Прво голема благодарност за добрите коментари на статијата за мавровско езеро проведена овој викенд од 8-10 јуни 2012.
Незнам зошто ама за мене нема лоша риба ,а една од фаворитите е и тој (КАРАШОТ).
Некој од рибарите не го сакаат велат имал многу коски мирисал на тиња па нека ми каже некој во која риба ги нема коските а за мирисот не се сложувам.
Мислам дека со неговата борбеност е риба што прави доста мерак за ловење,па затоа знаеме по некогаш да одиме специјално на Караш.
Ќе ставам некоја снимка и слики од нашите рибарења на овој вид на риба, можеби се постари некој месец ама сакам да им го доловам вниманието на рибарите а посебно на (почетниците) и за оваа врста на риба.
Да позборуваме за ДОЈРАНСКИОТ што е доста вкусен и е мерак за ловење.Во Дојран бевме вообичаено ОКИ-РИБАР, ДАЦЕ ,ГОРАН,и РИБАРОТТТ.бевме на два дена и ако верувате Караш колку сакаш, кој беше таму тоа време знае што се слушуваше на ДОЈРАН ако кажам дека имаше 60 чамци сигурно не сум кажал ништо погрешно.Едноставно РАЈ !!! за рибарите. Па да видиме како поминавме тие два дена.
Рибата е фатена на црн црв како што можете да видите
Дубина 3.5 до 4.м тапа 3,гр .
Оки рибар и уловениот караш
Горан и неговите две менѓуши
Еве некоја слика од местото.
Едноставно примероците беа прекрасни.
Нормално по цел ден проведен во чамец вечерта ја поминавме пред скара, и секако во вреќи за спиење под отворено небо до раните утрински часови.
БИСТРО до следната репортажа
Оки-Рибар
_________________ Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,
Оки го дополнив постот, дали имаш инфо сега за Дојран...сакам околу 25.06 да одам на неколку дена, кажи некој совет. ПИшав за ова и во тема Дојранско Езеро, ако имаш инфо можеш и таму да одговориш.
РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am МислењаCOLON4637 ЛокацијаCOLONSkopje
akiribar НапишиCOLON
aaaaa OKI stanuvash seriozna konkurencija vo reportazive ahahahaha
bravo prijatele i samo neka se mnozat
Го читам текстов и викам сега Аки веќе патува натаму а тој успеал и да искоментира....Аки која е оваа “терористичка група“ која ти завзема примат бе ако отидете заедно ќе биде “трети светски рат на риболовното поле“
Честитки дечки за требењето на карашот, а и за тоа ребренцата што сте ги исполегнале на скаричката, супер провод
Не знаев дека такви слики сакаат рибарите со скара, со ракииче , со бунарче , мислев дека позанимливи ќе им бидат РИБИТЕ.
Другарчиња без скара не се може а за тоа најголем кривец е ДАЦЕ не пуни со ХОЛЕСТЕРОЛ И ТРИГЛИЦЕРИДИ .мала шала.
А маскирните одела ни се поклон од ГОРАН ЖАЦО тој е еден од( внатрешните органи)ХАА ХАА ХАА само незнам кој орган е??????
_________________ Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 45 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум