www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

23.06-24.06 Градче (сефте крап)
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2257
Страна 13

АвторCOLON  Dimitar [Пон Jун 25, 2012 11:29 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  23.06-24.06 Градче (сефте крап)

По добиените информации дека крапот бил доста раздвижен од прилика на тоа место кај што ловам со години и информацијата дека рибарите биле разочарани бидејки минатата недела кој фатил два караша кој ниеден,се решив да одам на два дена.После работа брзо товарање на колата и гас на езерото.Стигнав во 16:30 и кога стигнав и го видов нивото на водата ке скокнев од радост бидејки тоа е ниво на кое сум имал најмногу успех.Полека се прфрлив од другата страна набрзина фрлив два-три пати со маркерот да видам да не има некои промени и одма влегов да ги поставам маркерите и да прихранам.Брзо се поставив и седнав да чекам и да водам војна со комарците,бидејки го заборвив аутанот.Вечерта запалив оган извадив ракија,сирење,прженица(пипер,патлиџан и лук) и почнав приреми за вечерта и спиење на оворено без вреќа(која исто ја заборавив).Вечерта околу 1 часот имав едно крапче од 700гр.-1000гр. кое удри на комбинација од месна боила(школка/ананас) и едно зрно шекерац(домашен).Сабајлето ме разбуди индикаторот околу 4:30 со еден страшен ран и излезе крап малку над 4кг. кој се фати на балансиран снешко комбинација цреша/слива и поп-ап слива.Слики од рибата ке пуштам наскоро бидејки снемав батерија па ме сликаа едни деца.

Еве и некоја слика:

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

АвторCOLON  Spaiva [Пон Jун 25, 2012 11:32 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 23.06-24.06 Градче (сефте крап)

Ееее имењак, така се правело тоа...браво. ;)
Ајде чекаме и сликички од момците на јадица. :D

АвторCOLON  howitz [Пон Jун 25, 2012 1:02 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 23.06-24.06 Градче (сефте крап)

Супер, браво.. ајде да ги видиме лепотаните уште на фотографија, супер место си фатил, сенка веројатно си немал а? :)

АвторCOLON  Dimitar [Пон Jун 25, 2012 1:07 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 23.06-24.06 Градче (сефте крап)

howitz НапишиCOLON
Супер, браво.. ајде да ги видиме лепотаните уште на фотографија, супер место си фатил, сенка веројатно си немал а? :)
Има сенка колку сакаш само на сликата не се гледа,позади мене има огромни дрва врби,тополи и багреми.

АвторCOLON  ico baits [Пон Jун 25, 2012 1:10 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 23.06-24.06 Градче (сефте крап)

ubavo ezerce zajko,, aj kazi nesto , ripa li na sabajle ,, daleku od obala lovis , na sto lovis,, bidi malku pootvoren kako mene :D :D :D

АвторCOLON  Dimitar [Пон Jун 25, 2012 1:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 23.06-24.06 Градче (сефте крап)

Прихраната ми беше од 2кг домашен шекерац и 1кг мек конзервиран шекерац,1кг пелети цсл и 500гр кршени боили и 300гр. 12мм боили од месен микс и арома школка и ананас и исто толку овошен микс арома слива и црн пипер и арома што миксот ја доби од шери амино.Таа количина повеке од пола ја фрлив на почеток другата половина ја фрлив од сабајле вториот ден,а мегувреме прихранував само само со пва лента со по 2 боили и вечерта ги префрлив во 1 часот со пва мрежа внатре со по 10 боили од 12мм.Два стапа на првиот маркер ми беа на околу 50м. едниот,а другиот на околу 30м. другите два стапа ми беа едниот на 20-30м и послединот на 10м таму ја фатив и рибата на 1,5м длабочина.За мамаец користев комбинација месна боила со едно зрно шекерац,комбинација 12мм боила овошен микс со 12мм поп-ап слива на СБС,поп-ап ред херинг солар 14мм и еден стап на две зрна шекерац и подигач кој после го зменив бидејки ме заебаваше карашот и ставив комбинација месна боила и поп-ап ананас 12мм СБС.

Вечерта рипаше во крајот на самиот улив каде што се влеваат реките,а само еднаш вечерта рипна подалеку од прилика кај што ми беше вториот маркер на 50-60 метри.

АвторCOLON  $DARE$ [Пон Jун 25, 2012 3:09 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 23.06-24.06 Градче (сефте крап)

Абе Балтазар све кажа околу риболовот..........само не кажа ракијата домашна беше или...... :lol: :lol: :lol:

АвторCOLON  ico baits [Пон Jун 25, 2012 3:11 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 23.06-24.06 Градче (сефте крап)

Dimitar НапишиCOLON

ova e nesto drugo,,, ;)

АвторCOLON  Dimitar [Пон Jун 25, 2012 3:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 23.06-24.06 Градче (сефте крап)

$DARE$ НапишиCOLON
Абе Балтазар све кажа околу риболовот..........само не кажа ракијата домашна беше или...... :lol: :lol: :lol:
Која ракија бе Ајнштајн :mrgreen:

АвторCOLON  $DARE$ [Пон Jун 25, 2012 3:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: 23.06-24.06 Градче (сефте крап)

Dimitar НапишиCOLON
$DARE$ НапишиCOLON
Абе Балтазар све кажа околу риболовот..........само не кажа ракијата домашна беше или...... :lol: :lol: :lol:
Која ракија бе Ајнштајн :mrgreen:
Вечерта запалив оган извадив ракија,сирење,прженица(пипер,патлиџан и лук) и почнав приреми за вечерта и спиење на оворено.....

Ваљда не пиеше вода..........тоа не личи на тебе....... :mrgreen: :mrgreen: :mrgreen:

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/