www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Апсурд за една ВОДА
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2354
Страна 13

АвторCOLON  Bobi_Brada [Пон Jул 23, 2012 12:57 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Апсурд за една ВОДА

Ој Вардаре ти ја . . . (како беше песнава) ???

Вардар е најголемата река во Република Македонија и воопшто во Македонија. Течение од 388km од кои 301km на наша територија. Нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 25.000 km² и среден проток од 174 m³/sec. Во него се сливаат водите на Треска, Лепенец, Пчиња, Брегалница, Црна Река . . . ( http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0% ... 0%B0%D1%80 ).

[ img ]

Многумина од нас за прв пат на оваа вода го осетиле чувството и задоволството на првата фатена риба. Изобилие риби. Триестина видови (значајни и незначајни за рекреативен риболов). Тука се најловените риби бојник, клен, мрена, попадика. Тука се и сом, крап, јагула. Има за сите по нешто. Караш, кркушка, белвица. На Вардар колку да е топло секогаш е пријатно. Дебели сенки и циркулација на воздух. Рај за кампување и повеќе денови. Многумина од нас немаат намера да ловат на друга вода.

Е ова последното можеби некогаш важело но денес, тешко. Многумина од нас повеќе и не помислуваат на риболов на Вардар. Нашата најголема река, синонимот на Македонија, полека но сигурно паѓа во заборав. (Мислам на долното течение на Вардар. Од вливот на Црна Река надоле. И на форум во информации за води за Вардар информациите се се поштури и поретки.)


Репортажа од мојот излет

Пројде скоро цела недела од моето задно излегување на вода. А и сега кога конечно седнав да напишам нештo, нели редно е да се сподели искуството со колегите рибари на форум. Не знам од каде да почнам. Незнам што да напишам. Незнам . . . На крај незнам дали воопшто нешто и да напишам! А всушност се почна со ново пријателство. Со планови за еднен прекрасен викенд со две три екипи на едно место. Со идеја за готвење на рибина чорба. Со . . . Мислам и Спилберг би ни завидел на сценариото. Па, овака почна:

Понеделник 9 јули. На Спаива, на форум, му пренесов некои мои видувања од Вардар. Малце чудно но човекот никојпат не ловел на оваа вода. Мала преписка и разменивме телефонски броеви. Веднаш падна предлог за заедничко одење на риболов.

Среда 11 јули. Спаива дојде кај мене и лично се запознавме. Со него дојде и Тафтабит, но тој нема да оди со нас на Вардар. По некое време ни се придружи и Крсте1979, но и тој не доаѓа. Мини форум во живо. Се разменуваат искуства.

Во најава за дружба е и Илија Бојаровски но не е сигурен. Има најава за џип тура низ Мариово. Во најава е и кумановцот Ацо со братму кои минатата година ги запознав на Вардар. Со мене ке дојдат Љупчо и Дејан.

Дефинитивно одиме заедно на риболов. Локација Љуткова. Ке ловиме дење крап и мрена, а ноќе сом и попадика.

Петок 13 јули. Илија сепак не доаѓа. Мора да снима џип тура во Мариово. Оклу 16:00 мојата екипа се пакува и едвај се товари. Вишокот оди кај Спаива. Со него ќе дојде Ховитз и има место. Ке се најдеме на Вардар нешто по полноќ, поради работни активности.

По месец дена пак ке го видам Вардар. Дали што е ПЕТОК 13 или . . . Одбраното место е зафатено. Два-три пара, повозрасни луѓе веќе 9 дена кампуваат. Само еден од нив е рибар и само ноќе со три стапа на мал простор лови сом. Дали немал стварно улов или онаа рибарската: “Слабо. Нејаде. Само едно сомче помало од 2kg.” На крај и не е битно и им благодарам на љубезноста. Немаа ништо против да го делиме тернот заедно. Ионака има доста место, а и некој стап ако ставиме помалце не е проблем.

Не остануваме. Договор на брзина и правец Маркова Чешма. Местото е празно, а има и поголем терен. На Ацо му се јавувам за промената и тој со братму се одкажува. Не доаѓа. Ке оди на Пчиња.

[ img ]

Маркова Чешма е познато место нарочно на рибарите од Демир Капија. Потег прав и долг тристо и нешто метри со длабочина од преку 2,5m. Многу големи сомови и крапови се уловени баш тука. Се лови со тапа, дубински, кашики и блинкери. За сите има место. Над почетокот, тесен со брзак и камењар. За мрена. На спадот повторно се стеснува и оплитнува преоѓајки повторно во брзак. Измислен за бојник.

[ img ][ img ] Затворање на сезона 23-26.10.2008

На стемнување почнуваме да го местиме ПОЛУлогорот. Ова ПОЛУ бидејки ја сум против местење на шатори (во овој момент и овој излет). Топло е, а ако спиеш на отворено поголеми ти се и шансите да го слушнеш работењето на риба. Прво местиме неонско осветлување. Внимавам водата минимално да е осветлена.

Приготвување на дубинските, по некоја пијавица и во вода. Тројца, седум стапа. Доста. Маку ми е чудно местово. Некако премногу е зараснато но лесно се разоткриваат познатите места за дубинки.

Е сега масата. Дејан прави кафе а Љупчо и јас приготвуваме таратор. Водата е нешто поголема но не е проблем. Не е бистра но многу далеку од матна. Ѕвонците се јавуваат но ова е смо некј ситниш. Најбитно има активност.

Спаива и Ховитз се на пат. Не се далеку и набрзо пристигнуваат. Иако веќе е пројдена полноќ на никој не му се спие. Таратор одамна снема но и шопска салата е добра. Се разменуваат искуства и се кројат планови за наредниот ден. На изгрејсонце кога убаво ке видиме како оди струјата ке крмиме со варена пченка.

[ img ]

Утрото го дочекавме без риба, онаа за фалба и сликање. Три-четри лигавци и исто толку кленчињња и мренчиња не се за спомнување. Не не обесхрабрува ни водата која се замати и надојде околу 04:00. Не е многу, 30-40cm. Крмиме и јас и Спаива. На сите страни. И каде струјата носи низводно до самит спад и каде струјата враќа нагоре. Мора да даде крап. И на многу полоша вода сум имал улов.

[ img ]

Околу пладне водата почна прво да ја менува бојата, да се бистри. Набргу почна и да опаѓа. Повторно крмиме. Утринскиот период не очекував удар. Сепак касно накрмивме, но никогаш не се знае. Пладне можеби, но приквечер и вечер ке удри сигурно. И Спаива е оптимиста. Мора да удри. Прекрасно место.

[ img ]

Во оптимизам ја дочекавме и вечерта. Одамна завршија дневните активности. Ручек и добро спиење. Рибина чорба ке правиме со првото ново лигавче кое нема да преживее бидејки од предходната ноќ ни остана само едно. Три вративме. Нека растат. Од домашните минувачи добивме информација дека на стотина метри под нас во изминативе месец дена е изваден сом од 49kg.



Несмејам да покажам, но со првиот изминат час од стемнување оптимизмот ми падна. Во ова време требаше да се јави риба. Да се слушне како брка и лови сомот. Да се чуе шлапање на некоја опашка по вода и бегањето на риби. Ништо од тоа. Ни првата вечер немав ништо чуено, но мислев дека од возбуда не сум обврнал внимание на околните звуци. Не ми се готви ни чорба. Понатаму нема што да се збори. Повторно добра дружба и дебата. Евоцирање на спомени. И, и на спиење околу два по полноќ


Апсурдот на една ВОДА

Проблемите со Вардар, долно течение, започнаа со пуштање на езерото Козјак во работа. Нагло надоаѓање на поголема количина ладна вода. Уште кога ке се совпадне надоаѓање на вода со вода од Тиквешко езеро, нивото знае да се покачи и цело метро. Тоа е цената која мора да ја платиме за цивилизацијскиот и економскиот развој. Но по некоја година рибата се аклиматизираше и ги смени своите навики. И рибарите ги сменија техниките и тактиките за ловење.

Проблемот со бојата на вода е нешто поголем. Никаде врнежи а водата матна. Се намалуваат условите за мрест. Се намалува количеството на храна и кислород во вода. Најчесто причината за ова е нараснатиот број на пескари. Вадат песок на секој чекор, го перат, а матната вода се испушта директно во река. Дали ова не е регулирано со закон или законот не се применува незнам. Еден ден сигурно ке се реши. Ке се надмине и овој проблем.

Но има еден проблем кој ме загрижува најмногу. РИБОКРАДСТВОТО. Не мислам овде на риболов без дозвола. Немислам на ловење на поголема количина од дозволеното риба. Не мислам на ловење риба под мерка. Тоа се настани кои се инцидентни. Свеста кај рибарите одден наден се менува и ке дојде ден кога на никој нема да му биде тешко уловената риба да ја врати назад во вода.

Мислам на убивање на риба, масакар, геноцид. Мислам на харпунарите. Мислам на мрежарите. На оние што користат разни експлозивни средства и отрови. На оние што ловат за време на мрест. Овие суштества се намножија. Во прилог им оди и немање консесии на одредени ревири. Рекреативните рибари го почитуваат законот и не излегуваат на вода. Нема ни рибочуварска служба. Со километри празен простор. Нема никој да им се меша во работата. Нема никој да ги види и пријави.

[ img ]

Се чудам зошто за време на последното излегување на Вардар не слушнав шлапање и бркање на сом. Зошто не видов некој крап да рипне. Не реков дека за време на престојот на Вардар добив информација за четри екипи харпунаши кои задните месец дена харале по Вардар. Дури имало и сукоб помеѓу нив. И сомот од 49kg, за кој збореше мештанинот, незнам како е изваден. Во текот на изминатата недела ми дојде информација дека истиот терен, под Кемир Капија, некоја екипа ги пукала (со експлозив) сите убави места.

Како рибата да се аклиматизира и еволуира на оваа појава. Како?

Можеби ова немаше ни да го напишам да во петок не ја добив информацијата, која ја објавив и на форум, а во меѓувреме добив и сигурна потврда од Миле од Демир Капија. На потегот “Кај Чекркот” фатени се на дело четворица харпунари со опрема и риба (сомови и крапови). Акцијата е изведена во соработка на риболовното друштво и полиција.

Ова сигурно не е единствен случај. Но зошто никој во јавност не ги објавува овие настани. Зошто јавно не се кажат имиња. Да се покажат слики на ...



Можеби песната од почетокот и не гласи: “Ој Вардаре Македонски ти си РАЈ за РИБОКРАДЦИТЕ”, но со сигурност некои суштества си ја пејат на цел глас. Слободно.


Еден виц на крај:

Малиот Трпе на школо
Учителката: - Трпе кажи еден пример за Факт и Апсурд.
Трпе: - Факт е дека земјата е тркалезна, а Апсурд е што сите се еб.. по чошиња.

Денес одговорот на Трпе мислам дека би гласел: - Факт е дека Вардар е најголема Македонска река, а Апсурд е што никој не лови на него!

АвторCOLON  spiro_jas [Пон Jул 23, 2012 1:41 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апсурд за една ВОДА

прво да ве поздравм и да ви кажам едно големо браво за дружбата која сте ја организирале
поздрав до сите вас и да се множат ваквите дружби што повеке
пошто уште тоа ни останува со овај наш спорт или хоби или ,,РЕКРЕАЦИЈА,,


а за апсурдот немам зборови :evil:
- реално таа е сосотојбата со повекете води во нашата земја и се слагам со сите заклучоци и факти кои се изнесени во оваа репортажа
се надевам дека ке дочекаме да ги видиме водите како до пред 2 или 3 децении

АвторCOLON  Bobi_Brada [Пон Jул 23, 2012 1:46 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апсурд за една ВОДА

Поздрав Спиро.

Ја сеуште немам намера да сеодкажам од одење на Вардар, под ДемирКапија. Ако ништ ме врзуваат многу убави спомени. Ако ништо друго ке има убаво евоцирање и перење мозок.

АвторCOLON  Krki [Пон Jул 23, 2012 9:46 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апсурд за една ВОДА

Bravo momci edna rab me sprecuvase da ne dojdam so vas toa bese tretata smena i nemanjeto voz vo sabota da dojdam nataka i mi e krivo normalno sekoj izlet vo priroda e najubavoto nesto za covekovata dusa.....E sega petokot vardar vo sk nadojde kako dunav nosese sve vikam u pm kakov li ke bide dole posto site informacii predhodno mi bea deka e bistar i stabilen mozebi ima vlijanije nevremeto sto fati predhodniot den.......Za dinamiti i harpundjiii nejkam i da zboram sve da im e... ama lani mi vikaa i mene deka se pukani virovite so logika koga mine vozot oni togas pukaat mozebi i drzi voda......
E sega koga jas ne dojdov ama zatoa otidovme na Podles i zavrsivne po nekoja rabota....Pozdrav do cela ekipa sto uzivala na Vardar...A sega neka u sreda vecer uziva na Skopski Vardar na noken ribolov na Filip 2.....

АвторCOLON  Boris [Пон Jул 23, 2012 11:03 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апсурд за една ВОДА

Знаат некогаш и таму да се наредат коцките што Боби ги кажа, ама кога....ги има многу, водостој, матење, ладна вода, козјак, тиквешко, локалци, мрежари, екслозиви, харпунџии...и сето ова да се нареди, рибата треба да биде активна, расположена....

за тие што ги фатиле, некој треба да извести, да ги каже, да ги покаже....

АвторCOLON  Bobi_Brada [Пон Jул 23, 2012 11:17 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апсурд за една ВОДА

Бидејки во акцијата учествувала и полиција званична информација во јавност треба да даде подпаролот на МВР од Велес (мислам дека се они надлежни)

АвторCOLON  Rade [Пон Jул 23, 2012 11:29 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апсурд за една ВОДА

Bobi,

Sega pred nekoj den razgovaravme so edni kolegi ribolovci od Negotino. Lovevme na Tikvesko edno do drugo pa rasturivme muabet i za Vardar. Zaklucokot bese deka se` pomalku i pomalku ke bidat predvidlivi uslovite za ribolov na Vardar. Akumulaciite Kozjak. Tikvesko nemaat nekoj redoven rezim na rabota pa ne e predvidlivo nivoto na rekata. Znam deka Sv.Petka treba da se pusti vo funkcija vo sekoj moment, pa neznam dali ke vlijae na podobro ili ke napravi uste tolku haos so dotokot na voda od Kozjak. Vo dogledno vreme ke se realiziraat i Cebren i Galiste i tie kako i Kozjak, Sv.Petka i Matka se nekoj kaskaden sistem pa i toa verojatno dopolnitelno ke go iskomplicira dolniot tek na Vardar.
Se` drugo so krivolovcite e stara bolka i mislam deka tie se vsusnost najgolemiot problem i faktor za "Apsurdnite vodi". Toplo, ladno, nivoto povisoko, nivoto ponisko, mislam deka ribata stoe tamu so vreme (1,2-5 godini) se priviknuva i nema da pretstavuva tolku problem. Spored kolegite od Negotino, premnogu eksploziv se koristi na Vardar. Ednostavno kako da sme vo nekoja africka zemja.

A za poubavata strana od reportazata, za druzbata i entuzijazmot na ekipata, nema sto posebno da se komentira :)

АвторCOLON  Bobi_Brada [Пон Jул 23, 2012 11:43 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апсурд за една ВОДА

Раде поздрав

Мислам дека со каскадно поставување на хидроцентрали сепак ке се намали наглото надоаѓање на вода, но незнам можеби и не. Сигурно е дека рибата ке се аклиматизира. Друго сите тие брани на некој начин и ке ја филтрираат водата, но што со пескарите.

Матнеж и тиња од никаде. Темна вода помалце светлина. Помалце светлина помалце растенија. Помалце растенија помалце кислород и ларви кои се развиваат и живеат во растенијата.

За злосторничките суштества мора јавно да се збори. Мора да им се покаже дека не се недопирливи. Мора да видат дека некој се грижи за сенародното благо. Мора да видат дека освен што пости закон истиот и се ПРИМЕНУВА. Се додека јавно не се прозбори нема да им дојде памет!

АвторCOLON  martinMK [Пон Jул 23, 2012 11:52 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апсурд за една ВОДА

Браво за целата репортажа, сте си поминале феноменално.. дружба.. искуства.. супер..
останува да се надеваме дека ке тргнат работите кон подобро.. вардар нема да варира толку.. нема да има харпунисти, мрежари.. вампирџии итн.. една идила за нас спортските риболовци..

АвторCOLON  MaximJaki [Пон Jул 23, 2012 1:03 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Апсурд за една ВОДА

одлична репортажа и дружба.. е сега што хараат ѓубриња по вардар и по другите ревири, само господ да ние на помош на нас а и на рибниот фонд...

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/