Репортажава заслужено му ја посветувам на Компир и неговиот фамозен Спортекс....
Како што сите знаете,неделата беше еко акцијата на Козјак за расчистување на смет по одредени локации на езерото,меѓутоа имаше и малце риболов...
Па да почнеме од почеток...
Стигање во 05 часот на езеро, свежи,наспани(кој како)....
Регатата на Рибар 2011 во завршна фаза за тргање,припрема на чамци..
Некои подраниле и правеа утринска гаргара за да тргне денот....
Имавме и гости од Куманово...Филип 0362
Дафко,Бубе и компанија...
Ех коку печеше тоа ракијата на Даре,ама надворешно се мачкав.....
Спремни момци,Даре и Кирца...
И еве го,срекникот на денот...Компир
Компир ја лоцира рибата на сонар
Борис трускал вечерта на свадба,ненаспан,ама се држеше мушки....
Е ова е тој фамозен Спортекс во акција...
Абе мало ама стрвно кленче,како ли планорало да го залапа цел воблер...
Имаше многу неостварени удари,од сабајлето даде три клена,после чистењето,назад кога се враќавме Компир им влезе стручно и го израмни моето водство на 3:3
Борис имаше некој нереализиран удар,ама изгледа стискал некоја сваќа на свадба,па немаше среќа во риболовот дента
Се вративме назад,заврши риболовот,и нормално фотосесија со рибчињата што излегоа...
Запазете ја радоста на Компир и на што покажува со прстот....Спортекс си е Спортекс...
Борис не се предаваше сеуште,фрлашеод обала,ама залудно
Убав ден исполнет со разни активности,кој среќен ради сефосувањето,кој поспан,кој за малце ке загинеше....
Ама тоа е риболовот,доживување и уживање...
Бистро на сите
П.С.:Малите кленчиња уште на вадење умреа,едното беше залапало до даска,па му правевме хируршки зафат,а другото втората трокука му беше набиена во него и затоа се најдоа во чуварка.
_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite.