www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Мисија-штука на петти спрат
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=1731
Страна 12

АвторCOLON  Poliz [Пон Феб 20, 2012 5:51 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Мисија-штука на петти спрат

Носени од идејата да ја размножиме штуката по вештачки пат,кај нас а и по неуспехот на екипата ,која тргна по штука во едни Сибирски услови по Битолско,бев решен првиот потопол(ако може така да да се каже)ден,да го искористам за да пробам да фатам машка и женска единка штука и да продолжиме со надежта за вештачко оплодување.Тргнавме со Баки од Струмица по претходен договор со Борис,Даре,Кирца....и други доброволци од Ск,кои требаше во случај на успешна мисија од наша страна-да не пречекаат негде на пат ,откако ке минеме граница.
Со штуки во главата и со колбаси , кременадли,печурки,ракија и се што оди со прво ноќевање во 2012,тргнавме со Баки во поход.Решивме да започнеме од еден канал како прва опција,знаејќи дека реките се доста полноводни во овој период после топењето на снеговите.
На каналот не пречека студено изгрејсонце :arrow:
[ img ]
Фрливме 4 трски на жив мамец(караши имав живи уште од ноември,лани 8-) ) и започнавме и со кашиките и воблерите.
[ img ]
Баки се сонча и чека ;)
[ img ]
И си останавме на чекањето.
Од штуката ни трага ни глас.Гаранција дека токму сега се мрести и дека ја испуштивме за овогодинешниот експеримент.
Јас по малце разочаран
[ img ]
,но сепак по пат имавме уште неколку води кадешто има штука,па собирање после три поминати часа на каналот и правец Ангитис :arrow:
Менење на едно па друго па трето место,пробање на се и се што во надојдената вода-но тоа за што бевме дојдени го немаше или пак беше тука но храна не го занимаше туку само секс :roll:
Меневме се и сешто на спинингот,се додека на Баки не му се посреќи ;) со единствената риба за овој ден-клен 2450 кг.Вистински трофеј.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Удри на Ujka мал,портокалов-црвен.
Од таму -правец на уште еден канал :arrow:
[ img ]
со намера тука да преспиеме,правиме софра и го искористиме утрешниот ден за да пробаме да фатиме некоја штука,но коа не оди не оди.Налетавме на штотуку пален брег од Грците ,сеуште чадеше и последно што би направиле беше да седиме во пепелта и димот и правиме скара и спиеме.Фрливме од нога саат време трските пак се на ново-ни ш од штука и собирање ,и измалтретирани -правец дома.
Експериментот за штуката не смее да застане-нека испита некој дали може да ги задржи штуките живи, пример до другото мрестење за да се фатат било кога во годината и да се чуваат.
П.С Останаа колбасите неиспржени и ракијата неиспиена :lol:

АвторCOLON  $DARE$ [Пон Феб 20, 2012 6:03 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мисија-штука на петти спрат

Уффф како само чекав да свирне телефонот.......Штуките ми се вртеа цело време во глава ама ете повеќе среќа следниот пат........и БЕЗ РАЗОЧАРУВАЊЕ !!!

АвторCOLON  kircask [Пон Феб 20, 2012 6:14 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мисија-штука на петти спрат

Nema razocaruvanje brat mi Poliz neka udrat mladite stukicinja niv ke gi cuvame 40 komada se dovolni za godinava da gi socuvame. Se nadevam na Crna ke dade stuka isto mala golema kakva i da e. Ako ne Grcka

АвторCOLON  ribarottt [Пон Феб 20, 2012 6:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мисија-штука на петти спрат

Пијте ја ракијата да не ви се расипе :lol: .Одлична авантура момци.На ангитис имаше знаци од бојник и попадика?

АвторCOLON  Poliz [Пон Феб 20, 2012 6:43 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мисија-штука на петти спрат

ribarottt НапишиCOLON
Пијте ја ракијата да не ви се расипе :lol: .Одлична авантура момци.На ангитис имаше знаци од бојник и попадика?
Не пробавме-не пуштија само за штуки :D

АвторCOLON  spiro_jas [Пон Феб 20, 2012 7:19 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мисија-штука на петти спрат

браво за кленот навистина добар капиталец

АвторCOLON  kire [Пон Феб 20, 2012 7:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мисија-штука на петти спрат

Многу убав кленко,браво за мајсторот,штета што не удрила штука,ама не очајувајте секогаш има следен пат ;)

АвторCOLON  Poliz [Пон Феб 20, 2012 9:35 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мисија-штука на петти спрат

kire НапишиCOLON
Многу убав кленко,браво за мајсторот,штета што не удрила штука,ама не очајувајте секогаш има следен пат ;)
Далеку од очајување :) криво ми е за експериментот што се пролонгира,затоа и направив жртва да одам.

АвторCOLON  Илчо [Пон Феб 20, 2012 9:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мисија-штука на петти спрат

Секое одење не е изгубено време без разлика какви резултати повеќе среќа следниот пат :) :D

АвторCOLON  Баџо [Пон Феб 20, 2012 9:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мисија-штука на петти спрат

Mozno e godinava da se prazni ezeroto pri REK Bitola :( , pa ako e toa realnost od tamu moze da se nabavi neshto!

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/