Ристе, Тафта сака да се прави паметен, а појма нема. Сигурен сум дека од Царина подобро знаат од него колку е дозволено да се внесе
Почитувани,
Секоја пратка која е нарачана преку интернет од страна на физичко лице и која не е наменета за комерцијална употреба, а е во вредност до 22 ЕУР, не подлежи на плаќање на царински давачки и ДДВ. Доколку пратката е со вредност од 22 до 45 ЕУР се плаќа само ДДВ, а над тој износ се пресметуваат и царина и ДДВ. Износот на стапката на царинските давачки зависи од видот на стоката.
ПРЕЗЕМЕНО ОД СТРАНАТА НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА НА Р.МАКЕДОНИЈА
Еве го дополнувањето на Сашо, за пренесување преку граница:
Одговор: Секоја стока која патникот ја носи со себе треба да му се пријави на царинскиот орган на граничниот премин на влез во Република Македонија. Патниците при влез во Република Македонија имаат право на ослободување од плаќање на увозни давачки за стока за лични потреби која ја носат со себе или ја дале на превоз во висина од 350 ЕУР
.
Почитувани,
Во патничкиот промет, патниците имаат право при влез во Република Македонија да внесат стоки за лична употреба во вредност до 350 ЕУР без плаќање на царина и ДДВ.
Царинска управа на РМ