Повелете преземен туториал за плаќање преку PayPal од Македонија:
PayPal преку НЛБ Тутунска Банка
1. Појдете во НТБ Тутунска Банка и земете си Visa Electron дебитна картичка (ако немате сметка ќе треба да отворите, малолетни може да извадат дополнителна картичка за +200 денари трошок, месечен трошок е 10 денари по транзакциска сметка).
2. Откако ќе ја земете и активирате, појдете на PayPal страната и регистрирајте се како Personal account.
3. За земја на регистрација, одберете ја Словенија, а сите други информации внесете ги точни (Македонска адреса на живеење, телефон...).
4. Откако ќе го направите вашиот акаунт, одете во делот „Add Credit or Debit Card„.
5. Внесете ги сите информации барани од вас (Card Verification Number е на задната страна од картичката).
6. Кликнете „Add Card„.
7. Од вашата сметка ќе бидат одземени 93 денари (1.5 евра) како потврда, а подоцна вратени на вашиот PаyPal акаунт.
8. Сега појдете на
овој линк од НЛБ Тутунска Банка, направете си профил (менито од лево) и автоматски ќе ви ја поврзат картичката со профилот.
9. Потоа ќе се логирате, и ќе ја одберете Visa Electron од листата. Ќе видите дека како резервирани средства имате 93 денари (ако не и повеќе од други трансакции). Ќе чекате се додека тие не се намалат на 1 или 0 денари.
10. Тогаш ќе појдете на овој линк, ќе кликнете на „Побарај„ копчето и ќе ги видите вашите трансакции. Најпоследнaта треба да е таа од PayPal. Во описот ќе стои нешто слично на ова:
Цитат:
XXXXXXXXXXX YYYYПАЅПАЛ*ЕЏПУСЕ
11. Ќе ги запазите бројките овде назначени со Y. Тоа ќе се 4 бројки.
12. Логирајте се сега на PayPal и одете „Verify„ од „My Accout„ страната.
13. Ќе ви биде побаран тој четроцифрен број. Внесете го.
Сега сте потврдени и на вашата PayPal сметка ќе бидат вратени тие 1.5 евра што ви беа земени од картичката, во рок од 24 часа.
Исто така можете да го направите вашиот акаунт од Personal во Premier за да ги дигнете вашите лимити, а колку што видов, се прави бесплатно.