www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Се наштукавме :)))
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=135
Страна 12

АвторCOLON  Poliz [Пет Дек 10, 2010 5:04 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Се наштукавме :)))

Планот за овој риболов го направивме неколку дена наназад,кога ја отворивме неделната временска прогноза и видовме дека од петок настапува нагла промена на времето :o
Немаше време за тактизирање.Среда-четврток беа нашите викенд денови за риболов.
Понеделник и вторник беа денови за припрема и фаќање мамци за штука ;)
И се помина по планот дури и времето го погодија метеоролозите :mrgreen: :mrgreen:
Среда сабајле бевме на реката.Исплашени од поплавите и надојдените води,пријатно бевме изненадени кога видовме дека не е толку страшна ситуацијата :)
Бевме јас,Јупи и Мики-стара штуко разбивачка бригада :mrgreen:
Од мамци имавме речни црни мрени за од почеток,после веќе се снабдивме и со попадики ;)
Се разделивме таму и сите бевме на по 500 метра еден од друг,така да немаше ни кој да те слика ни не дај боже да ти кепне нешто поубаво ако удреше.Сите бевме оставени кој како знае и умее.Затоа и сите слики што ќе ги прикачам тука,се од вечерно време кога четата се собираше кај Витото ;)
Еве после утрото,тука се гледаме за прв пат со екипата :mrgreen: :mrgreen:
[ img ]
Мики се спрема за правење салата ;)
Во позадина -спалната :mrgreen:
Јас ја ставам првата тура домашни колбаси :arrow:
[ img ]
Ајде ајде :lol: :lol:
[ img ]
Шо убава боја добиле....
И гравчето е готово....
[ img ]
Си поседевме докај 9,апнавме и си легнавме.
Во 5-30 веќе бевме на нога и правец-секој на своето место.Да имаше кој да слика за време на риболовот ќе излезеа страшни фотографии,но...тоа е тоа ;) снимки во самиот финиш.
Се собравме кај комбето околу 4 поручок,исчистивме, го собравме цело ѓубре,се испосликавме,и не најде 5 ипол :D :D
Еве по некоја слика за крај.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Имавме вкупно 22 штуки,до 3 килограми,од кои има одделено пак за во Водоча,десетина кленови од кои 3 навистина убави до кило и пол,и ситна попадика.
Да помине овој ладен бран,па здравје пак во поход ;)

АвторCOLON  Lepi [Пет Дек 10, 2010 6:09 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Се наштукавме :)))

... ааах тие домашните имет уба работа завршено :mrgreen: Алал да вие, убав провод сте имале ;)

АвторCOLON  emo vasilev [Пет Дек 10, 2010 6:35 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Се наштукавме :)))

Браво на майсторите ! ;)

АвторCOLON  СЪНДИ [Пет Дек 10, 2010 6:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Се наштукавме :)))

Думите са излишни друже...... ;) :shock:

АвторCOLON  Филип [Пет Дек 10, 2010 8:56 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Се наштукавме :)))

Јас си кажав, опремата е на готовс, уште на пролет модераторот да ми (ни) врачи покана за дружба на штука и готово :)

АвторCOLON  Lepi [Пет Дек 10, 2010 9:21 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Се наштукавме :)))

... Филип, Штуката се лови цела година, а сега е баш активна, пошто се групира за мрест. Не знам кога е забрана за Штука во Македонија и дали ја има, но знам во Немачка е од 15 Фебруари до 31 Март. Така да ние, една група од Охрид, сакаме да појме до Битола кај туланата или на „Црна“ да фатиме некое „парче“ ама ќе бидите накнадно известени ;)

А кај шо одет мајсториве е баш Човек да им завидит :cry: Ние Охрид само коментираме „Мајку му е..м, олкаво Езеро а сиромашно е ем со разни видови на риби ем и тие шо се, се вејќе пред истребување “ ...

АвторCOLON  Филип [Пет Дек 10, 2010 10:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Се наштукавме :)))

Lepi НапишиCOLON
... Филип, Штуката се лови цела година, а сега е баш активна, пошто се групира за мрест. Не знам кога е забрана за Штука во Македонија и дали ја има, но знам во Немачка е од 15 Фебруари до 31 Март. Така да ние, една група од Охрид, сакаме да појме до Битола кај туланата или на „Црна“ да фатиме некое „парче“ ама ќе бидите накнадно известени ;)
Лепи, читав за штуката на Црна, ама не знам точно во кој дел ја има, од кога ја има, и дали има шанси да се фати или џабе ќе се оди...
А шо има во Битола кај туланата? :)

Инаку, јас се пријавувам за на пролет ради времето, да биде поубаво, да не биде кочан, да може да се напраи добра седенка на отворено итн итн итн :)

АвторCOLON  Poliz [Пет Дек 10, 2010 11:01 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Се наштукавме :)))

Филип НапишиCOLON
Јас си кажав, опремата е на готовс, уште на пролет модераторот да ми (ни) врачи покана за дружба на штука и готово :)
Ќе врачиме де :D писмено со штембил заверено :mrgreen:

АвторCOLON  Dragan.S [Пет Дек 10, 2010 11:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Се наштукавме :)))

Lepi НапишиCOLON
... Филип, Штуката се лови цела година, а сега е баш активна, пошто се групира за мрест. Не знам кога е забрана за Штука во Македонија и дали ја има, но знам во Немачка е од 15 Фебруари до 31 Март. Така да ние, една група од Охрид, сакаме да појме до Битола кај туланата или на „Црна“ да фатиме некое „парче“ ама ќе бидите накнадно известени ;)

А кај шо одет мајсториве е баш Човек да им завидит :cry: Ние Охрид само коментираме „Мајку му е..м, олкаво Езеро а сиромашно е ем со разни видови на риби ем и тие шо се, се вејќе пред истребување “ ...
...еее Лепи абе Вас во Охрид изгледа толку ве бивет..само се фалите :lol: :lol: ..и велиш во Немачка има забрана...е овде во Имачка нема забрана...хехехехехе...се зезам само...секоја чест на мајсторите,арно се наштукале...мош и мене ќе ме водат еден ден..ко ке пораснам де...и ја малцичко да се изнаштукам...браво дечки,за пример сте... :P

АвторCOLON  Dragan.S [Пет Дек 10, 2010 11:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Се наштукавме :)))

Poliz НапишиCOLON
Филип НапишиCOLON
Јас си кажав, опремата е на готовс, уште на пролет модераторот да ми (ни) врачи покана за дружба на штука и готово :)
Ќе врачиме де :D писмено со штембил заверено :mrgreen:
...може ли да те замолам да оставеш печато ја да го ударам :twisted:

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/