www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Кокичиња од Тиквешко езеро
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=1871
Страна 14

АвторCOLON  Rade [Пет Maр 23, 2012 9:29 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Кокичиња од Тиквешко езеро

Благодарение на празникот Младенци, денес се најдов слободен и на сета таа во Кавадарци, па одлучно решив да направам сефте годинава. Испив едно кафе, завршив некоја работа и околу 11 бев извадив дозвола од најубавиот, најљубезниот и најгостопримливиот концесионер од Паљурци па се до Пчиња :oops: . До 12:30 ги собрав трските, копнав некој црв, пола векна топол леб и пат под Југо Корал-55.
Отидов на Ресавскиот дел и што ќе видам, на моменти наликуваше на пустината Чад, но стигнав до првата вода и без никакви очекувања скромно се распослав тука. Не ми беше по ќеиф позицијата пошто се надевав на барем 3,5 - 4 метри длабочина, но личниот опис на езерото му е променет а ланските места каде што ловев, беа 100 метри погоре. Врзуав, преврзував со она што останало, со надеж да поуживам малку на сонце, но и со сеќавања од лани дека на овој датум имав резултати. Водата постојано растеше, Т. не повеќе од 10 степени, воздух 23-4 степени. Од рибари ни трага, сам на цело езеро.

[ img ]

Една пушка беше од минатиот век, 4 м. Трабуко, со 14-ка конец и 12-ка јадица, тапа ваглер 4 грама.
Другата пушка 6м. Тубертини Левел 4000, 14-ка конец, 12-ка јадиче мустад, тапа 1,5 гр. и плус уште едно јадиче на 30 цм погоре. Директно без подвез (незнам да го правам).
Трета пушка, уствари не е ни за кажување :lol:
Мамец црн црв и на 2-3 пати лепче.
Фрлив 2 топки леб. пошто толку имав и половина час немав удар, но наеднаш потона десната тапа и знаев дека мора да е црвеноперка. Од досегашното искуство во овој период од годината, на овие плитки терени (до 4 метри), таков стрела удар (единствен денес) на црн црв мора да е она. Сомчето го нема и до 15-20.04 е раат за ловење, па макар и ништо не фатил. Но кај 14:00 млитаво се издигна ваглерот и пак се врати во нормала, јака контра зашто ветерот ми правеше мев од конецот, ловев на 20 метри од брегот (за да постигнам барем 2,5 метри дубина) и со малку отпор ја извадив првата црвеноперка.

[ img ]

Потоа на 6-ката удар пак погодок и така во неколку наврати со паузи од по 20-30 минути излегуваа само по 2 парчиња и тоа едно по друго, само на 4-ката или само на 6-ката. Иако дуваше слаб но незгоден ветар, мислам дека бев максимално ефикасен и сите удари ги искористив. Интересно за мене но ваглер тапата даде резултат, иако немам тонечки конец, имам обичен болоњезе, но во периодот од 14:30 до 16:00 работеше само на неа иако премногу млитаво. Монтажта ми беше фиксна, со 3 грама олово под тапата и 1 грам олово над јадицата на 15 цм.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]



Имав само еден удар на втората јадица на 6-ката сите други удари беа по земја, што ми е малку чудно пошто секогаш црвеноперката повеќе ми јаде висечки и на втората јадица. Првата јадица заедно со ниско поставеното олово речиси да го користам како „котва“ против ветерот, додека онаа што е повисоко си ја врши работата.
Но денес не бил така денот, навистина водата беше ладна, рибата ептен млитава и нерасположена за дружење,
колегите од Кавадарци мислеа дека ги зезам кога им се јавив и им кажав на која позиција во ова време извадив риба. На крај избројав 17 убави парчиња и најсреќен на целиот свет си заминав дома, па седнав да ја направам мојата пра репортажа, ама со лош телефон документирана.

П.С. На ми се смеете на чуварката ама оваа ќе го собере и сомот на Полиз :lol: Откако 2 изгубив, решив веќе да не давам пари за нив.

АвторCOLON  limun75 [Пет Maр 23, 2012 9:43 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кокичиња од Тиквешко езеро

Останало нешто во езерото од лудиот... :lol: :lol: Кратко ама слатко си го истерал денот,убав улов... ;) Убаво е да се види Тиквешко,порано моја најомилена дестинација,која ради х причини ми стана најодвратна... :evil:

Раде кога ги уплодираш сликите во Pic.mk,копирај го Direct Link ,во resize стави 800 и ке ги појави големи.

Бистро.

АвторCOLON  ТафТабиТ [Пет Maр 23, 2012 9:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кокичиња од Тиквешко езеро

браво Раде

убаво сефте , поготово за на Тиквешко кај луди милојко :mrgreen: :mrgreen:

поздрав

АвторCOLON  kire [Пет Maр 23, 2012 9:51 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кокичиња од Тиквешко езеро

Добро е Раде,искочила понекоја црвеноперка за кејф :D

АвторCOLON  Илчо [Пет Maр 23, 2012 9:57 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кокичиња од Тиквешко езеро

Супер колега си се прошетла си извадил риба спрема мене успешен ден ;) :D

АвторCOLON  Boris [Пет Maр 23, 2012 9:57 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кокичиња од Тиквешко езеро

како за прва, бомбона е репортажата, и рибите се прекрасни

АвторCOLON  Poliz [Пет Maр 23, 2012 10:32 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кокичиња од Тиквешко езеро

Поздрави за споделениот излет,Раде ;) Црвеноперките се супер ;) Веќе ги гледам подредени во тавче со врел зејтин :D

АвторCOLON  Kremenadla [Пет Maр 23, 2012 10:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кокичиња од Тиквешко езеро

Уф шо се убави, какво добро пржење нудат леле леле лиги ми потекоа :) :)

АвторCOLON  Krki [Пет Maр 23, 2012 11:14 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кокичиња од Тиквешко езеро

rade majstore od Pcinja ma od jankovic do bogorodica bravo ubava crvenoperka.

АвторCOLON  spiro_jas [Пет Maр 23, 2012 11:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Кокичиња од Тиквешко езеро

браво раде излет за милина си направил а и убаво мезе излегло од излетот се надевам дека те чекало ладно пиво после овај излет :D
-инаку пошто тие прва репортажа а и чуварката некако не ме бендиса еве од мене ке ја добиеш
чуварката која си ја купив од скопје --за која знаат и КИРЦАСК,КРСТЕ1987,БОРИС,БАЏО :lol:


---пс пуштими адреса на ПП и да ти ја пратам (чуварката нема сеуште видено вода)

--НЕЕ ЗА КОЈ Е РЕЧЕНО ТУКУ ЗА КОЈ Е ПЕЧЕНО--- :mrgreen:

Страна 14 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/