www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
На гости кај амурите http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=1006 |
Страна 1 oд 4 |
АвторCOLON | Boris [Пон Сеп 26, 2011 3:42 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | На гости кај амурите |
Еве ја по извесно време на одмор, повторно назад и веднаш Ве поздравувам со промотивно видео за репортажа која следи, која верувам дека ќе биде интересна за читање. Во насока на моабетот какви треба да бидат репортажите, и какви се карактеристики треба да има секој од нас (пред се рибар, но и сценарист, фото/камера, режија, монтажа, писател и сл), за на крај да искочи солидна репортажа, еве јас одам чекор понапред и на одмор успеав да напрвам и промотивно видео на оваа репортажа која деновиве ќе ја поставам, .....до тогаш верувам дека видеото ќе биде интересно Како да ја почнам репортажава......ахххх освен како риболовен провод од соништата. Локацијата ќе изостане, а оние кои ќе ја препознаат, ќе замолам да не се расфрлаат со информации посебно не на луѓе кои знаат дека не се многу по враќањето на рибата, затоа што водата е скоро незаштитена (за што упатувам апел ако некој добро се знае со надлежните да се позборува за истото) зашто се работи за Македонија и може да се случи да се направи вистинска штета по рибниот фонд, посебно ако не се враќа рибата. Но да почнеме, Воведот е следен....после долго време добив одмор и пред да се оди некаде на вистински одмор, мораше некаде да се отиде по риба. Соло веќе се спремав зашто кнап бев со време, пример бев да купувам пченка помеѓу “зимање на невестата и црква“ на свадбата кај братучетми. Екипата ми откажа во последен момент, се случија куп работи на приватен план кои ме спречуваа, ама нешто ме тераше да тргнам и едно попладне тргнав сам. Планирав да останам 2-3 дена. Првиот ден, стигнав на местото некаде околу 7-8 вечер и по темница се расфрлав со примама. Нешто посебно за издвојување за вечерта нема, ниту пак за дента после тоа. Како новопечен и надежен крапџија се надевав за крап. Втората вечер кога очекував да ми се придружат другарите, повторно не дојдоа и продолжив сам. Лошите работи беа што втората вечер немаше ниту пак некој друг рибар на местото освен мене. Бев потполно сам, со полна месечина над мене, со дивината околу мене и со приказните за волците и мечките кои доаѓале на местото. Како се наближуваше ноќта слушав некои сериозни скокови во водата и почна да станува некако хорор тензично, бев потполно сам, со непотполна опрема и се подразмислив што ќе се случи ако удри нешто поголемо. Бидејќи почна да станува ладно, а и бев уморен од денот кој го поминав на пеколно сонце, накај 21.00 си легнав во кола, која ми беше блиску до двата род пота. Сепак, уморот си го направи своето и сум заспал цврсто, а и прозорите ги затворив поради наезда на комарци. Како господ да го натерал некој да ми заѕвони на мобилен нешто после 22,(појма неам кој беше), и додека сватив дека е телефонот се извадив од пемет од сон, но и добро е што се исвадив од памет зашто додека гледав кој ме бара забележав дека ми свети нешто едниот сигнализатор. Изрипав брзо и гледам конецот од едната трска отишол скроз на десно, брзо изреагирав и почнав да намотувам. Добро е што на машинката имаше повеќе од 300 метри. За брзо сватив дека рибата е тука. Сепак идеше од далеку и ми се виде малечко.Ајде си викам ќе го исконтролирам, валјда нема да се уплетка во другите параболици. Сепак кога почна да наближува сватив за што станува збор. На трската имав амур и тоа не баш малечок. И тогаш почна да ми се дешава хорор. Од сета крапска опрема, големо ќепче сеуште не сум купил и ете еден апел од мене до другите кои завлегуваат во овие води – Големиот ќеп мене го оставајте за последно. Кога сватив дека со моето ќепче нема шанси да го кепнам амурот, сватив дека ќе мора на стариот и историски начин да ја вадам рибата – со раце и со влегување во вода. Ама ова не е бојник браќа, туку амур кој најверојатно имаше и над 10 кг. Првото носење близу обала амурот ми даде такво бегство назад какво досега не сум осетил,може ми зема 50 метри од амортизерот, тие што ваделе амур знаат за што зборам и што се случува кога амурот ќе осети копно, ќепче, или опасност. Во глава само си викав, ова ми е најголемата риба досега, мора да победам и така почна муката. Со една рака ја држиш трската, а со другата моташ и работиш со машинката, но во исто време и одиш до кола да си ја најдеш сијалицата за на глава, да ја поставиш на глава со една рака, да почнеш со една рука да се соблекуваш, а на мене имав по 3 пара алишта и горе и доле, шо да ви кажам за греови сум бил. И така после некој пола сат борба јас бев до коленици во вода и се думав како да го извадам амурот. Го донесов може 15 пати до мене и повторно бегаше назад. Најпосле кога го донесов до мене, ја фрлив трската, му се џитнав и си го гушнав со две раце. Некако го извадив надвор, го смирив малку, му фрлив една маица на глава да не се возбудува и веднаш по апаратот да пробам да го овековечам овој прекрасен момент пред да го вратам назад. Еве што излезе од овие брзински фотографии. Сеуште ми се тресеа нозете и уште не знаев што ми се случило. Меракот беше голем, ама и муката и хоророт што ми се случуваше. Полека се облеков, она што беше суво, немав многу алишта, а времето беше камен, немав никој со мене, немав големо кепче, сам бев и премногу несериозно ќе беше да останам и да чекам нов удар. Рибарскиот мерак си го направив за сите пар и решив да заминам со идеја повторно да дојдам утредента. Набрзинка изнафрлав се у кола и назад за дома. Веќе по пат им свртев на мојве од екипата кои ме откачија вечерта да им кажам што ми се исподесило и да им закажам итен состанок кога ќе стигнам во населба. Им ја раскажав приказната, им ги покажав сликите и што да ви кажам, почаа да откажуваат работа, да зимаат боловање и следната вечер, погодете што, ние нацртани на истото место, ама сега во полн состав. Се прашувавме дали синоќешниот амур бил некој ќорав, или ќе има удар и вечерва. Стартувавме со рекетирање на местото и поставување на трските. Му фрливме можеби 20 ракети со прихрана. Јас рекетирам, Владимир полни, а Мишо како од секогаш прв да ги фрли трските. Додека јас ги фрлав последните ракети, Мишо веќе ја фрли првата своја трска и ја подготвуваше втората, работејќи веднаш до род подот. Завршувам јас со рекетирање, не проаѓа 1 минута и 5 минути откако Мишо го зафрли првиот параболик.... се случува настанот на вечерта. Настан која беше коментиран доста на форумот во крапскиот раздел. Кратко тит и лета во вода параболикот на Мишо од род потот како да го собрал воз со 100 на саат. Во 1 секунда летна цела трска, без ни најмалку да поткочи со машинката на род потот и потона додека ние стоевме во шок и подзинати од глетката. Како тонеше трската, така далеку во темницата се изрипа некое чудовиште, еднаш и после 2 секунди уште еднаш. На наша сугестија Мишо веќе беше во вода до гради со надеж дека трската е блиску и ќе ја најде, но тоа беше само надеж. Пола сат неможевме да си дојдеме при себе што ни се случи. После 20 минутно рекетирање и шлапање како камења да фрлаш, добивме удар како од филмовите, случка што говори дека ракетите воопшто не ја плашат рибата. Дали беше пуштен бајт ранерот, или не, никогаш не дознавме, но со оглед на тоа со која брзина летна трската и што беше откорната задната гумичка на која се прицврствува трската, а таа гумичка се заштрафува на род подот, стана очигледно дека рибата била голема, но и Мишо спремајќи ја втората трска не го уклучил бајтранерот на машинката. Памет за сите. И додека се туфкавме од случката, а Мишо разочаран веќе размислуваше како да најде пари за нова опрема, нов удар и Владимир веќе го имаше на трска. Тоа беше амур околу 5-6 кила. Е сега за да биде заебанцијата поголема ни таа вечер немавме големо кепче. После 10 минутна борба и неколку носења до обала, пробавме да го ќепнеме со кепчето кое го имавме. Но амурот е долгнавеста риба, не е како крапот, чим го осети малото кепче, се ишлапа и не поздрави. Хахаха, си седнавме на тревата и како токмаци се чудевме што се случува. Потонатата трска сеуште беше главна тема на моабет, но и изгубениот амур. И додека ние се туфкавме, после пола сат нов удар овој овој пат кај мене, ударот беше сериозен ран, контрата стигна брзо, но рибата не беше тука. Хахаха, рибата веќе не водеше чисти 3-0, ама беше тука и беше активна. Како да беа темпирани ударите на половина сат. Следниот удар кај Владимир, а за да биде уште поинтересно помеѓу моите параболици и на Мишо параболиците, Владимир имаше ставено на дубинско една трска за спин и една обична мала телескопска трска со помали машинки. Не беше параболик, но спинерот добро си ја заврши работата. И пружи убав отпор на рибата и бидејќи малото кепче веќе го исфрливме од игра, после првиот изгубен амур, време беше да се влага во вода и повторно вадење на рибата со раце, подпомогнато со маица. Во улога на хантер повторно јас, демек сум бил искусен од претходната вечер. Ајдеее пак соблекување и за брзо веќе бев во вода, а таму се бореше јадар амур проценка 9-10 кила. После неколку промашувања, амурот беше фатен и спремен за сликање, по што си го најде патот за назад. Уште едно две промашувања во текот на ноќта и повторно борба и повторно на спинот кај Владимир. За атмосферата, ќе оставам видеата да зборуваат. Што би рекол аки, темница е не се гледа све, ама уклучи звучници и уживај. Рибата работеше и веќе почнаа да се забораваат негативните моменти иако полека се спремавме сабајлето да се бањаме и да ја бараме трската на Мишо. Се ловеше на пченка и на бојла, ама ударите беа на пченката. Додека го чекавме утрото нов удар, повторно на трските кај Владимир, овој пат во улога на влечач – Мишо кој прв стигна кај трските. Го совладавме и овој амур, го сликнавме и како и претходните го вративме назад, а езерото ни врати на најубав можен начин. Додека го откачувавме амурот, забележавме друг конец заплеткан на основниот. Почнавме да го влечеме конецот.....никој од нас не збореше, но сите се надевавме на истото....извлековме околу 20 метри конец од водата и искочи параболикот на Мишо....настапи еуфорија у стилот Македонија – Литванија......не ни се веруваше што ни се исподеси и како ни завршува вечерта, како на филм. Мишо извади златен амур, кој му ја донесе и трската. Го дочекавме утрото, си се собравме и оцерени до уши си заминавме....ќејфови невидени |
АвторCOLON | akiribar [Пон Сеп 26, 2011 3:54 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: На гости кај амурите |
videjovo mi je kako najava za dobar film sto edvaj cekam da go gledam |
АвторCOLON | CASPERSKY [Пон Сеп 26, 2011 4:00 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: На гости кај амурите |
Super za reportazata no kako sto gledam ti ke ne nagovoris i rezija da zavrsime! |
АвторCOLON | Poliz [Пон Сеп 26, 2011 4:23 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: На гости кај амурите |
Мајсториштаааа давајте остатокот Гаќите жолти ли се уште |
АвторCOLON | Boris [Пон Сеп 26, 2011 4:57 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: На гости кај амурите |
не ги переме гаќите, ќе ги урамуваме |
АвторCOLON | saso [Пон Сеп 26, 2011 5:12 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: На гости кај амурите |
odlicno - bravo. cekame ostatok. |
АвторCOLON | kire [Пон Сеп 26, 2011 6:00 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: На гости кај амурите |
ОПААА,ова е веќе друга димензија,ајде Борис давај остатокот да видиме |
АвторCOLON | ilija [Пон Сеп 26, 2011 6:22 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: На гости кај амурите |
Борис што факултет треба да завршиме за да правиме вакви репортажи? А глумциве во видеото се војници на АРМ? |
АвторCOLON | Dimitar [Пон Сеп 26, 2011 6:55 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: На гости кај амурите |
Браво дечки! П.С.Кога го гледам род-подот ме фака носталгија Срце ми се кине .Утеха ми е што заврши во добри раце |
АвторCOLON | laguna644 [Пон Сеп 26, 2011 7:19 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: На гости кај амурите |
sekoja cest za videoto kako da gledav edno od najdobrite svetski videa edno prasanje na 1:59 na videoto vladimir ja vadi ribata dali Boris mesto so KEP go ceka amurot so BELA MAJCA SO KUSI RAKAVI vo racete |
Страна 1 oд 4 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |