www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Сеп 20, 2024 4:53 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Велешки подморници
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 04, 2011 1:37 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Oкт 28, 2010 9:01 am
МислењаCOLON116
Со душа чекав да залади времето, летово испадна премногу долго. Конечно минатата недела дожд и паѓање на температурата и долго очекуваниот северен ветер. Веднаш направив едноноќен тест риболов со задоволителен резултат, едно крапче од 2кг. Не е којзнае што, ама за нашево незгодно езеро не е лошо. По два дена со чамецот и сонарот се провозивме по езерото, најдовме место што ни изгледаше добро за крап и прихранивме со царевка и боили. Во вторник и среда пак прихрана во исто време. Во четврокот одиме. Тони кај мене стасува пред време, набрзина фрламе се што треба и не треба во кола, ја закачуваме приколката со чамецот и кај 15.30 сме на местото. Прво чамецот во вода, па почнуваме со трските. Тони ги фрла двете трски лево, јас треба со трите мои десно. Ја фрлам првата, се враќам по втората и веќе на левите трски има удар, и тоа каков удар, страотен ран :shock: прачката ќе ја однесеше во езеро. Тони веднаш ја фаќа и ајдееее скокаме во чамецот насмеани до уши, за 15 минути имаме удар, фантазија. Ја влече рибава ама некако не пружа отпор и ми вика овоа е караш изгледа, абе каков караш човек прачката ќе ти ја однесеше караш такво нешто не може да направи му викам, после тоа направи некој трзај и претпоставивме дека е крап од 4-5 кг. По неполна минута рибата се откачи, а северчето не однесе 50 метра надоле. Дали да си среќен што има толку брзо удар или несреќен што се откачи?! Ајде не бил наш. Некаде по форумиве прочитав една интересна, „ Мојата риба не може никој да ја фати, таа мене ме чека„. Ги префрламе левите трски и јас успевам да фрлам 2 мои трски и повторно удар на левите. Тони ја фаќа трската ама мене ми ја предава, ај сега ти вади го ми вика. Океј, нема проблем ;) . Влегувам во чамецот и пак истата финта, рибава не пружа отпор. Јас го влечам и иде како кученце накај мене. Кога се доближи на 10-тина метри почна да влече накај средина на езерото, и пополека ама некако моќно не влече. Ќе пробам да ја одлепам малку рибата, ќе ја напумпам, ќе ми повлече 3-4 метри конец, пак ќе ја дигнам малку пак оршата ќе почне да зуи. Ветеров не носи надоле, Тони се мачи со веслото, јас со рибата, а рибава никако да ја видиме колкава е и што е. Многу јака риба, не се дава, почнаа да ми отрпнуваат прстите на десната рака од трската. Конечно по 15-тина минути се појави силуета под површината . Леле колкав е, ако е крап е над 20кг, ми вика Тони. После тоа лево-десно уште неколку амурски бегања, ненормално јаки и кеифски :mrgreen:, го нацрпуваме амурот и малку викање и крекање среде езеро од радост. Ветерот не однел веќе 300 метри настрана, ама тоа не е проблем за 2 минути се стасува со ваква риба во чамецот. Значи амур бил и тој прееска. Јатото легнало кај нас на хранилиштето и крка боили. Весламе накај трските со една мисла во главата дали ќе ги видиме сите трски надвор. Наближуваме и гледаме трите трски стојат, две десно една лево. Ух, добро е, ни олесна. И свингерите се на место, ама како се доближуваме гледам на едната трска десно конецот наместо надесно налево оди, ја гледам шпулната празна скрос ! Иииииии! Паника не фати, брзо рибата во сак ставај ја, кепчето монтирај го, влегуваме пак внатре. Рибата извлекла 250 метри конец и влегла во некоја закачка. Се обидувавме 5-6 минути да ја извадиме, ама не биваше и скинав. Северот не тепа цела време .Се враќаме пак на брегот. Стасуваме на брегот капнати од умор и возбудени до даска. Ни останаа уште две трски во вода. Треба да префрламе ама немам душа веќе. Јас седнувам на тревата, Тони го зема телефонот да се јави кај пријателот да му каже што ни се случува. Додека зборува со него на телефон пак удар на левата трска. Се фрла телефонот и пак скокање во чамец. Лудница! Сега веќе поосоколени, го вадиме за 5 минути амурот, малку помал од претходниот. Излегуваме надвор, ја ставаме рибата во сак и двајцата седнуваме на тревата и се чудиме што ни се случува. Во вода остана фрлена само една трска од 5 планирани. Ни распакувани салам, ни шаторот поставен, една ракија не се напивме, а 4 удари од подморници имавме! Оклештени до уши и капнати од буквално физичката работа, ги фрливме конечно сите трски и се напивме по една како луѓе.
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Ноќта помина ептен мирно, немавме ни едно тит. Ама баш ништо. А претходно се надевавме на удари само ноќно време, ама удари од крап, а овде беа амурите, од крапот ни трага ни глас. Утрото во 7 ч удар на десната страна. Влеваме во чамецот и рибата се откачува. Јебига. Сонцето почна убаво да тепа а малку и од алкохолот претходниот ден, не наваса дремка па се бапнавме на спиење во шаторот кај 11ч. Во 12ч удар на левата страна. Влегуваме во чамецот и кеифски и мераклиски си го вадам амурот (12,5кг). Уживанција! До вечерта немаше ништо освен мезење и пифкање, ноќта такуѓере. Следниот ден, во саботата пак удар десно во 7ч. Овојпат најмало амурче, само 10кг, ама борбено.
[ img ]
[ img ]
Кај 11ч се собравме и ние и сето ѓубре зад нас, и од нас и од еден куп други, и презадоволни заминавме дома. Тргнавме со мисла да фаќаме крап, ама налетавме на исто толку ако не и поборбена риба од крапот. Ловев на домашно изработени боили, со класичен полуфиксен систем, со 80гр олово, јадици корда курв шенк бр.6. За 48 часа имавме 7 удари, од кои 4 реализирани. Подобро здравје !

[ img ]
[ img ]

Поздрав


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Велешки подморници
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 04, 2011 1:51 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
хахаххаа еј јако ви било вас бе :lol: :lol: :lol: :lol:
браво секоја чест - имав некој предосекјај дека ова ке биди интересна репортажа
топ 10

поздрав и БИСТРО! НА ВОДА :mrgreen: :mrgreen:

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Велешки подморници
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 04, 2011 2:01 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jул 03, 2011 12:48 am
МислењаCOLON312
Авал да ви е бре МАЈСТОРИШТА !!!
Што мераци сте тргнале бре бре :!: :!: :!:
И сте ваделе и сте одмарале - поубаво здравје !

П.С. Се лови ли амурот зимно време?

_________________
PRAV PECAROS NE BIRA RIBI
Debeli-Slabi, Stari-Mladi
Bitno da ima TURI (FRLI) - VADI


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Велешки подморници
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 04, 2011 2:14 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Prekrasno nesto uste poubavo dozivjaj ste imale, amurive napravile kejf za site pari :d


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Велешки подморници
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 04, 2011 2:51 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
alal vera mnogu jako ste pominale vi posakuvam ushte mnogu vakvi akcii :D

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Велешки подморници
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 04, 2011 7:04 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
koa gi vidov ovie na bateriite mi pisuva empty a vo sabotata gi napolniv epten brzo crknaa :D :D :) ;) :D


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Велешки подморници
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 04, 2011 7:36 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Многу јако доживување сте имале,браво одличен провод, цел живот да се памти :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Велешки подморници
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 04, 2011 9:18 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Хахаха.....од кај ми се познати делови од приказната......кај Вас само немало летање на трска во вода, а кај нас немаше влегување во чамец и борба на сред езеро, ......сето друго скоро исто......, многу чудно, овој период од годината треба со црвено да се подвлече, на два региони во Македонија амурите парче праеа.....

За Велешко ова се одлични информации, јас оваа година ниту еднаш не сум го посетил, разочаран од тоа километарските мрежи што ги испофаќаа (со мисла уште колку не се фатени) и со мисла дека таму рибата е партал направена, што не е далеку од вистината......ама исконското во рибата си работи, очигледно доста риби се спасиле од бандитите и мрежите....

Вардарски, Тони, секоја чест, мераци до посеруење......камо да имате по 5-6 вакви годишни доживувања


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Велешки подморници
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 04, 2011 9:31 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Многу се радувам кога ќе видам вакви рибетини на наши езера, сепак не е се истребено! :)

Вардарски, за следниот риболов земи си хроничар и фотограф, да излезе ѕверска репортажа, пошо гледам дека го имаш рецептот за добри амури! :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Велешки подморници
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 04, 2011 10:54 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Oкт 28, 2010 9:01 am
МислењаCOLON116
Филип НапишиCOLON
Вардарски, за следниот риболов земи си хроничар и фотограф
Богами требаше една камера да снима се што се случуваше во првите саат-два, страшно беше :D .


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 50 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum