РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am МислењаCOLON11616 ЛокацијаCOLONСкопје
Репортажата му ја посветуваме на Компир бидејќи немаше да се случи доколку тој не се откажеше од риболовот
Во средата вечер, случајно се слушнав со Даре за сосема трета работа, и се договоривме да одиме сабајлето на Козјак, да ја прославиме одлуката за доделување на концесии (не е Лимун единствен со мадиња, само што тој не става репортажи )
Тргнавме со 2 коли, јас и Даре во една, договорени да фрламе воблери, а во другата Баже со уште двајца момци, тргнати со мотото “тапа си е тапа“
Стигнавме околу 4:30 на Козјак, се истоваривме, и тргнавме. Ги оставивме тројцата момци во првиот залив по нивни избор, и со Даре тргнавме да го чешламе Козјак.
Релативно брзо излезе првиот клен кај Даре
Набрзо потоа уште еден кај мене
А оваа слика е доказ дека Даре знае да пие и други течности освен алкохол
Утрото ветуваше, немаше ветер, сонцето се појави да не загрее малку, активност имаше... Продолживме со вадење...
Во еден момент имав удар, почна да се одмотува конецот, удрив контра... и се замре. Мислев дека сум закачил некој трупец, полека го влечев да не ми се скине.. И излезе еден прилично голем клен
Додуше, на Даре му стоеше поубаво
Нешто подоцна ни се деси една мала хаварија, при удар на клен кај мене, ме повлече малку во страна и улета кај Даре во плетеницата... Додека го извадивме кленот, плетеницата се направи гнездо Достојно ја погребавме и Даре продолжи да лови со резервната машинка
Даре се покажа како вистински љубител на кленовите, па почна да презентира вештини на вадење трокука, бакнување на клен итн
Излегуваа и мали кленчиња, кои ги враќавме назад. Пуштивме 5-6 помали клена и еден килаш.. Ми удри во близина на Гургурница, беше единствен во тој реон, и решив да го пуштам, таман го земав во раце, додека се намести Даре со телефонот да ме снима, кленот ми се излизга и скокна право во вода Фраерски клен беше, знаеше како да кидне одма
А во меѓувреме, извадивме уште неколку клена
Подоцна стана доста топло, престана кленот со активноста, па отидовме во едно заливче под сенка, да одмориме
На враќање кон момците (да ги провериме како се и што фатиле), Даре извади уште еден убав клен, онака попатно
Стигнавме кај момците, кај нив беше многу слабо, неколку извадени рибчиња, и решивме да свртиме уште некој круг со воблерите, со тоа што ни се придружи Баже како појачање
Го свртевме кругот, Баже и Даре извадија по уште еден клен, и во тие моменти слушнавме грмење кое се приближуваше
Веднаш тргнавме кон преостанатите момци во првиот залив, да ги собереме и да бегаме кај колите. Малку почна да врне, но кога стигнавме кај момците, веќе почна да врне посериозно. Облековме кабаници, набрзинка ги ставивме стварите во чамецот, се прекрстија верниците и тргнавме. Дуваше многу, почна да истура, се направија бранови, а ние 5-ца во маестрал без напумпана кобилица Беше како на филм, бродоломци во бура пробуваат да дојдат до копно
Среќа, Даре се погоди како одличен навигатор и полека не донесе до заливот кај колата... Таман излеговме, се престана. Како да не врнело, како да немаше ветер 1 минута претходно. Козјак мирен, спие... Решивме да направиме уште една фотосесија со уловот и да си бегаме
Поголемките
Сите комплет
Даре дента ја имаше улогата на модел за сликање
И јас не можев да оддолеам на сликањето, еднаш за спомен со сите
И еднаш со најголемиот што го фатив дента
А сликава на Даре е со посвета за Аки
Го поделивме рибите, ги нахранивме 4-те загарчиња кои некој најверојатно ги има оставено таму, се спакувавме и да не нема...
Уште еднаш за крај, благодарност до Компир за репортажава
Бистро
_________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am МислењаCOLON2030 ЛокацијаCOLONКочани
Браво бре мајстори супер сте поминале.Даре многу убаво ти стои сокчето,јас џабе ли сум ти рекол 100 пати дека кој пие риби не фака
_________________ When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....
РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am МислењаCOLON11616 ЛокацијаCOLONСкопје
saso НапишиCOLON
Uste na Kompir da mu go napravime merakot.
Остај го Компир, со недоаѓањето си спаси 20 воблери, а нас не спаси од баксузот и оставивме само еден воблер на крај, пред излегување (онака, ревијално) и плус фативме риба
_________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm МислењаCOLON1221 ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
Филип прекрасно ја скоцкал репортажата..... Денот беше феноменален во секој поглед. Мерак за сите пари. Кленови како луди на сите страни. Имаше од се по нешто.... кинење плетеници, мајки шајки колку сакаш, лузна на ногата од воблер, крупни кленови, мезе на тенане во чамец, смеење до бесвест, промашувања на ударите, откачувања на крупни кленови заради невнимание при сликање и снимање........... абе мерак !!! Но оваа репортажа немаше да се случи воопшто доколку нашиот другар, рибар и форумџија Мишо-КРЕМЕНАДЛА не ни го позајмеше моторот кој работи како саат, и прекрасно не послужи дента. Еве уште еднаш ЈАВНО МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМЕ, ДА Е ЖИВ И ЗДРАВ !!! БЛАГОДАРНОСТ И ДО КИРЦАСК кој исто така несебично ни дозволи да ловиме од неговиот маестрал. КИРЦА БРАТ ОГРОМНО ФАЛА И ЗА ТЕБЕ !!! Кога сите би биле вака сложни и пријателски настроени како овие двајца пријатели , другарувањето на форумот и неговите членови меѓусебно би направиле РИБАР 2011 да стане најсложното и најорганизирано здружение во Републикава во секој поглед !!! Да сте живи и здрави и до следното рибарење............ БИСТРО и чесно на вода !!!
_________________ Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 42 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум