www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 12:55 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Грчка речна идила 3
ТемаИспратеноCOLONПет Дек 03, 2010 6:44 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Си направивме навика :D на секои две недели да одиме на риба, со ноќевање. И еве календарот викаше оти овој викенд ни се паѓа риболовче за два дена. Се разбира пак на нашата река :) Уште од дома, кога се договаравме со Мики, бевме цврсто решени да не одиме на старото место (кое од аспект на риба се покажа и докажа како страшно место на претходните два излети, коишто ги направивме претходно), се заради малку повеќе возбуда, од некое ново и диво место ;)

Значи овој пат умислено се откажавме од еден, претпоставувам, сигурен риболов
во замена за запознавање со еден друг дел од територијата на оваа чудесна река.
Ете како изгледаше реката од моето ново место
[ img ]
Далеку по дива природа од претходно. На моменти се чувствував како да сум дел од некој Виетнамски филм ;)
Кажи речи истовремено имавме удар на две риби. Првата- бебе :P
[ img ]
[ img ]
Втората-чичо :P
[ img ]
[ img ]
Мајстор Мики, си се смешка во капинарникот ....
[ img ]
Што била работата....... :o рипки имало.
[ img ]
[ img ]
Риболовот не врвеше којзнае колку чудесно и јас решив да се прошетам малку по реката, чисто да погледнам некакви нови местенца за некој друг пат. Но наидов на една позната физиономија 8-)
Судбина било да се сретнеме со еден стар пријател од Софија
Санди ;)
Стискање раце и секако -договор, вечерта да ја поминеме во нашиот логор со мезиња, ракии... како што му е редот.
Дојде и ноќта, ги донесов пријателите, додека Мики остана да ги направи салатите и мезињата
Ете како ни протече вечерта
[ img ]
Имаше и риболовни лекции, длабоко во ноќта :D
[ img ]
Дури и јадицата се гледа :shock:
Вечерта ни помина екстра, со многу смеа, топло време и домашни ракии.
Недела-станување рано и пак риболов, но не за долго. Дувна еден ветар и патека од жолти лисја врвеше по реката
[ img ]
Никаква шанса за возење.
Уште неколку слики и многу порано од очекуваното веќе бевме на пат за дома.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Испуштивме навистина трофеен клен, за којшто многу ми е криво.
Имаше по слободна проценка меѓу 2,5 и 3 килограми.
Се замота околу едно дрвце на два метри од брегот и 5-6 минути правеше обиколки околу дрвцето. Со црпката не го стигавме за 60-70 сантиметра да го црпнеме, а си беше толку кроток врз водата. Јас се решив со една поголема гранка да го размрдам дрвцето но му ја е..в мајката на конецот и кленот кажа едно големо ЧАО.
Тоа ми беше последниот излет за оваа 2009 година на таа река. Време е за нови предизвици, но прво една недела да собереме душа ;)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Грчка речна идила 3
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 26, 2013 8:23 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 7:33 pm
МислењаCOLON2782
sliki odlicni

_________________
tel/fax : ++389 2 3069793
email: gomak99@t-home.mk
075/291167 zoki


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Грчка речна идила 3
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 26, 2013 9:48 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСаб Aпр 07, 2012 9:56 pm
МислењаCOLON534
ЛокацијаCOLONKumanovo
Kade e mestoto ako ne e tajna (kako se vika rekata)???

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Грчка речна идила 3
ТемаИспратеноCOLONСре Maр 27, 2013 1:02 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Ke preomi ke kaze....

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Грчка речна идила 3
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 01, 2013 9:13 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Oкт 28, 2010 9:32 am
МислењаCOLON193
ЛокацијаCOLONгр.София
Никогиш нема да я заборавим,аз и ДоФтОрА тази Среща Друже.

Ке Умреме за тебе...........

_________________
Не е важно колко си живял.А как си живял!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 31 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum