www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Мушичкарење на Коњарка
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2472
Страна 11

АвторCOLON  ilija [Нед Aвг 19, 2012 3:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Мушичкарење на Коњарка

Почна и мојот одмор.Најпрвин Пелистер,Охрид и понекој ден во Грција.
Кога веќе бев во Битола се одлучив да посетам некој од пастрмските реки од тие краишта.Се јавив кај Спиро-Јас и тој ми даде такви инструкции за терени какви што не можев ни да замислам.Дилемата беше која од реките е понеопустошена.
Се одлучив за Коњарка со оглед дека до неа се стига најлесно.Имав поголеми очекувања во поглед на големината и живописноста на реката.Кога стигнав на местото видов дека водата беше малку матна и полна со лисја и гранки.Сретнав еден кравар и со него почнав да разговарав за околните реки и терени.Краварот ми рече дека и он оди на риба ,ама на Црна река.Додека разговарав со него дојдоа уште двајца дечки од правец на Коњарка.Носеа мрежа во рака а краварот ми вика -СО МЕНЕ СЕ.
Значи додека "господата " си ги пасат кравите за да не се досадуваат си фрлаат мрежи :oops:. Ете како она фаќа риба на Црна река.
Распакував опремата и тргнав нагоре по реката.Во едно плитко вирче видов мали пастрмчиња и тоа ме израдува.За жал нешто подоцна разбрав дека се СИРАЧИЊА.
[ img ]
Поминав 1 км и не фатив ни една риба.Ај што не фатив ама не ни видов .Ок,ок не се правдам за мојот неуспех :mrgreen: .Имаше и многу бујна вегетација а и закачалки во вировите.Не е некоја река на која мушичарите би уживале.А и мувите ме убиа.Во нос и во око ми влагаа.
Еве нешто слики

[ img ]
[ img ]
[ img ]
Еве траги од "риболовците"
[ img ]
Траги од мариовска цивилизација
[ img ]
Еве како изгледа Црна река откако Драгор-о ќе влезе во неа.
[ img ]
Е сега колку да не одам кај црнецот јас си фатив едно рипче ;) .
[ img ]

АвторCOLON  Dragan [Нед Aвг 19, 2012 4:59 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Коњарка

Убаво што си посетил место кадешто не си бил. Можеби во поладните месеци, септември, октомври, ноември би имало повеке вода и активност. А капиталецот од многу далеку ти е сликан ;)

АвторCOLON  okiribar [Нед Aвг 19, 2012 5:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Коњарка

ИЛИЈА-- МОРЕ-- ИЛИЈА Другар

секоја чест за поминатиот ден покрај вода

барем природните убавини ке ги гледаме ако ништо друго.

А РИБА, СЕ ПОМАЛКУ, И, ПОМАЛКУ

ПС.. Да не бидам лошо сватен ке ја ставам и јас денешната
наша екскурзија на ПЧИЊА.

ПРИРОДА ДА ----РИБА ---НЕ.

ПОЗДРАВ ДО ТЕБЕ ДРУГАРЧЕ.

АвторCOLON  laguna644 [Нед Aвг 19, 2012 5:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Коњарка

Sekoja cest ilija za idejata da posetis novi tereni i vodi prekrasni sliki.Ovie mesta mislime deka se od gospod zaboraveni arno ama od ribokradcite ne se zaboraveni :evil: Inaku vo ovie predeli ribokradstvoto im e omilen sport na selanite :evil:

АвторCOLON  Boris [Вто Aвг 21, 2012 10:50 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Коњарка

капиталец на годината :)

АвторCOLON  howitz [Вто Aвг 21, 2012 11:33 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Коњарка

Браво Илија, убав терен и супер природа, штета што мрежарите се неизбежен дел на такви реки каде што нема контрола.

АвторCOLON  Spaiva [Вто Aвг 21, 2012 12:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Коњарка

Илија браво за предизвикот да ги видиш сите реки и жалам за околностите (во случајов краварот) на кои сите ние налетеваме при риболов.

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/