www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=1757
Страна 17

АвторCOLON  saso [Нед Феб 26, 2012 9:34 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris

Вчера долго мозгавме каде да се оди на риболов. Грција далеку ми изгледаше а и никој нешто не се пофалил па вечерта решивме со Срѓан да одиме на Козјак ( попалени од убавото време ). Се слушнавме со Борис и се договоривме да одиме со два чамци.
Стигнавме до Козјак и веднаш сфативме дека не ќе може да се оди по она добро познато патче до езеро. Решивме да пробаме преку брана. Тамо снег 50-тина цм, и воопшто неисчистена. Eдинствена можност ни беше да го спуштиме од почетокот на браната до езеро.
Eзерото е мнооооогу спуштено така да сфативме дека ќе треба многу напор за да се стигне до вода.

[ img ]

Tајфата на Борис, млади и јаки, на три тури го спуштија чамецот и опремата а јас со Срѓан уште мислиме што да правиме Благодарение на пријателите, успеавме да измолиме еден чамец кој беше врзан долу кај браната така да спушавме само мотор и опрема Душа ни излезе, а не сакам да помислам како ќе биде враќањето назад.

Вака се припрема опремата на лице место.

[ img ]

Времето од сабајле, се јадеше, но далеку од вчерашното сончево и топло.
Со Срѓан решивме да одиме исклуциво да уловиме пастрмка. Прво, сеуште треба да е близу обала ( после мрест ), немало нешто многу чамци да ја вознемируваат, што би се рекло - време и е. Второ за кленови ќе има време кога ќе затопли.
Ловевме исклучиво на minnow облици на воблери ( јас пробав и на кашика ) ама немаше никаква активност. Ниту удар. Почнува размислување, зошто не сака, каде е, каде би требало да се наоѓа плашицата ( нејзината храна )
Во меѓувреме, ајде што немаме ниту удар туку од пладне почнува и здраво да врне.
[ img ]

Се изгледаше дека че мора да се вратиме дома со празни раце. A не дека не пробувавме, менувавме длабочини и воблери и кашики и близу до обала и подалеку и споро и побрзо, ама кога не е денот, тоа е тоа.
Решивме се враќаме, ама активно.
Повторно го извадив мојот фаворит Staysee 60SP на Lucky craft во american shad боја

[ img ]

И стварно тоа е топ воблер. Akо треба да одберам да ловам со еден единствен воблер цел понатамошен живот - го одбирам него
Десет минути и бааам, еве ја сребрената лепотица. Машинката зуи, добра борба, на неколку пати проба да побегне во длабочина, се буткаше и под чамец.
И имаш само една мисла - добро ли е закачена ?
Tука треба веќе добро подесена кочница на машинката, треба да го амортизираш секој нејзин ,, run ,, , a флуокарбонот ке издржи ли, често знае да го залапа цел воблер и да го скине со предните заби.
За среќа ништо од тоа не се случи и еве ја во кепче

[ img ]

[ img ]

Подоцна дома ја измерив 1,75. Не е лошо за почеок на сезона. Само нека тера оваа година вака.
За шал тоа беше се од риболовот на Козјак денес. Eден удар, една пастрмка = 7 саати.

Од тоа што се плашев. Добро е што не мора да носиме и чамец aма и моторот и опремата не се малку ( плус има и пастрмка :) ).
Kамењата од браната, заради паднатиот дожд, беа страшно лизгави, голгота. За среќа ништо страшно не се случи и безбедно стигнавме горе. Изморени и задишани ама стигнавме. Поглед од браната кон езерото - уште го нема Борис и неговите. Kako ли ке им биде на нив, они имаат плус и чамец. Млади се, ќе ги биде.
Цело време врнесе дожд, но кога се искачивме на врвот вееше снег

[ img ]

Oва е погледот кон езерото ( што сите го знаеме ), денес изгледаше вака.
[ img ]

Пријатно Козјак до следниот пат.
Продолжува Борис со неговата авантура

АвторCOLON  Млад Риболовец [Нед Феб 26, 2012 9:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris

Прекрасна пастрмка,си направил ќејф :)

АвторCOLON  Zoki rib.prikazni [Нед Феб 26, 2012 9:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris

Bravo decki se e kako sto treba iskreni cestitiki za otvororanje na sezonata...

АвторCOLON  Poliz [Нед Феб 26, 2012 9:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris

Супер риба за почеток на сезоната ;) Ајде да ги видиме и другите ;) што направиле.

АвторCOLON  kircask [Нед Феб 26, 2012 9:57 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris

super reportaza ubava pastrma , ivadena bese na troling ili na raka?

АвторCOLON  ico baits [Нед Феб 26, 2012 10:01 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris

bravo momci ste se izduvale dobro...ubava reportaza ne e sevo ribata,,,,

АвторCOLON  limun75 [Нед Феб 26, 2012 10:04 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris

Златен Козјак.. :D .Можам да замислам како се чувствувате после ваков ден.....Priceless :!: :!:

АвторCOLON  Илчо [Нед Феб 26, 2012 10:10 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris

Убаво составена репортажа,а и пастрмката не е лоша :D :D :D :D

АвторCOLON  kire [Нед Феб 26, 2012 10:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris

Убава пастрмка,барем вредела маката,што би рекле слатки маки :D

АвторCOLON  Lepi [Нед Феб 26, 2012 10:51 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris

[ img ]

Страна 17 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/