Како што кажаа и останатите форумџии, овогодинешниот саем за лов и риболов во Ниш не беше ништо посебно.Не сум бил на претходните изданија и неможам да кажам ништо за тоа, но од ова не сум ништо посебно инспириран.Саемот не беше баш ефтин (цени како кај нас) со некој денар поефтин околу воблерите, но не и целиот спин риболов. Фалеа многу работи (пример јас неможав да си најдам голема метална корпа (чуварка) иако го превртев цел саем, не видов крупни олова, едвај најдов (само на еден штанд имаше) крупни јадици за сом...... Но како и да е барем прошетавме, се дружевме, имало немало се подновивме нешто
и помина денот. Еве сега да ви пуштам и некоја слика......
Граница....
Малце пауза и протегнуење нозе.....
Пак патување...
Мојот доручек, посен......ама вкусен
Малку вртење по автопатот, промашување на патот,и за крај скромна казна од 10еур.....
И конечно Ниш....
Истовар и тргнување во поход
Тапа се обележува да се знае чива банда е
И конечно саемот....
И почнување со шетање и некој ситен пазарлук....
Моите фаворити за тролинг на GAGA....
Yogi воблери....
И други производители на воблери и останати риболовни ситници.....
http://img545.imageshack.us/img545/9626/sam1618w.jpg[/img]
Па повторно дружење со лесковачка и пиво
Јас си постам па утепував глад со ова
Видовме и некои видови риби со добри движења.......во живо
И за ловџиите по нешто......
И еве нешто што испазарив од тамо.....
Со последните ситни пари си купивме вода за по пат и си ја кинисавме полесни за некое евро
А да и за малку ке заборавев......и за Баже видов еден чамец ако е заинтересиран
И за Полиз котле за гравче правење
Ете така помина оваа наша прошетка до Ниш !
До следната репортажа поздрав и Бистро !!!