www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Сарулешти 2010 и 2011
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=1145
Страна 14

АвторCOLON  vasil [Сре Ное 02, 2011 6:02 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Сарулешти 2010 и 2011

Сарулешти или на Запад познато по имет Радута Лејк ( по сопственикот Роберт Радута ) е една од Меките на крапскиот риболов. Се наоѓа на околу 40километра од Букурешт или околу 670км. од Скопје.
Многу приказки се прераскажани за рибите од ова езеро , многу големи турнири се имат и се одржуваат на ова езеро. Едни од најголемите белези во натпреварите на Сарулешти од крапските риболовци од Маќедонија секако оставија браќата Ќука по чие име е крстен и еден од заливите Заливот Ќука , како и одличното представување на Сергеј и Оливер.
Некаде мислам 2005 големите крапови во ова езеро беа десеткувани од непозната болест, се зборуваше за болест која во водите на езерото ја пренеле шараните уловени на Дунав и потоа пренесени на Сарулешти.
Секако дека тоа беше голем удар за имиџот на езерото но со упорност реномето на едно од најпопуларните места за риболов полека се враќа.
На езерото има голема популација на смуѓ , се организираат тури за спинингисти со обезбеден чамец, човек кој ве води до местата каде рибата се врти, обезбедено сместување во убавиот хотел со ресторан кој е изграден на брегот на ова езеро.
Да напоменам дека одење на ова езеро на риболов без претходен контакт со одговорните за дочек на риболовците не се препорачува.
На езерото има менаџер кој се грижи за гостите кој ќе ловат крап , ѓи носи до местото каде би ловеле , им објаснува се до ситнива за конфигурацијата на дното , така да никакво сондирање , маркирање и губење време на вакви работи не ви е потребно.
Риболовот на Сарулешти е исклучително динамичен , се работи постојано нешто , се лови на дистанции од 150+ метри со развлекување, та многу често ми се случуваше додека развлекувам една трска и се враќам да има удар на втората, колегата вади а вториот колега ми ја подава третата да ја развлекувам , абе доаѓа до еден страшен хаос.
Одење од само двајца е исто така лоша варијанта, тргне ли рибата да се храни , да му мислите.
Околу самото езеро има неколку села во кои по секое време може да купите прехранбени продукти , пиеќе по сосема нормални цени. Во хотелот има одделен дел со бесплатни тушеви каде може да се освежите кога сакате, обезбедени полначи за акумулаторите за моторите на чамците.
За малку да заборавам , обавезно одење со чамец.
Еве и неколку фотографии на ова уникално езеро, се надевам дека некој од Вас ќе има прилика да го посети.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Има уште многу но мислам дека и ова е доволно. Да сме живи и здрави догодина повторно таму

АвторCOLON  Spaiva [Сре Ное 02, 2011 6:18 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сарулешти 2010 и 2011

:o ЕВЕ КАКО СЕ ЖИВЕЕ РИБАРСКИ ЖИВОТ, Мислам дека чичко Васил ги заслужува сите МАКСИМАЛНИ ОЦЕНКИ!!
БРАВО бе чичко Васил, БРАВО!!
Репер си за сите млади и верувај со ова што го презентираш буквално се гледам себеси во иднина.
Ова е тоа зашто оставам спин и тапи и се можно, без погрешно да ме сфатите, ЗА МЕНЕ (зборам за мене)
КРАПСКИОТ РИБОЛОВ ГО ПРОДОЛЖУВА ЖИВОТОТ :!:

АвторCOLON  vasil [Сре Ное 02, 2011 6:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сарулешти 2010 и 2011

Одете на вода за да уживате , па што ќе ловите и не е толку важно ;)

АвторCOLON  CASPERSKY [Сре Ное 02, 2011 6:30 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сарулешти 2010 и 2011

Bravo majstore navistina znaes da uzivas prodolzi taka do 101 pa nazad.p.s mislam deka malku ste zemale boili :D !
Super reportaza samo napred i BISTRO!

АвторCOLON  Dragan.S [Сре Ное 02, 2011 6:35 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сарулешти 2010 и 2011

...Алал вера...секоја чест...!!!!!

...само...нели е малку мегаломански толку ореви во вреќите да собирате дури од Романија :lol: :lol: :lol: ...

АвторCOLON  kire [Сре Ное 02, 2011 6:38 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сарулешти 2010 и 2011

Убавини,нема што :D
Јас мислев дека се лешници не ореви :shock: :lol:

АвторCOLON  vasil [Сре Ное 02, 2011 6:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сарулешти 2010 и 2011

Догодина те земам со мене , и оревчиња ќе си набереш и ќичмата на сонце малку да си ја напечеш :lol:

АвторCOLON  Dragan.S [Сре Ное 02, 2011 6:44 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сарулешти 2010 и 2011

vasil НапишиCOLON
Догодина те земам со мене , и оревчиња ќе си набереш и ќичмата на сонце малку да си ја напечеш :lol:
..Немој да бидеш изненаден ако ја прифатам понудата...а и старите како велат..од што е болката од тоа е и лекот,треба што повеќе време да поминувам на вода за да поминат болките во кичмата..хехехехе....
..одамна ми е зацртано Сарулешти во планот за водите кои би сакал да ги посетам...особено со добро друштво,не откажувам,имај си на ум... ;)

АвторCOLON  Dimitar [Сре Ное 02, 2011 6:48 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сарулешти 2010 и 2011

Убавини...

АвторCOLON  vasil [Сре Ное 02, 2011 6:48 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Сарулешти 2010 и 2011

Dragan.S НапишиCOLON
од што е болката од тоа е и лекот,треба што повеќе време да поминувам на вода за да поминат болките во кичмата..хехехехе....
.

Малку ОФФ од темата ама нема како да не ти раскажам

Еден мој пријател од Срем има некој проблеми со притисокот и после преглед докторот му рекол дека му треба повеќе вода.
А овој како е заебант ни две ни три му вика- А да ми препишете едно десет дена на Сарулешти :lol: :lol: :lol:

Страна 14 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/