www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Козјак-преку Јасен и Црнецот на мостот http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=1881 |
Страна 1 oд 2 |
АвторCOLON | limun75 [Нед Maр 25, 2012 11:04 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Козјак-преку Јасен и Црнецот на мостот |
Синојка утепан до даска од Дојран,после тоа чистење риба до касно,ми се јави другарот,не му се седело дома другиот ден и по кратко размислување паднадоговор,каде ако не на златниот ни Козјак... Ама да одиме преку Јасен,повеќе како излет и проштека и да маркираме некое место за понатака... Во пет часот стигнавме пред Јасен и го чекавме успаниот чувар да ни ја отвори портата за влез во рајот(Козјак).... Како мали деца нестрпливо чекавме да ни отвори и да си ја бркаме работата за која појдовме.. Откако не пуштија нас и други три коли тргнавме преку Јасен,патот го знаете тесен,кривини,одрони... А новиот пат,асфалтиран,со две ленти...милина Или не... Одрони на секоја кривина,некои и по 3-4 метри високи и на цела лента испопаѓани.Језиво до немај каде.. Се возевме покрај езерото,зјапаме,разгледуваме,застанавме негде пред улив 2-3 километра и оп одозгора гледаме рипна едно убаво парче.За брзо време друго...И толку требаше,ни го запали фитилот... Земавме трските и надоле ко диви кози(во случајов прчови) А Треска носи ѓубре по езерото,за сите пари...дрва,гранки,шишиња пластични,и што ли уште не... Фрлавме саат ипол,де на џигер,де на чаирски црви,на калифорниски,на бели плашката си играше к...т Видовме дека рибата што скокаше само не поздравувала,се собравме и назад накај мостот(рано е за црнецот).. Поглед лево Поглед десно Се спуштивме доле под мостот во едно заливче и тука да пробаме.И овде иста песна едно два саата,се додека нешто не ми го зема чаирскиот црв...Успеав да ја задржам едно триесетина секунди,и ко од шала ми го скина 0,25 конецот.Претпоставувам дека беше пастрмка,јака и борбена....клен да беше и да е покрупен,на влечење е млитав,тек на површина дава отпор и контра..И тоа беше цел ден,пцуев цел пат навака од мака и нервоза... Црнецот ни мавташе од мостот и се оштреше за уште едни муштерии кои ке го папаат.. Меѓутоа искочи фер црнецот,па ни понуди вип картици,да бидеме негови стални гости,кои секако ги одбивме... И на крај,кога нема да фатиш риба,што друго ке пишеш,освен:Битно си поминав убав ден во природа покрај вода,мезенце,ракииче и сите салтанати исполнети Ке заборавев,маткајки се по гранките околу брегот,си го најдов ова воблерче..мало пастрмче Доколку некој си го препознае,може само да ми посака со здравје да си го служам и да ја закачам вујнaта на малово пастрмче Бистро. |
АвторCOLON | Atanasovski [Нед Maр 25, 2012 11:07 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Козјак-преку Јасен и Црнецот на мостот |
Pa sto si baral kaj crnecot , si izvadil nesto. Vobler |
АвторCOLON | laguna644 [Нед Maр 25, 2012 11:09 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Козјак-преку Јасен и Црнецот на мостот | |
Меѓутоа искочи фер црнецот,па ни понуди вип картици,да бидеме негови стални гости,кои секако ги одбивме...
|
АвторCOLON | Филип [Нед Maр 25, 2012 11:14 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Козјак-преку Јасен и Црнецот на мостот |
Мењај ги трокуките одма |
АвторCOLON | Илчо [Нед Maр 25, 2012 11:15 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Козјак-преку Јасен и Црнецот на мостот |
Браво за уловот колега мене ми изгледа како да е еден од нашите Fisherman можда сум грешка |
АвторCOLON | baze [Нед Maр 25, 2012 11:56 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Козјак-преку Јасен и Црнецот на мостот |
Брат не се секирај не сте единсвени што сте преговарале со црниот,и ние вчера преговаравме кај браната и одвај се спасивме.Бевме 3 залив после браната и нејкеше да пипне пробавме на се на џигер,бели,црни црви,лепче,мафтавме на воблери,18метри,10метри 4метри дубина нисто една пласка и тоа за опаш.Kircask I Dare го свртеа цело езеро и ниеден удар.Изгледа уште е рано!? |
АвторCOLON | howitz [Пон Maр 26, 2012 12:00 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Козјак-преку Јасен и Црнецот на мостот |
е пука монофил од пастрмка си бара и она |
АвторCOLON | kompir99 [Пон Maр 26, 2012 7:43 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Козјак-преку Јасен и Црнецот на мостот |
eejj mojot vobler,abe sto sreklija sum cccc..fala Limun... |
АвторCOLON | Rade [Пон Maр 26, 2012 9:05 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Козјак-преку Јасен и Црнецот на мостот |
Има една стара кинеска поговорка Ако те сефтоса црнецот, потоа сам ќе почнеш да го бараш Супер сте се прошетале а за другиот пат земете оклопно возило за по тој патот. |
АвторCOLON | Boris [Пон Maр 26, 2012 12:22 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Козјак-преку Јасен и Црнецот на мостот |
заради воблерот те пуштил.... тоа е, сега знаеш на што да му фрлаш |
Страна 1 oд 2 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |