РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am МислењаCOLON11616 ЛокацијаCOLONСкопје
Во петокот набрзинка се слушнавме со Борис и решивме да одиме до Вардар, да ловиме бојник. Имавме информации дека претходните денови добро удирал на леб/француско. Се опремивме со кабаници поради прогнозата која не ветуваше и по темниците зацепавме надолу. Стигнавме на време, пред разденување, се наместивме и Борис почна да крми. Морам да го пофалам Борис за крмата, прав стручњак е за месење на топки од стар леб. Мислиш, во Специјал работи
Сабајлето малку ни поврна, ама на кратко, па се разведри, и за разлика од Скопје каде што било ладно и дувало многу, ние добар дел од риболовот си преседевме по кратки ракави.
Фрлавме извесно време и чекавме да ни удри некој бојник. По некое време, добив удар. Прво тегнење, нешто ми се виде потешко. Си помислив, или голем бојник или мрена и во истиот момент дополнително го олабавив амортизерот. Рибата како да го чекаше тоа и неколку пати ми извлече доста конец. Сватив дека е нешто покрупно. По 5-6 минути борба, успеав да ја донесам блиску до обала, а набрзо и ја кренав на површина и видов дека е убаво парче мрена. Борис ја собра со кепчето, и видов дека сум фатил личен рекорд од бела риба
Мрената, подоцна измерена, беше 57 см, со тежина од 1,8 кг. Ја извадив на 12-ка конец и 14-ка јадица
Претпоставивме дека беше случаен ударот, и продолживме да ловиме, очекувајќи ги бојниците. По кратко време имаше удар кај Борис. По неколку минути, излезе уште една мрена од 735 грама
Во меѓувреме почнаа да скокаат мрени насекаде, пред нас, во средина. Фрлавме насекаде, ги баравме мрените. Борис имаше неколку удари, но сите се откачија, некои веднаш, некои после кратка борба. Смени и јадица, стави поголема и појака, и пак откачи уште една риба. А за чудо, бојникот никаде го немаше. Околу нас имаше 10-15 рибари, некои на обала, некои во река, и ниту еден не извади ништо. По некое време Борис имаше уште еден добар удар. По неколку минути излезе уште една убава мрена, сестра близначка на првата – 740 грама
Борис ја вади втората мрена:
После втората мрена имаше 2-3 откачувања и толку. Затишје во наредните 2 часа. Ниту еден удар. Борис ме водеше 2:1! Се согласивме дека наутре јаде најубаво мрената. А бојникот никаде го немаше. По извесно време почна да дува и да доаѓаат облаци. Знаевме дека набрзо ќе почна досадниот дожд и дека ќе ни заврши риболовот.
Ми текна да пробам да ловам пред нас, на 1 метар во најдлабокото. По неколку минути добив удар. Претпоставив дека е мрена бидејќи добро тегнеше, но по кратко време на површината се појави бојник. Фино парченце од 535 грама
Се израдувавме мислејки дека бојникот почна да јаде. Борис пак накрми, овој пат во линијата пред нас, и почнавме да фрламе пред нас. Но, излезе дека тоа е единствениот бојник дента. Почна да врне по малку, рибарите наоколу се прибраа, само ние храбро фрлавме, очекувајќи барем уште некој удар, со оглед на мрените што цел ден скокаа насекаде по реката. Имав уште еден удар, нагло пропадна тапата,ама видов дека е нешто помало, и излезе бела мрена од 50 грама Не ни дочекав Борис да ја сними, веднаш ја вратив да порасне
Негде кај 2 попладне, откако се ни накисна (освен ние во кабаници), решивме да отидеме до кола и да почекаме да преврне. Едвај стигнавме до кола натоварени, со пљусак и силен ветер, ги фрливме стварите внатре и влеговме внатре жива вода. Свативме дека дождот нема туку-така да престане, отидовме до првото кафанче, се пресоблековме, удривме по една чорба и малку скара, ги наполнивме стомаците и си кинисавме дома
Се на се, слабо поминавме, бојникот го немаше никаде, но барем мрените ни направија мерак. До следната прилика, каде што мрените спијат
_________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
Последна промена од 1 на Филип, променето е 0 пати
РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am МислењаCOLON4783 ЛокацијаCOLONskopje
...ej gore tipchevo vika "Ја извадив на 12-ка конец и 14-ка јадица "
ej pa koj ushte faka so 14ka jadici be toa nemozam da go vzam na konec hahahahah se zaebavam malce ali svaka chast 14 e opasno rizicna jadica za na reka da ja vlecesh taa golemina na riba,sigurno se tresele racete koga si ja izvadil
...i vrakajte gi mrenite be za vratena mrena od nad kilo ipol davam 3 pati poveke koj sto saka popadika,klen,crvenoperka i toa od mnogu pocisti mesta od vardar koj saka cekam samo video za dokaz
_________________ TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!
РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am МислењаCOLON11616 ЛокацијаCOLONСкопје
Hayabusa од кај Жаре, претходно со таква 14-ка ловев на Дојран, не откачив ниту една риба
Шо се чудиш Аки, лесна спрема за бојник А јадицата беше толку добро закачена, што со клештички морав да ја извадам од устата на мрената.
_________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 21 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум