www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Мушичкарење на Дошница-Демир Капија
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=2242
Страна 12

АвторCOLON  ilija [Пет Jун 22, 2012 3:31 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Мушичкарење на Дошница-Демир Капија

Оваа година сум решен да посетам неколку мали рекички кој се зафрлени и тешко достапни.Би сакал да фатам барем по еден примерок пастрмка и малце да го проанализирам.Штета што не сум ихтиолог па да можам да навлезам во некој суштински разлики на пастрмката од различни рекички.
Средата бев на Дошница. Реката извира од Кожув и кај Демир капија се влева во Вардар.
Некаде на 10 км пред Демир Капија има мала брана и се собира во цевка,се прави висинска разлика и се пушта во турбините на електроцентралата на ЕВН.После централата има рибник и тука пак се формира река која се влева во Вардар.На тој потег мислам дека скоро и да нема риби затоа што е краток,пастрмката не верувам дека оди во Вардар (затоа што е топол),а и браната е пречка за да се спушти од горните токови.Таму има по некој тапаџија.
Единствен пат до горните токови на реката е само патот за браната.Треба џип за да се стигне.Пожелно е да не се утне патот како што го утнавме ние и утепавме дополнителни 4 саата акајки се по планините.Иначе бев со SETAVV.
Еве нешто слики:
Пато масовно е на цело село :x
[ img ]
Имаше заглавувања
[ img ]
Еве како изгледа браната
[ img ]
Setavv во акција
[ img ]
Реката милина,идеалана за мушичкарење.Доста чист терен без многу гранки бар во првиот дел.За цело време на патувањето и рибарењето не сретнавме ниеден човек.Нема флаши,нема конзерви и најлончиња :oops: како да не сум во МК
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Еве што леташе
[ img ]
[ img ]
На враќање се мислевме кај да одиме за кај црнецот,на Камени мост или Демир Капија?.Се одлучивме да одиме во Демир Капија затоа што таму никој не не познава 8-)
Се изнафрлавме мушички ама неќеше да пипне,а пастрмчиња се шетаа по вировите.
Повеќе среќа идното коло

АвторCOLON  Филип [Пет Jун 22, 2012 8:14 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Дошница-Демир Капија

Многу е убава рекава... МНОГУ. Во оваа река во минатото се вадело злато ;)

п.с. ти го сменив насловот, Дошница се вика реката

АвторCOLON  Spaiva [Пет Jун 22, 2012 9:16 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Дошница-Демир Капија

Сликите ги гледав одозодола надоле и се прашувам, пак ли бил во Словенија? :D
No comment, реката е бисерче.

АвторCOLON  ico baits [Пет Jун 22, 2012 9:37 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Дошница-Демир Капија

caura bre zajko , tirolsko, ke si gi skapel :D :D :D bravo za reportazava..

АвторCOLON  kircask [Пет Jун 22, 2012 10:35 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Дошница-Демир Капија

Aaaa Iljo kaj akas ti :D dzipot si go zaglavil vo edno metro kal :lol: :lol: ubavo rekice steta sto ne dade nisto.

АвторCOLON  VladoMKD [Пет Jун 22, 2012 11:41 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Дошница-Демир Капија

ilija НапишиCOLON
Пато масовно е на цело село :x
:lol: :lol: :lol: Си имал маки изгледа, ама вредело. Многу убава природа.

АвторCOLON  Gonny [Пет Jун 22, 2012 11:54 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Дошница-Демир Капија

Me vrati vo spomeni pred 15 god.koga i jas 'akav' po vakvi reki :roll: Da imalo i ulov ke bilo perfektno :!: :!:

АвторCOLON  pirati [Пет Jун 22, 2012 6:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Дошница-Демир Капија

Mestoto e odlicno, preubavo.
Top destinacia.

АвторCOLON  Dragan [Саб Jун 23, 2012 1:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Дошница-Демир Капија

Преубаво рекиче. Бар добар излет сте направиле. Гледам има убави вирови кај што може да се крие пастрмката и да напаѓа од под некој камен или карпа. Како е за одење надоле или нагоре по река, има или големи препреки, карпи? Колку и да заглавиш со кола и проблеми да имаш, кога ке стигнеш на такво место убаво тоа ке го памтиш, не лошиот пат :) Браво, убав помин.

АвторCOLON  Atanasovski [Саб Jун 23, 2012 2:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичкарење на Дошница-Демир Капија

Super provod,bas vozbudlivo koga doaga covek na nov nepoznat teren.

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/