Брегалница е прекрасна река и сакам преку неколку репортажи да ги презентирам на риболовците од Македонија најубавите места за ловење на нашата река.
Сакам да почнам со мојот фаворит а тоа е местото наречено „Гумена брана“ или само „Гума“ т.е. каскадна гумена брана која предходно имала функција на водозафат за споредните канали на Хидросистемот Калиманци но денес слабо се користи.
Денес немав многу време за експериментирање па преминав на стара добро позната тактика. 12 конец 12 вадичка и 1 грам тапа вкомпонирано со кришка леб и неколку бусени трева (инаку тревата во секое време ја има на оваа каскада и проверено е најквалитетна на цел ревир со кој располага нашето здружение „Брегалница 2012“ - Штип.
Водата не беше перфектна сигурно работеше некоја сепарација низводно но од искуство знам дека и на оваа вода може да покаже некој клен или бојник.
За ова време од годината како што можете да видите има доволно вода веке помина времето за наводнување на оризните насади па сега може да се надеваме на повисок водостој и на потопла вода која секако се одразува на активнодста на рибата посебно на кленот.
Денес за неколку часа успеав да фатам 5 клена што заслужија да се најдат во чуварката а неколку поситни ги вратив повторно во водата. Се на се поминав супер бев на вода фатив некоја риба (за жал бојникот не беше активен) немаше досадни капачи од околните села се на куп задоволството на квадрат
, можеби не излезе многу риба но треба да оставиме нешто и за наредното излегување на вода
Се надевам дека успеав да ве освежам со мојата прва репортажа
Се гледаме со некоја друга репортажа од нашата река
Бистро