Викендов што помина,поточно во Неделата тркнавме до Вардар
И тоа по стапките на Аки рибар
на неговото коњак место.Јавна благодарност до него за несебичната помош како да дојдеме до таму.Имаше малку наваму натаму ама важно се снајдовме
Бевме јас,Феки и Бац
Местото супер,ама ветар корнеше,имаше моменти кога со две раце едвај ја држев трската,а и водата многу паѓаше.
Имав еден удар на бојник сабајлето ама не го извадив,се откачи и фати џенем
Од ветерот беше едноставно невозможно да се лови,извадивме ракиите,мезињата и му ја седнавме
ама работата не ја бива,веќе половина ден си помина, собравме парталите и на друго место.
Отидовме на еден прекрасен спад,јас и Феки на бојник а Бац на попадика малку погоре пред спадот
Извадивме понекое рипче дури кога почна водата да се качува,пред тоа штама.
Еве накоја слика од самиот финиш
Условите за риболов беа многу тешки,ветар не проби цел ден,фативме нешто дури во самиот финиш
До следниот риболов поздрав и Бистро