www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Еден прекрасен викенд во Куманово
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2416
Страна 13

АвторCOLON  robert [Вто Aвг 07, 2012 8:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Еден прекрасен викенд во Куманово

Една тивка пријатна вечер на кафенце и ладно сокче кај мене дојдоа моите другари Мими и Геџо,и така седејки
го отворивме сајтот на Ribar да видиме некои нови репортажи.Скролајки по сајтот наидовме
на репортажата на Оки-рибар
поздрав до него имаше добро направена репортажа Геџо веднас почна да вика да одиме па да одиме по риба.
Но бидејке не бевме во можност да отидеме на некое од поголемите езера во МК каде на друго место ако не на
нашето езерце во село Речица Куманово.
Јас веднаш почнав да ги спремам трските и околу 2 часот се упативме кон с.Љубодраг каде што живее Геџо
едно 7-8 километри од Kуманово :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: за да ја
земе својата опрема и околу 4 часот пристигнавме на езерото, уште не беше разденето,
па така седевме едно 45 минути до разденуванјето.
Не дека уловот беше нешто многу јак но барем си напраивме кејф.

Еден прекрасен поглед
[ img ]
[ img ]

Зафрливме и ги чекавме првите удари :D
[ img ]
[ img ]

Првиот удар беше кај мене мал караш :D
[ img ]

Потоа следеше удар и кај Геџо
еве ја борбата со поголемиот караш хехе
[ img ]

и еве го уловот :lol: :lol: :D :D :)
[ img ]
да се разбереме црвено перките се на Мими кои ги донесе од Тиквешкото езеро :)

И се разбира шлагот на тортата приготвувањето на рибите заедно со Мими :lol: :lol: :lol:
[ img ]

Поздрав од Роберт Геџо и Мими од Куманово БИСТРО...

АвторCOLON  okiribar [Вто Aвг 07, 2012 9:05 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Еден прекрасен викенд во Куманово

Роберт голем поздрав и од мене .
Како за прва е добра репортажа ,секоја чест барем сте излегле на вода, уловот и не е толку битен
сте имале и некоја риба , битно сте имале дружење.

ПС... Наштелувај го датумот на АПАРАТОТ ке помисли некој дека сте напред со времето :lol: :lol: :lol:
БРАВО.

АвторCOLON  kire [Вто Aвг 07, 2012 9:10 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Еден прекрасен викенд во Куманово

Роберт браво за првата репортажа и нека се множат.Не е секогаш при одењето на риболов, рибата во прв план,најважно е излегувањето во природа покрај вода, и секако другарувањето :D
Околу пжењето на рибата,најдобро е на плин во тавче и надвор од куќата друже,само надвор може да се направат вистински реш пржени :D а и најмногу пивце или шприцер тогаш пијат :lol: :D

АвторCOLON  ТафТабиТ [Вто Aвг 07, 2012 9:35 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Еден прекрасен викенд во Куманово

Браво момци
одлична репортажа и одлично гезме сте направиме
бистро и нека се множат

АвторCOLON  $DARE$ [Вто Aвг 07, 2012 9:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Еден прекрасен викенд во Куманово

Добредојде и посакувам на вашата прва репортажа момци. Аирлија нека е, нека се множат. Убаво ви рече Кире, не се оптеретувајте со уловот во репортажата. Важно е да го споделите своето време минато на вода, да објасните нешто за ревирот, опремата и мамците што сте ги користеле при риболовот и да ја доловите атмосферата на вашето прекрасно дружење. Тука ке се разменат мислења, сугестии и препораки од рибари кои претходно риболовеле тамо, па можеби следниот пат ке биде многу поуспешен. Како и да е уште еднаш од мене сите пофалби и само напред. БИСТРО МОМЦИ, и не заборавајте, СЕКОГАШ ЧЕСНО НА ВОДА !!! :)

АвторCOLON  Илчо [Вто Aвг 07, 2012 10:24 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Еден прекрасен викенд во Куманово

Ubava reportaza :D Mene mi se dopaga se dvoumev dali tuka da odam po riba ali gledam vie nesto ste fatile ke se izlazam nekoj den ke kidnam nagore :D

АвторCOLON  Krki [Вто Aвг 07, 2012 10:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Еден прекрасен викенд во Куманово

Robert neka ti se mnozat karas-karas bitno e uzivanjeto vo ribolovot i prirodata...

АвторCOLON  robert [Сре Aвг 08, 2012 1:04 am ]
Наслов на мислењетоCOLON 

Благодарам јас мислам дека за прва репортажа е добра се надеваме дека слединте ке бидат подобри Бистро до сите :D

АвторCOLON  Баџо [Сре Aвг 08, 2012 9:22 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Еден прекрасен викенд во Куманово

Убава дружба сте направиле, а гледам и лилјани сте извадиле.Ги има во езерцето или се од друго место извадени?

АвторCOLON  $DARE$ [Сре Aвг 08, 2012 9:27 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Еден прекрасен викенд во Куманово

Баџо НапишиCOLON
Убава дружба сте направиле, а гледам и лилјани сте извадиле.Ги има во езерцето или се од друго место извадени?
Баџо јас мислам дека тоа се амерички сомчиња !!! :D

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/