www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Дурмитор http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2449 |
Страна 1 oд 2 |
АвторCOLON | howitz [Пон Aвг 13, 2012 12:38 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Дурмитор |
Малку поинаква репортажа од тоа што сте навикнати меѓутоа мислам дека вреди да се направи. Викендот од 10 Август па се до 12 бев на тренинзи во Националниот Парк - Дурмитор - Црна Гора на ултрамаратонот од 40 километри. Она што можев таму да го видам и сликам се едно од поубавите места на кои што сум бил досега. Местото изобилува со природни богатства и спаѓа едно од најдобрите туристички места во ЦГ во планинскиот туризам. Влезот во НП Дурмитор е 2 евра по човек. Има преку 7 езера ама не успеав да ги забележам сите затоа што не поминав толку близу. Риболовот генерално е забранет меѓутоа колку што можев да добијам информација може да се издаде дозвола да се лови. На некои езера, особено црно езеро е преполно со пастрмки, дури можев со око да ги видам на површина во ладната вода. На останатите езера има и крап ама многу поретко затоа што условите се перфектни за пастрмка и само со тоа се порибува. Еве неколку фотографии па кој го води патот натака према Жабљак слободно може да појде и да ги посети, ќе биде фасциниран од природата и водата. Црно езеро. Пристапот е директен, со кола по асфалт до само езеро. На остантите е потребно пешачење. Eзеро Змиње, на 20 минути пешачење, или 5 мин трчање Eзеро Јаблан Црно езеро и Змиње од високо, како што се движев така и ги сликав. И најубавото за крај, Шкрчко езеро! и помалото братче Moрам да го споделам затоа што е еден од најмаркантните врвови на балканов, Боботов Кук : Секако и екипата КМУТ без која не можеше да се започне ова патување. Тоа е тоа, риба нема ама мислам дека езерава ги запознавте подобро и дека ги освеживте очите повеќе од вообичаеното. Спортски поздрав! |
АвторCOLON | ilija [Пон Aвг 13, 2012 1:19 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дурмитор |
ha-ha dodeka nekoj se kuva na 50 stepeni drug se ladi na planina.Bravo Howits.Respect. Inace kolku sto jas znam niz Nacionalniot Park minuva rekata Tara vo kade e dozvolen ribolov.Ima pastrmka i lipljan. Komercijalno poznata po RAFTING koj se organizira sekoj maj i septemvri. Dobra destinacija da se poseti. |
АвторCOLON | howitz [Пон Aвг 13, 2012 1:24 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дурмитор |
Точно Илија! Фала ти, температурата беше 20 степени преку ден во кампот а на планина беше под 15 степени, прав рај! Реката Тара е во сама близина на Дурмитор, дури таа се полни од снеговите на планините кои го овозможуваат рафтингот, прекрасна природа која мора да се посети. Инфраструктурата е целосно, од патишта, до патеки, водичи, буквално се! |
АвторCOLON | kire [Пон Aвг 13, 2012 1:26 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дурмитор |
Прекрасна природа и одлични пејсажи,браво друже |
АвторCOLON | Atanasovski [Пон Aвг 13, 2012 1:26 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дурмитор |
Lokacijava e son za sekoj musicar. Blagodaram Howitz za spodelenoto. |
АвторCOLON | ico baits [Пон Aвг 13, 2012 1:48 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дурмитор |
kaj se kacuvas bre dete ti da si ptica,, beloglavi orel ke bides |
АвторCOLON | MaximJaki [Пон Aвг 13, 2012 2:04 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дурмитор |
мене почна да ми се повраќа од висинава преку компјутер, а не па таму да сум браво за хобито пред се, па за фотографиите и за убаво поминатото време |
АвторCOLON | Boris [Пон Aвг 13, 2012 3:07 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дурмитор |
овдека навечер мечки играат карти на езеро прекрасна природа |
АвторCOLON | akiribar [Пон Aвг 13, 2012 3:15 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дурмитор |
super avantura brat i prekrasna priroda za site pari... |
АвторCOLON | spiro_jas [Пон Aвг 13, 2012 3:20 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дурмитор |
браво бе планинариште - само како издрзваш со толку ракија на толкави висини ц ц ц ц супер природа и одличен излет си напрајл - ти блазесвам на какви убавини си престојувал поздрав |
Страна 1 oд 2 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |