www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

TИКВЕШКО ЕЗЕРО 06/02/2011
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=218
Страна 11

АвторCOLON  AntonioVe [Сре Феб 09, 2011 12:17 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  TИКВЕШКО ЕЗЕРО 06/02/2011

Поради многу работни и фамилијарни обавези риболовната сезона 2011 ја почнавме дури февруари.По консултации на форумов и со еикапата падна одлика,одиме Тиквешко.Недела сабајле тргнавме кај 4 сабајлината екипа во состав јас,Баже и Мики.Полека полека кај 5 стасавме на местолокацијата за паркинг.Појадовме и почнавме да се спуштаме на пикираното место.Нестрпливи да ги бањаме тапите,пуштивме прачките и удривме на правење на прихрана по една многу добра рецепта.Храна Ван дер енде 1/4 кг,1кг презла,2 суви леба,2 ванили др еткер и 2 кутичиња белки.Нафрлавме храна и поцнавме со рибарењето,во почеток приметивме дека водата почна да се повлекува,а нешто подоцна се зголеми за 50 цм,знаци цел ден водата варираше и стараше мали проблеми со фиксирање на дубината.Од опрема киристев 5м прачка,12 влакно,16 јадиче со краток врат и 5 грамска подвижна тапа.Како за прв пат во сезонава решивме да експериментираме со се затоа и ефектот на улов ни беше помал,но реално рибата јадеше одлично.Првиот удар го имавме на 14 м длабочина и тоа убави црвеноперки(не многу јадри ама не и ситни)за векје кога качувавме на 12 м длабочина почна и белвица.Во меѓувреме дојдоа и чуварите,како наближуваа видовме дека се велешани па и одозгора пријателчиња.И со нив малку муабети абре убре помина повеќе од час и половина во муабети.Ајде после тоа фанавме малку викендашки скариче,пивце,ракииче и се пуштивме во втора тура пец.Додека се пуштивме дојде и време да се пакуваме и да тргаме накај Велес,ама како за прв рибарски викенд малку улов повеќе смеа ни помина перфектно,и си се вративме насмеани до уши,со договор следниот викенд повторно да сме таму а овој викенд ке го жртвуваме на езеро младост во Велес.Еве во прилог и неколку фотки,бидејќи занесени од прв излет после подолго време немаше кој да пека за да се прават повеќе слики хехех сите бевме стилени во рибарлакот :D ке ставам слики накнадно бидејќи се преголеми треба да ги средам

АвторCOLON  Poliz [Саб Феб 12, 2011 5:09 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: TИКВЕШКО ЕЗЕРО 06/02/2011

Ааа машала ;) добар улов ,за овој период си е повеќе од добро ;) Браво и да ги дуплирате наредниот пат ;)

АвторCOLON  AntonioVe [Саб Феб 12, 2011 5:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: TИКВЕШКО ЕЗЕРО 06/02/2011

Фала фала полиз па бериќатфарсан и кај вас,сооглед 1 улов во зимска 2011 и ние задоволни и насмеани :D

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/