www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Риболовно утро на Дрим
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=128
Страна 11

АвторCOLON  Филип [Чет Дек 09, 2010 2:03 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Риболовно утро на Дрим

Полиз си ги префрли сите теми, а туѓите ги заборави ;)

Кон крајот на Јули бевме во Охрид и решивме да ловиме на Дрим. Собравме црни црви, спремивме трските и отидовме кај селото Дабовјани на 1 км пред Ташмаруништа. Малце промашивме со времето, па чекавме пола саат да се подраздени за да може да ги гледаме тапите.

[ img ]
[ img ]

Дримот беше голем, така да другарите фаќаа на полупец, а јас си ја возев тапата.

[ img ]

До кај 9 саат сабајлето излегуваа бојници и по некој клен, додека не почнаа да доаѓаат риболовци. Почна да се прави бука и рибата престана да јаде. Бидејќи дента се очекуваше температурата да биде 100 степени, веќе кај 10 саат избегавме.
Во меѓувреме пробавме и со разни вештачки мамци, но ниту еден клен не удри.
Пробавме и на локални сливи, ама џабе. Рибите удираа исклучиво на сечен црн црв.

Јане со “најголемата“ риба :)
[ img ]

[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Вечерта нормално ги пробавме рибите за да се увериме дека се вкусни ;)

[ img ]
[ img ]

АвторCOLON  emo vasilev [Чет Дек 09, 2010 7:50 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболовно утро на Дрим

Гледам на последната снимка - рибата ви е останала , а чашите празни :lol:

Браво Фил ! Добър излет сред природата и то с риба ! ;)

АвторCOLON  Филип [Чет Дек 09, 2010 7:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболовно утро на Дрим

Емо, тоа беше почеток на вечерата :) Чашите уште не беа наполнети, а морав тогаш да сликам бидејќи после тоа немаше да бидеме способни за сликање :)

АвторCOLON  Poliz [Пет Дек 10, 2010 1:45 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболовно утро на Дрим

Друже,мака е да ги префрлаш темите :D :D
Јака софра сте стегнале :mrgreen:

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/