www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 13, 2024 6:26 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Малку релаксација на Вардар !!!
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 23, 2012 5:24 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm
МислењаCOLON1221
ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
Откако ми откажа ортакот у 5 до 12 за едноноќна релаксација и чекање на сом, набрзина склопив нова екипа и одма метак накај Вардар !!! Стигнавме на местото кое го одлучивме по пат. Веднаш после Градско! Разочарување...... ЗАФАТЕНО !!! Ајде си рековме, не сме ваљда толку малери. Се упативме кон ново место. Откако едвај како диви кози се пробивме до реката и се упативме натоварени долж по нејзиното течение, стигнавме до новата локација. А таму.....прекрасен камп за повекедневен риболов на двајца риболовци, скоцкан како да се во градина..... Разочарани ние до бескрај.....а богами и тие од риболовот. Три дена биле тамо чекајки сом, и освен поситни лигавци ништо друго не им удрило. (Барем така рекоа) Почна да се смрачува.....едвај се вративме назад до колата, испотени, прљави, испогребани.... И тргнавме да се враќаме назад да бараме ново место према Ногаевци. Како што возевме, кај кафанчињата кај Градско гледам позната фаца се приклучува на патот..... ЗОКИ УШИ !!! Супер човек, пријателски настроен секогаш, другарчина пред се и што е најважно--докажано искусен сомџија. Веднаш застанавме разменивме по некој муабет и бидејки веќе се стемнуваше, човекот најферски не повика да кампуваме веднаш до него. Прифативме и тргнавме.Се наместивме до Зоки. Местото беше прекрасно. Идеален вир со најмирно течение. Длабина од околу 4 метри и чисто песокливо дно. Од претходните муабети дознавме дека претходната ноќ биле активни само лигавците. Неговите обиди со кашика, и прекрасни крупни воблери биле безуспешни. Но оптимизмот кај нас не изостана и зафрчеа дубинките...

[ img ]

Прекрасно, идеално место за риболов на сом....

[ img ]

Ловевме на не многу крупна пијавица, и некој покрупен црв. За цела ноќ на 6 трски кои што беа зафрлени имавме вкупно 17 удари. Ситни лигавчиња ги влечеа пијавиците. Некаде околу полноќ звончето од една трска збесна..... :shock: Дрско засвире и шпулната.... Изрипавме како росни зајци од супер поставената софра.... Тое беше тоа што го чекавме....Удривме силна контра....и повторно влечење.... Во таа ситуација,се не асоцираше на сом.... Но рибата за само 15 секунди се предаде и исплива како крпа......Тоа беше клен :? :? :? ....убав долг Вардарски клен....не поголем од 700-800 грама :x
Не разочара малку, но не не спречи да се вратиме тамо од каде што станавме :D :D :D
Околу убавиот голем жар врз кој што 4-5 изделкани стапчиња со маринирани крупни коцки месо беа положени...Домашна свежа кобасица со лукче, ситно засечена... Солено царско месо со зачини... Неколку пиперчиња...Чврчореа мераклиски... За мирисот наоколу да не зборувам..... :D

[ img ]

Под ведрото ѕвездено небо, се гледаше само чадот од нашето логорување... По некое време штама. Ѕвончињата одмараа....Одмаравме и ние но колку што можевме од досадните комарци кои ги снема дури откако дувна малку ветерче... Веќе го отваравме и второто шише вино... Ладното Шардоне помешано со киселата вода лизгаше во засоленото грло.... Зоки кратко не дружеше и отиде да одмара во своето логорче.....За кратко се огласи и неговото звонче.....Лигавец.....Ситен.....На џигер.....Веднаш беше вратен назад.... За кратко истото се случи и кај нас.... Повторно лигавец..... Ама длабоко залапал... едвај ја откачивме јадицата.....Излезе сосе неговиот желудник :( Заврши во фрижидерчето..... :(
Неколку страшни скокови на крап ноќта ја нарушија тишината во која што уживавме.... Сомот беше слабо активен...Не бркаше, немаше шлапање на опаши..... Повторно имавме удар :shock: ....повторно клен помал од оној претходниот.... :( Веќе почна да се разденува....ситните сомчиња си играа со нашите мамци. Ловев со многу крупни јадици, за да успеам да ги одбегнам токму нив.... Но тие мали ѓаволи голтаа се...

Откако се раздени, и ноќта помина онака како што помина, мојот пријател со неговиот малечок син пробаа да риболоват на тапа....
Пробуваа на црн црв, на бел црв, на лепче..... И освен ситни плашки и една мала мренка не уловија ништо посебно.... Решивме да си тргнеме додека не опекло сонцето.... Зоки маваше кашика, вртеше воблери... Безуспешно...Проба и да лови крап на едно место што постојано си го крмеше..... Рибата за жал не беше расположена за дружба како што бевме ние...
На хаубата на мојата кола веќе се спремаше појадок...Ни се приклучи и Зоки...Мартадела, јајца, сирење, патлиџани, печено месо и колбавчиња од ноќта.... Обилен мрсен......што би рекол јас квалитетен..... :D :D :D

[ img ]

Виното мораше да биде испиено пред да почне да се стоплува.... По доручекот адекватно мезе за него ни беа јагнешките ребра и плешка.......како лизгаше.....мх мх мх

[ img ]

Замезивме, пивнавме.... и почнавме да се товараме набрзина.... Го оставивме Зоки да се обидува уште некое време... Тргнавме полни со енергија....холестерол........и алкохол :D

Но ке се вратиме набрзо.....Набрзо повторно на Вардар....На најживописната река во нашава земја....Река на која секоја помината ноќ е ново доживување, ново исчекување и нова адреналинска терапија за душата со секое ново ѕвонење на ѕвончињата..... А дотогаш БИСТРО на сите чесни риболовци !!!

Во Скопје колата веднаш кај kompir99 перење !!! :lol: :lol: :lol:


*** Се извинувам за лошиот квалитет и малиот број на слики, но сликав со мобилен кој нема блиц навечер. До душа и бев многу зафатен цело време :lol: :lol: :lol: :lol:

_________________
Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Малку релаксација на Вардар !!!
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 23, 2012 5:33 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Na kakvo mesto ve odnel Zoki alal da mu e , ovde moze kombinirano som/ krap ubavo ste si pominale pozz Dare.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Малку релаксација на Вардар !!!
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 23, 2012 5:34 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Mestovo e za uzivanje i gledanje.Me cud ishto ispadnalo taka,barem si bil na voda

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Малку релаксација на Вардар !!!
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 23, 2012 5:34 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Браво Даре
одлична репортажа си направил и верувам одличен провод . За рибата ... што е твое ке си дојде ;)
навистина штета што о дедото на лигавците не бил расположен за дружење :D
до следниот пат ;)

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Малку релаксација на Вардар !!!
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 23, 2012 5:41 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Така бе Мајсторе ова е рибарење и кампување во едно , секоја чест ми се допаѓа ваквиот начин на живот. :lol: :lol:

ПС. Криво ми е што сме се разминале. :x :x :x

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Малку релаксација на Вардар !!!
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 23, 2012 5:45 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
bravo be dare odlicno ste se izduvale ajde narednata da ja krstis GOLEMA RELAKSACIJA NA VARDAR :D

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Малку релаксација на Вардар !!!
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 23, 2012 6:37 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Нешто ми е позната приказнава.
УБАВ провод, Риба нема.

Ако ке биде подобро, ке биде!!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Малку релаксација на Вардар !!!
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 23, 2012 6:46 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 1:26 am
МислењаCOLON170
ЛокацијаCOLONн.ИЛИНДЕН
VARDAR SI E VARDAR ubavina koj e meraklija za recen ribolov znae kako e nadole po klisura.SAMO da ne se ova branive :evil: :evil: :evil: pozdrav do cela ekipa.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Малку релаксација на Вардар !!!
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 23, 2012 7:12 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jул 17, 2011 10:37 pm
МислењаCOLON1136
ЛокацијаCOLONСкопје
местово боли глава!!! си го знае Зоки, Вардар 8-)

_________________
ZSRRK "VARDAR"


Кој си знае, си вади риба и преку манила.

Pozdrav do site fanovi, Ve sakam site ! :D


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Малку релаксација на Вардар !!!
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 23, 2012 7:57 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
ми се допаѓа начинов на пишување, ме потсеќа не некој љубовно-еротски роман,,...тоа би одело вака

“Под ведрото ѕвездено небо, се гледаше само чадот од нашето логорување... По некое време штама. Ѕвончињата одмараа....Одмаравме и ние но колку што можевме од досадните комарци кои ги снема дури откако дувна малку ветерче... Веќе го отваравме и второто шише вино... Ладното Шардоне помешано со киселата вода лизгаше во засоленото грло...’....наеднаш нешто шушна позади во грмушката.....штрек и забрзано биење на срцето....помислата на нешто диво ни го забрза пулсот....и навистина беше диво......долга коса и блесок на нејзините голи рамења засветеа под блесокот на месечината....тоа беше девојка која и застанала и се расипала колата на патот....веќе беше нервозна од случката....бараше помош и поддршка.....“седи смири се“ и се обратив утешувачки,.....Зоки и сипа една чаша од шардонето,....а она веднаш го прифати....“дај ми го цело шише“ му се обрати на зоки, сеуште нервозна од случката......го дигна шишето ѕверски.....а голтките вино нежно се лизгаа во прекрасното грло.....Зоки ме погледна косо.....двајцата размислувавме исто....... :) :) :) понатаму оставам на ваша фантазија


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 48 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum