Фидер (feeder)
Фидер е техника на спортски риболов кај кој е својствена употребата на хранилка. Оваа техника претставува интеграција од пловкарење и длабинско, со тоа што ги има најдобрите карактеристики и на едното и на другото. Врвовите кај фидер стаповите се изработени од карбон, или фајберглас и се многу чувствителни и воочливи (обоени се со светли забележителни бои – бела, жолта, портокалова, или црвена) така што од таа страна го даваат шармот на тапата, а од длабинското ја имаат силата и можноста за подалечни фрлања. Оваа техника е употреблива на сите видови вода и со неа е поеднакво интересно да се лови како ситна, така и многу крупна риба.
Принципот на кој функционира фидерот е прецизно, константно, но не премногу обилно хранење кое се прави со пласирање на храна со помош на хранилката. На тој начин јатата се концентрираат на тесен простор и рибата станува многу активна.
Фидер стапови
При набавувањето на стап морате да се одлучите за варијанта која одговара на условите кои владеат на вашиот терен, како и на големината на рибата која ја ловите. Лесните и фини стапови со тежина на фрлање до 70 грама се идеални за канали, помали реки и езера на кои не се потребни подалечни фрлања. Таквите стапови ќе „завршат" работа за ловење на ситни риби, но верувајте дека ќе излезете на крај и со нешто поголеми парчиња.
За лов на реки, езера каде што е потребно подалечно зафрлување, или комерцијални терени каде што има навистина крупни риби, тогаш одберете појаки варијанти со тежина на фрлање преку 150 грама. Стаповите не се купуваат секој ден, па најдобро е внимателно да се одберат и тоа поквалитетни модели и оние варијанти кај кои добивате барем стандардна варијанта од три врва.
Хранилки
Постои голем број видови на хранилки и сите се сместени во три групи.
Кафезните хранилки се изработуваат од жичена, или пластична мрежа во различни форми и големини и се применливи на сите видови терен, па затоа и најмногу се користат.
Хранилките од затворен вид се изработуваат од пластика и имаат валчеста форма со чеппови од двете страни кои по потреба можат да се тргнат. Овој вид на хранилки се користи воглавно за прихранување со црви, но со малку фантазија нудат повеќе можности.
Метод хранилките се семејство на хранилки со различни форми, но иста намена. Тие служат за лов на крап на комерцијални терени. За нив е карактеристично тоа што користат нешто полеплива храна со доста додатоци во вид на честички (зрна).
Тактика
Ловот на хранилка иако потсетува на веќе виден метод, има многу свои специфичности и потребно е доста време и вежбање за да се влезе во шемата. Кај поставувањето на стапот на стоечките води треба да се сврти внимание на тоа стапот да се постави ниско со врвот према водата како и тоа стапот и конецот да прават агол од 45 степени за биде соодветна сигнализацијата.
Не протечните води фидерот се поставува исто како класичните стапови за длабинско ловење – со врвот нагоре за да се избегне отпорот на конецот од движењето на водата. Првите неколку фрлања треба да се одработат со олово за да се испита далбочината и структурата на дното. Следните фрлања се со празна хранилка за се направи чувство, потоа, 5-10 фрлања на хранилката со храна, но без јадица.
Ова последното има ја основната функција, а тоа е прихранување, но ако стапот остане на држачот некоја минута, ќе дознаеме дали има риба на местото, дали е активна и како се однесуваат врвовите кога рибата ја напаѓа хранилката.