш не сум ловел таму,убаво е да се види и долови атмосферата од Брегалница.Да ти се множат репортажите и уловот колега. Бистро. |
АвторCOLON | Daniel [Вто Сеп 04, 2012 10:27 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Нешто од Брегалница 01.09.2012 |
Ubavo ste si pominale a i gledam ima reklama za RODEO Cigari |
Страна 1 oд 2 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |