www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Дводневен аранжман на Козјак
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=1867
Страна 13

АвторCOLON  Boris [Чет Maр 22, 2012 5:56 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Дводневен аранжман на Козјак

aj и ја да најдам време да склопам репортажичка како поминавме викендов......


Изминати патишта кога сме оделе све нешто се туфкаме при крајот на денот, ту да имавме уште сат време, ту да имавме уште два сата....

Епа овој пат решивме да правиме Дводневен аранжман на Козјак, што со оглед на времето, сончево и тивко, беше одлична идеја. Во село Близанско најдовме контакт од еден чика кај кого може да се преспие за 150 денари од човек и планот беше скован – идеме релаксирано 2 дена во потрага по клен и секако некоја од “лепотиците“ на Козјак.

Во саботата се спуштивме и уживанциите започнаа. Додека се пробуваа првите воблери, кременадла изненади со едни мини криглички за ракиичка, од оние за кои викаат дека треба да ги врзеш со конче за да не ги голтнеш, што дополнително ја разубавеа атмосферата.
[ img ]
[ img ]
Сонцето веќе беше излезено и полека не опушташе од сабајлечкиот студ.

Следеше прекрасен ден на Козјак. Вози, застани, вози, застани, пробај, овде, пробај онде, пола ден отиде без никаков удар што беше малку разочарувачко, ама бар се уживаше во убавата природа и секако надежите дека рибата ќе се јави.
[ img ]
Опуштената атмосфера ја прекина удар на првиот кленко, јадар, борбен, но совладан.
[ img ]
После првиот удар ново затишје, рибата ја немаше, не видовме ниту еден скок, ниту едно појавување. Дојдовме до пределите на езерото кои се прекриени со црвената алга која доста се шири и која го прави езерото гнасно и никакво, кујзне до кога ќе се шири и какво е нејзиното дејствие. Она што беше позитивно е што површинската температура на водата почнува да расте и забележително е повисока во вториот дел од езерото накај улив на Треска. Се надевавме дека овој факт ја има присобрано рибата на тие краеви на езерото и полека се движевме во тој правец. Поминавме доста места во кои беше забележително присуство на плашка, факт што ни влеваше надеж дека грабливците се во близина, но баш на тие места грабливец не се појави, бар не кај нас на трска.

Веќе беше пладне, кога од досада решив да ја пробам мушичарата која ја носев, ова и беше прво идење на вода и прво зафрлање со неа. Почнав да се мачам и да го печам занаетот додека другите двајца спасуваа глава да не ги закачам. И додека јас зафрлав мушица, вториот удар баш на мојата спин трска, .....мал хаос во чамецот, посебно што рибата даваше јаки повлекувања и не знаевме што е. Ја фрлив мушичарата и возвратив на ударот. На сцена стапи новата Red Arc машинка која, како што рече некој од форумов “не и дава шанса на рибата“, навистина прекрасна машина на која е мерак да се работи. Излезе вториот кленко уште поголем од првиот, кој стварно се бореше мушки.
За жал, тоа беше се за тој ден. Ловевме уште едно 2-3 сата, истражувавме нови терени, кај куќите, кај мостот и нешто понатаму, се стациониравме на 2-3 места каде што пробувавме на разно разни кашики и железа, но риба не даде. Веќе се пристемнуваше и време беше го најдеме смештајот.

Го најдовме чика Стојмир (мислам дека така се викаше), со бабичката, убаво не примија во старата куќа, но мераклиска, се освеживме, сркнавме кафе, измезивме кобасички со ладно Крале Марко, сублимиравме што се случуваше дента, направивме план за утредента и се бапнавме да спиеме како покосени.

Од сабајле мобилните за будење се развонеа уште во темница, а домаќинот не пречека со утринско кафе. Се освестивме, се облековме, сркнавме кафе и повторно на езеро.

Овој ден бевме решени да истражуваме малку кон улив. Поминавме многу места и на влечење и на фрлање од рака, имавме само еден удар нереализиран. Она што беше жално за реонот после мостот, околу селото Близанско и нагоре кон улив беа испокинати мрежи на сите страни, кои сега на падната вода го откриваа криминалот кој се правел и сеуште се прави во овие делови на езерото. Инаку од моабетот со човекот кај кој што спиевме, разбравме дека сите што се локални жители си имаат мрежи и си таманат риба. Посебно добар плен имаат сега на пролет, или според зборовите на човекот “Сега кога ќе се качи езерото, рибата ќе дојде у крајот (читај во мрест) и тогаш има најмногу риба“....тоа е тоа, што да кажам....и тоа Козјак важи за чувано езеро....по другите....
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Нејсе, ние го истепавме пола ден без никаква риба, се откажавме од разно разни обиди, смени ова, смени тоа, застани овде, застани онде и почнавме да се враќаме накај Здуње, во опуштена и релаксирана атмосфера.
[ img ]

Попладнето имавме 3 удари, на убави кленковци, од кои 2 извадени и еден откачен поради несмасност со кепче.
[ img ]
Се на се, викенд со убаво време, но и доста слаба активност на рибата.

До следниот пат, БИСТРО

АвторCOLON  Илчо [Чет Maр 22, 2012 5:59 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дводневен аранжман на Козјак

Убави кленковци паднале... супер прошетка во природа ;) :D

АвторCOLON  $DARE$ [Чет Maр 22, 2012 6:08 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дводневен аранжман на Козјак

Супер, се сретнавме на езеро, помуабетивме, разменивме мислење околу риболовот дента, НО сепак вие сте имале убави удари и покрупни примероци на кленковци. Мислам дека магијата е во кригличките на кременадла :)) :lol: :lol: :lol: :lol:

АвторCOLON  limun75 [Чет Maр 22, 2012 6:13 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дводневен аранжман на Козјак

Ах,дводневен викенд на Козјак...Нирвана 8-) Убави партали сте истегнале ко за сефте.. ;) ја гледам последнана слика,незнаеш кој е поличен,Кременадла или кленко... :lol: :lol:

АвторCOLON  Krki [Чет Maр 22, 2012 7:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дводневен аранжман на Козјак

Dobra terapija tie kriglite treba da nabavi Kremenadla poveke za gostite nemavte.

АвторCOLON  kircask [Чет Maр 22, 2012 7:32 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дводневен аранжман на Козјак

Odlicno skockano sredeno :D

АвторCOLON  Poliz [Чет Maр 22, 2012 7:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дводневен аранжман на Козјак

Алал да ви е,риболов со преспивање си е посебна магија 8-)

АвторCOLON  Stole [Чет Maр 22, 2012 7:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дводневен аранжман на Козјак

Абре Борис,
Како имаше трпение да чекаш до четврток и да ја објавиш оваа убава репортажа. Во “посната“ недела ова дојде како шлаг на торта. Браво за екипата.

АвторCOLON  Atanasovski [Чет Maр 22, 2012 8:16 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дводневен аранжман на Козјак

Poliz НапишиCOLON
Алал да ви е,риболов со преспивање си е посебна магија 8-)
Bas taka, i dobri klenovi.

АвторCOLON  kire [Чет Maр 22, 2012 8:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дводневен аранжман на Козјак

ЕЕхххххххх,убавини... :D :D

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/