-По многуте договарања припремање место од предходно, решивме да тргнеме ден пред отворањето на езеродо Подлес. Саботата сабајлето уште во мракот Мартин и Максим беа веке кај мене да ме соберат и правец на езерото спремни тип топ.
-Мартин како и увек спремен, со кантите поликолор полни бојли спод миксови , немаше да се мрдне во сеат леонот крцаше до горе полн. Стасавме околу 5 часот одма растоварање , монтирање на шатори столици , кој фрла спод микс кој средува камп , за брзо време бевме наместени. Правец трските во вода, езерото мирно рипка не скока параболици на позиција , и за 1час го даде одма првиот удар на Мартин борбено крапче од 1.5 кг.
Одма се знаеше дека ова е од нашите крапови , што езерото беше порибено пред пола месец, неискусен просто удираше на све.
-Јас го имав вториот удар , крапот калап ист ко на Мартин , и почна голема серија да се редат све исти такви, ние бевме убедени дека езерото држи и крап староседелец, па на него и највеке се надевавме.
Земав столот и одма до вода сакав чисто да видам сто риба ке излага на тапа, и само што фрлив тапата во вода почнаа да се редат мали карасчинја , но јас не спремен на голема риба стегнат амортизерот заборавен, тука го имав и првото киненје од риба, сигурно беше од нашите модели. Бевме изненадени од таа килажа на крап да е толку борбен. Тој ден сигурно излегоа 50 мали крапови , кој више не им текна да удрат во наредниот ден, имавме слабо удари. Има бела риба доста во езерото , караши , кленови дури и откривме дека има и попадика. Кај Максим на параболикот обесена 200грама попадика. Ни фали уште некој вид на риба (црвеноперка , плашка) но све со свое време .
Максим ко и увек сакаше да фака во крш, па јас му го отстапив моето место , со ждрепката што ја влечевме кој која позиција да биде. Полека на Максим местото почна да работи многу убаво. Просто крапот го имаше насекаде и само пиштеа трски насекаде .
Се штракнавме сите по еднаш со малите крапови , и више ни стана досадно , кој да иде да го зима апаратот па да слика , и правевме секундарно фати пушти.........
Кај Максим го даде и првиот староседелец што си е од езерото, рибата беше многу чудна како позлатена.
Дојде пладне , па со Максим решивме да се симнеме до доле до продавница да купиме некои намирници што ни фалеа , а Мартин сме го оставиле без вода па човекот да не дехидрира 2 часа мораше да го направи следново , во сред параболици
Еве мал дел од нашиот расфрлан камп немаше кој да го среди сите бевме фокусирани на параболиците и поплавени од удари тој ден.....
Крапови на трска се вадат а Мартин плива гајле нема.......
Сликата на денот е оваа , бидејки ни стана досадно од малите крапови па решивме една слика да направиме и за на Мотика ајде Мартине влагај во КЕП хахахахха
Малце крапот прета немирен е хахаха
Фати 5 часот и гледаме кола иде накај нас, тоа да ти бил поканетиод Кристијан од Кичево просто сите не изненади , човекот сам тргнал до Подлес , проста риболовна дрога тоа е хахха
Не губеше многу време Мартин на брзина му направи место до него и имаше позиција накај отворено езеро. Зема спотот и сето тоа изгледаше вака.......
Базата кампот каде што се припремаа подвези , бојли , врекички мрежички ПВА , сето тоа за поуспешен риболов.
Еве го и вториот староседелец од езерото повторно кај Максим на параболик....
Спремен како и секогаш оптегнат на столицата со бојлите околу него и неговите системи , вака ке јаде така ке јаде, на оваа трска ке удри таа трска ке удри , си ја знаеше работата дечкото.
Почна и припремата на колбасите , кои беа неизбежни на трпезата.
Како што гледате кој прв влага во зимскиот сон , Мартин ја завзема неговата позиција , абе и капиталци да му удираат кога спие мука нема. Со тапан чукај му не се буди..... не па сигнализатор да чуе
Уморот си го направи своето, по Мартин и јас си прилегнав но на едно уво спиев, Кристијан и Мартин лежат но ко на трње, секое бип летаат удолу по полјаната. Малце падна смеа со на Кико подвезите , демек крути му се ова она, ке направи бип и ке застане , така се дешаваше некаде 5-7 пати, подвез со термо бижур на него , на Козјачки начин подвези....
Вечерта имаше уште 3-4 риби све од мерените крапови ....
И сабајлето не разбуди Борис и компанија тие стасаа први кај нас , се видовме си поприкажавме , и они правец на позиција. Откако се наместија повторно сите кај нас во сенка беше некаде 7; 30 часот и кај Кико на отворенот едно јако БИИИИИИИИПППП просто не застанува , свингерот исправен со конецот рамно, Кико шпринт удоле да види што е , сите очекуваме од мерените крапови, гледаме зима конец ко лудо тргна накај брана, си викаме ааа ова е нешто поголемко, полека полека излезе крап од 7 кг прекрасен борец, со флеки на телото , којзнае со какви ли мрежи се борел кутриот од пред тоа , кога било езерото оставено на милост и немилост.
Тоа беше удар и молк за сите , си викаме природата оставила нешто големко да плива во ова езеро.
Се случи што се случи дента и сите повторно во кампот во сенка. Освен Влатко кој беше многу упорен и на јакото сонце си ловеше риба без никаков проблем....
Напомош дојдоа и Штипјани, компанија Славче , со што ни помогнаа да ги наместиме новите табли на влезот кај браната, со правилата на однесување.
По некое време дојде и нашиот прецедател Сашо и неговиот колега, полека полека сите се собравме на куп. Почнаа да се вртат скари , планови муабети , еве го зоки -уши со скарата
Се очекуваа и повише луѓе да дојдат , но кој со својата обврска и кој колку можел.
Сите ги пречекавме па и ги испративме, ние останавме последни дур се спакуваме почна да не стемнува а како последно ни беа трските да ги извадивме од вода. И кога од еднаш во на Максим кршот имаше навистина страотен удар, ја подигна трската , успеа да го задржи крапот некаде околу 10 секунди и конецот пукна, веке крапот имаше тргнато накај канал, сигурно беше над 10+ . Ете тоа е момци од нашиот дводневен излет на езерото Подлеж , се надевам ке има и поголеми пампањи на тоа езеро и ке биде посетувано, од доста риболовци.