www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Дружба на Козјак
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=1170
Страна 13

АвторCOLON  Филип [Пон Ное 07, 2011 2:01 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Дружба на Козјак

По кратко договарање, јас, Борис, Илија и Крсте решивме да отидеме до Козјак, да видиме дали почнала пастрмката да брка или не. Сите освен Илија опремени со воблери, за фрлање и тролинг, освен Илија, кој си ја пробуваше среќата со стримери по заливите. Голема благодарност до Илија за тоа што ни овозможи да не ги имитираме Дар, Компир, Кирца и останатите (5-ца во маестралче) и несебично донесе два прекрасни гумењаци од 3,6 и 3,8 метри :)
Се поделивме во 2 тима, јас и Борис почнавме со влечење кај Гургурница, а Илија и Крсте ги чешлаа заливите. Активност на рибата речиси и да немаше, освен по 1 уловен примерок од Борис и Крсте (на воблери), и еден уловен крап (Борис) на трокука ;)
На сред риболов, откако Борис закачи еден добар клен и после хаосот во чамец (4 пуштени трски), го собравме во кепче, мирниот клен на вадење од кепче се раскока и му ја закачи на Борис трокуката во прст. Не знам како му беше на Борис, ама не ни сакам да знам :) Пробавме да направиме нешто со едни мали цвикцангли, ама неуспешно. Го повикавме на помош Др. Илија кој стручно ја извади трокуката од прстот на Борис (видеото е подолу, а едукативната содржина на случајот ја имате во разделот “Опасности при риболовот“
Др. Крсте носеше гел за дезинфекција, раната беше брзо санирана и продолживме со риболовот. Го поминавме пола Козјак, риба не видовме. Борис имаше некое откачување, јас имав 2-3 нереализирани удари и тоа беше се. На другата страна, Крсте закачи еден добар клен во некој од заливите на отежнат воблер и толку и од другиот тим.
Од друга страна, ракијата на Крсте беше одлична, па после ми текна дека и јас носам, па го почастив Борис да му помине болката после операцијата и така убаво ни помина денот :)

За Козјак очигледно е уште рано, Борис ко за беља го имаше заборавено и сонарот и не знаевме дали ловиме на правите места. Инаку и езерото е паднато од претходниот месец барем 5-6 метри во висина.

Сабајлето над Козјак имаше магла, ама полека се појавуваше сонцето, а чамецот си возеше сам :)
[ img ]

Јас се уште не бев свесен дека на враќање ќе ме чека црнецот ;)
[ img ]

Крапот што го уловивме на трокука...
[ img ]
[ img ]

Видеото со вадењето на трокуката


И конечно, поубавите слики :)

Борис со другар му...
[ img ]

Крсте со неговиот клен
[ img ]

И за крај, легендарното возило на Илија со 2 чамци позади :)

[ img ]

АвторCOLON  dmozzart [Пон Ное 07, 2011 2:09 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дружба на Козјак

Bravo za site.
Mozda izletov vi bil kako i sekoj drug, ama Boris sigurno ke go pamti.
P.S. Ubavi klenovi, shteta shto nemalo i nekoe pastrmche.
Pozdrav do site !

АвторCOLON  DEAN [Пон Ное 07, 2011 2:10 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дружба на Козјак

Поздрав за неизмерната храброст на Борис!

АвторCOLON  howitz [Пон Ное 07, 2011 2:13 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дружба на Козјак

Супер сте поминале, освен оној убод од кленот за кој бев информиран вчера колку беше болно и зезнато, плус, со повратна! брр :)

АвторCOLON  Poliz [Пон Ное 07, 2011 2:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дружба на Козјак

Борис ти фали шишето во рака за дезинфекција :mrgreen: :mrgreen: 200 грама на екс и готов си.

АвторCOLON  kompir99 [Пон Ное 07, 2011 2:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дружба на Козјак

Golem plus za elecite za spasuvanje...jebiga ednas vo zivot ke pritrebaat a neznaes koga....

АвторCOLON  $DARE$ [Пон Ное 07, 2011 3:44 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дружба на Козјак

Ахххх Козјак................ незнаеш што. каде. кога и зошто ке ти се случи...........неисцрпна инспирација која без ракиинска поткрепа не е комплетна :D

АвторCOLON  Млад Риболовец [Пон Ное 07, 2011 3:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дружба на Козјак

vi rekov da se prefrlite vo fider klasot,na vobleri samo saso znae da faka drugite se utka,a so fider sekogas ribi fakas crnecot i barak obama da e nema da te fati :D :D :D

АвторCOLON  Филип [Пон Ное 07, 2011 4:24 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дружба на Козјак

Борис, еве едно видео од Даре од прошлиот викенд ваљда, да видиш како се откачува воблер од клен во кепче ;)


АвторCOLON  Krki [Пон Ное 07, 2011 5:32 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дружба на Козјак

Poliz НапишиCOLON
Борис ти фали шишето во рака за дезинфекција :mrgreen: :mrgreen: 200 грама на екс и готов си.
Pred vadenjeto imase antifriz uste vo rani zori.

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/