www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Пост свадбарски неволји http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=1133 |
Страна 1 oд 3 |
АвторCOLON | Poliz [Пон Oкт 31, 2011 12:36 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Пост свадбарски неволји |
Синоќа се прибрав доцна од свадбата што ми го укочи цел викенд брзо менење на водата на рипките,опремата цела на куп,и чекање на Мики Ретко ми се случува да одам со друго возило на риби,па кога ќе одам ,секогаш внимавам да не пренатрупам со сваштарии кои и да ми требат и да не ми требат ги зимам кога сум со моето Вито.Така овој пат,за да не му направам гужва во колата на другар ми направив грешка за прв пат во мојата риболовна кариера да не си земам резерва алишта.Во Витото на пример секогаш имам по 3-4 комплета алишта во секое време.И веднаш ме стигна Марфи со неговите луди закони.А тоа е погодувате-ПРВИОТ И ЕДИНСТВЕН ПАТ КОГА НЕМА ДА СИ ЗЕМЕШ РЕЗЕРВА АЛИШТА-ПАЃАШ ВО РЕКА ЗАДОЛЖИТЕЛНО Тоа и ме снајде.Уште не ми беа пуштени трските,а само што си се наместив на омиленото место кое секоја есен ме дарувало со екстра кострежи и по некоја штука...се зафатив да го порасчистам од трските и капините кои го беа обраснале.Фино ,полека си го расчистив и таман да седнам,ја осетив едната нога во стапица од една млада штотуку излозена капина и тоа беше знак за утринско капење Часот беше 15 до седум.Немаше ни сонце уште,а јас бев веќе цел под вода. Го гледам Кире во репортажата за Вардар убаво наоблечен па и до оган како се жали на студеното северче кое дувнало Е Кире и јас бев на твоите маки само чисто гол Среќа у несреќа беа еден пар гаќи и еден пар чорапи во ранецот(имав и панталони и хулахопки во ранецот,ама ги извадив пред тргнување да не ми тежат )На гаќите и чорапите им стигна појачање во една горна тренерка и еден чифт патики 46 број од другарот Мики Сув ми беше елекот со амблемот на РИБАР,и така во едно КАСАНДРА издание,останав да го чекам Рајко да излезе и да ме стопли.За риба нема што да зборувам,хахаха Ги попадив со падот у ПМ После 2 часа седење,се собравме и еден по еден ги обиколивме сите канали околу Киркини.Се додека во очи не ми падна една зашумена локва Таму не бев одел до сега,и слегнав да видам како е ситуација.Една штука се сончаше на 30см дубина и кога ме виде за дел од секундата се наби во шаварот.Тоа беше доволен предизвик да пробаме саат -два и на ова диво местенце. Тапите во акција За пола минута удар кај Мики,и моментално кинење на конецот.Само таму немаше сајла. Одма зафрлив на исто место и за една минута удар.Убава штука веќе беше во кепот. За пола саат уште еден удар и втората забла веќе и правеше друштво на првата.Спас на денот колку толку и правец дома на топол чај. Мала фотосесија со рибите Затоа наравоучение-не одете на риби без алишта во ранецот П.С Добро што сме недела па бањањето дојде во прав ден |
АвторCOLON | Krki [Пон Oкт 31, 2011 12:48 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Пост свадбарски неволји |
Браво одличен улов барем крајот бил убав и срекен кој последен се смее најслатко се смее е тоа си бил ти си дошле штуките кај треба усте еднаш браво.... |
АвторCOLON | miki.dj [Пон Oкт 31, 2011 12:51 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Пост свадбарски неволји |
Bravos majstori pa sega barem se isplatelo kapenjeto kolku pati se desilo taka dobro da se iskapam i na kraj da zavrsam kaj crnecot |
АвторCOLON | pirati [Пон Oкт 31, 2011 1:01 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Пост свадбарски неволји |
Preubavi Stuki, Bravo |
АвторCOLON | akiribar [Пон Oкт 31, 2011 1:14 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Пост свадбарски неволји |
ova bilo u srvajvor stilot idesh vo voda lovish se sushish begash ahahhhhah stukive se lepotici prav mlad brachen par |
АвторCOLON | howitz [Пон Oкт 31, 2011 3:02 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Пост свадбарски неволји |
Биг Мама, каква мамица! Браво Штета што нема кај нас вакви! |
АвторCOLON | ribarottt [Пон Oкт 31, 2011 3:20 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Пост свадбарски неволји |
suv gaz riba ne faka |
АвторCOLON | kircask [Пон Oкт 31, 2011 3:46 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Пост свадбарски неволји |
Bravo Poliz epten si se snasol haha inace tesko tebe prekrasni stuki |
АвторCOLON | Lepi [Пон Oкт 31, 2011 7:05 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Пост свадбарски неволји |
... а камо твоја Слика после бањањето аааа ... ајде ставај ја и нејзе за да бидит репортажава комплетирана |
АвторCOLON | kire [Пон Oкт 31, 2011 8:14 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Пост свадбарски неволји |
Се на се едно доживување и уште едно искуство плус,а за штуките,лепотици |
Страна 1 oд 3 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |