www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Грчка речна идила 3 http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=112 |
Страна 1 oд 1 |
АвторCOLON | Poliz [Пет Дек 03, 2010 6:44 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Грчка речна идила 3 |
Си направивме навика на секои две недели да одиме на риба, со ноќевање. И еве календарот викаше оти овој викенд ни се паѓа риболовче за два дена. Се разбира пак на нашата река Уште од дома, кога се договаравме со Мики, бевме цврсто решени да не одиме на старото место (кое од аспект на риба се покажа и докажа како страшно место на претходните два излети, коишто ги направивме претходно), се заради малку повеќе возбуда, од некое ново и диво место Значи овој пат умислено се откажавме од еден, претпоставувам, сигурен риболов во замена за запознавање со еден друг дел од територијата на оваа чудесна река. Ете како изгледаше реката од моето ново место Далеку по дива природа од претходно. На моменти се чувствував како да сум дел од некој Виетнамски филм Кажи речи истовремено имавме удар на две риби. Првата- бебе Втората-чичо Мајстор Мики, си се смешка во капинарникот .... Што била работата....... рипки имало. Риболовот не врвеше којзнае колку чудесно и јас решив да се прошетам малку по реката, чисто да погледнам некакви нови местенца за некој друг пат. Но наидов на една позната физиономија Судбина било да се сретнеме со еден стар пријател од Софија Санди Стискање раце и секако -договор, вечерта да ја поминеме во нашиот логор со мезиња, ракии... како што му е редот. Дојде и ноќта, ги донесов пријателите, додека Мики остана да ги направи салатите и мезињата Ете како ни протече вечерта Имаше и риболовни лекции, длабоко во ноќта Дури и јадицата се гледа Вечерта ни помина екстра, со многу смеа, топло време и домашни ракии. Недела-станување рано и пак риболов, но не за долго. Дувна еден ветар и патека од жолти лисја врвеше по реката Никаква шанса за возење. Уште неколку слики и многу порано од очекуваното веќе бевме на пат за дома. Испуштивме навистина трофеен клен, за којшто многу ми е криво. Имаше по слободна проценка меѓу 2,5 и 3 килограми. Се замота околу едно дрвце на два метри од брегот и 5-6 минути правеше обиколки околу дрвцето. Со црпката не го стигавме за 60-70 сантиметра да го црпнеме, а си беше толку кроток врз водата. Јас се решив со една поголема гранка да го размрдам дрвцето но му ја е..в мајката на конецот и кленот кажа едно големо ЧАО. Тоа ми беше последниот излет за оваа 2009 година на таа река. Време е за нови предизвици, но прво една недела да собереме душа |
АвторCOLON | Zoki rib.prikazni [Вто Maр 26, 2013 8:23 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Грчка речна идила 3 |
sliki odlicni |
АвторCOLON | dobre2000 [Вто Maр 26, 2013 9:48 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Грчка речна идила 3 |
Kade e mestoto ako ne e tajna (kako se vika rekata)??? |
АвторCOLON | Krki [Сре Maр 27, 2013 1:02 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Грчка речна идила 3 |
Ke preomi ke kaze.... |
АвторCOLON | СЪНДИ [Пон Aпр 01, 2013 9:13 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Грчка речна идила 3 |
Никогиш нема да я заборавим,аз и ДоФтОрА тази Среща Друже. Ке Умреме за тебе........... |
Страна 1 oд 1 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |