РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am МислењаCOLON11616 ЛокацијаCOLONСкопје
По кратко договарање, јас, Борис, Илија и Крсте решивме да отидеме до Козјак, да видиме дали почнала пастрмката да брка или не. Сите освен Илија опремени со воблери, за фрлање и тролинг, освен Илија, кој си ја пробуваше среќата со стримери по заливите. Голема благодарност до Илија за тоа што ни овозможи да не ги имитираме Дар, Компир, Кирца и останатите (5-ца во маестралче) и несебично донесе два прекрасни гумењаци од 3,6 и 3,8 метри
Се поделивме во 2 тима, јас и Борис почнавме со влечење кај Гургурница, а Илија и Крсте ги чешлаа заливите. Активност на рибата речиси и да немаше, освен по 1 уловен примерок од Борис и Крсте (на воблери), и еден уловен крап (Борис) на трокука
На сред риболов, откако Борис закачи еден добар клен и после хаосот во чамец (4 пуштени трски), го собравме во кепче, мирниот клен на вадење од кепче се раскока и му ја закачи на Борис трокуката во прст. Не знам како му беше на Борис, ама не ни сакам да знам Пробавме да направиме нешто со едни мали цвикцангли, ама неуспешно. Го повикавме на помош Др. Илија кој стручно ја извади трокуката од прстот на Борис (видеото е подолу, а едукативната содржина на случајот ја имате во разделот “Опасности при риболовот“
Др. Крсте носеше гел за дезинфекција, раната беше брзо санирана и продолживме со риболовот. Го поминавме пола Козјак, риба не видовме. Борис имаше некое откачување, јас имав 2-3 нереализирани удари и тоа беше се. На другата страна, Крсте закачи еден добар клен во некој од заливите на отежнат воблер и толку и од другиот тим.
Од друга страна, ракијата на Крсте беше одлична, па после ми текна дека и јас носам, па го почастив Борис да му помине болката после операцијата и така убаво ни помина денот
За Козјак очигледно е уште рано, Борис ко за беља го имаше заборавено и сонарот и не знаевме дали ловиме на правите места. Инаку и езерото е паднато од претходниот месец барем 5-6 метри во висина.
Сабајлето над Козјак имаше магла, ама полека се појавуваше сонцето, а чамецот си возеше сам
Јас се уште не бев свесен дека на враќање ќе ме чека црнецот
Крапот што го уловивме на трокука...
Видеото со вадењето на трокуката
И конечно, поубавите слики
Борис со другар му...
Крсте со неговиот клен
И за крај, легендарното возило на Илија со 2 чамци позади
_________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
РегистриранCOLONНед Jул 03, 2011 12:48 am МислењаCOLON312
Bravo za site.
Mozda izletov vi bil kako i sekoj drug, ama Boris sigurno ke go pamti.
P.S. Ubavi klenovi, shteta shto nemalo i nekoe pastrmche.
Pozdrav do site !
_________________ PRAV PECAROS NE BIRA RIBI
Debeli-Slabi, Stari-Mladi
Bitno da ima TURI (FRLI) - VADI
vi rekov da se prefrlite vo fider klasot,na vobleri samo saso znae da faka drugite se utka,a so fider sekogas ribi fakas crnecot i barak obama da e nema da te fati
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 9 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум