www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Мрена на боили
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=39&t=1886
Страна 12

АвторCOLON  Илчо [Пон Maр 26, 2012 11:47 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Мрена на боили

Ова е ново за мене имам слушнато дека луѓето практикуваат да фаќаат мрени на боили али за во Македонија немам слушнато.Има разни мамци за фаќање на мрената дали е црв,леб,пченица,пченка,вештачки мамец,ларви се тоа е испробано и знаеме дека ефикасно работи.Сега мене ме заинтересира дали кај нас се практикува фаќање мрена на боили?Скоро цел ден истражував поминав безброј форуми англиски,српки,хрватски,бугарски и на сите тие приметив дека боилата се прави од неколку едноставни работи како што се сирење,кашкавал,салама,месен нарезок или некаков вид на паштета сега ние дали ќе ја направиме специфично од едното или ќе направиме комбинација од неколку зависи од рибарот и од тоа на што јаде рибата.Обично се користат стандардни трски за дубинско ловење стаповите, најдобри се дводелни, а конецот конецот со дебелина 0.30мм тоа зависи од теренот и големината на рибата што имате во предвид да ја фатите јадиците би требало да се поголеми и еднокраки .Уште нешто интересно одкрив некои од нив сакаат да страват фидер,а сега тука се отвара ново поле во избирање на фидерот повеќето од нас знаат како се избира али еве јас пак ќе напоменам.Во избирање на фидерот кога ловиме на река обично на брзаците каде што се крие мрената треба да одбереме фидер кој е доволно тежок за да не го носи струјата на водата исто така да не е од стандарниот облик на федер бидејќи примамата лесно ќе се расеее во водата и немаме да имам никаков ефект.
Еве како треба да изгледа системот за риболов на мрена со фидер и боила.
[ img ]
Сега тука треба да обрнеме внимание на неколку клучни работи.
[ img ]
A-Боилите треба да се исто како што би ги местеле ако фаќаме крап нема ништо ново тука
B-До рибарот зависи дали за оваа работа ќе одбере плетеница или монофиламент али ако одбира монофиламент треба да одбере некој појак конец пример од дебелина 0.30мм или 0.40мм кој може да издржи борбата со рибата.
C-Сега примамата што е ставена во фидерот треба да има ист составо како што е составот на боилата не треба да се мешаат различни смеси.
D-Фидерот треба да е има доволно олово за да не го носи водното струење.
E-Тука се користи карабиница со осмичка на која се заврзува главниот конец.
F-Главниот конец треба да ви е доволно јак да издржи борба со голема мрена затоа одберете подебел конец 0.30мм до 0.40мм

И еве еден видео клип што се надевам деќа ќе ви помогне.


АвторCOLON  Zoki rib.prikazni [Пет Ное 30, 2012 2:15 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мрена на боили

Sakam feeder tehnika i ova mi e mnogu interesno.... :eusa_dance:

АвторCOLON  Daniel [Пет Ное 30, 2012 2:25 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мрена на боили

Mislam deka tesko ke se postigne da se zadrzi fider na brzacite na Vardar, sum gledal klipovi kako se lovi mrena na boila ama iskreno ne sum probal.Ne sum sretnal do sega nekoj sto lovi na nasite vodi mrena na boila, jas iskreno 99% koristam taze leb za mamec sto go mestam kako ruza na jadica i za prohrana 5-6 stari leba.Sum probal i na treva da ja ulovam ama ne sum imal rezultati.Da koristis boila samo kako mamec moze zosto da ne a so fider tehnika neznam kako bi pominal na brzacite i kolku ke ima efekt.

АвторCOLON  Илчо [Пет Ное 30, 2012 2:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мрена на боили

Jas levoto cekav mrena na vardar vo brzakot so fider samo sto ne imav boila na krajot.Nemav uspeh bidejki ne cekav dovolno 2 pati frliv i cekav dali po 3 saati mozebi pomalku.

АвторCOLON  Dragan [Пет Ное 30, 2012 4:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мрена на боили

Имам ловено на фидер мрена, зборам за Јужна Морава и тоа доста успешно. Имав два типа на бојли, разни пченки... Но, најголем успех се постигнува со зденка тврда или овчи кашкавал ситно сецкан на коцки. Се става на хартија за да фати малку корупка, па со рака се превртува за рамномерно фати корупка да не пага лесно од јадицата. подобар мамец за мрена е од се. Може и зденка со леб да се измеша во тава со малку зејтин,се меси, се става во рамен тањир да се исуши па се лови. Малку е прљава работа. За прихрана користев купена од Про Спорт од ЦУКК за во хранилица. Мислам Ground bait пишуваше. Ова го зборам за пред 6-7 години. Одамна немам ловено мрена на фидер. Пробав и на Лепенец еднаш но многу поситни до 100 грама удираа мрени и кркушки.

АвторCOLON  martinMK [Пет Ное 30, 2012 5:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мрена на боили

Кога се практикува фидер се префрла по често.. на езеро а не па на река..

Прихраната за фидерот, особено овие отворениве, може е паметно да се припреми од дома.. и тоа како нокла/качамак за подолго време да се растопува во водата.

Треба да се има што пократок предвез и хранилицата да е клизна..

Мрени се имаат фаќано и на биено сирење и кашкавал.. поентата е што голата јадица односно ловењето на влакно е ефективно кај рибите кој се хранат од дното..

Бојли од 10мм па се до пелети кој се 22мм..

Има арома од марош наменета за мрени.. аромата е сирење..

А од готови примами тубертини за мрена, моше и да се пресече со основна прихрана некоја неутрал пола-пола
Битното е да прихраната е спремена одлично за да не испаѓа одма..

Во неа може да се додадат бели црви, црни сецкани, микро пелети, глина..


Еден мал рецепт за „смрдливи“ боили ефтини

2 пакетчиња пармезан
2 јајца
стар леб сув камен ставен во блендер
Малце млеко во прав

Пошто се малку ролано на рака, варено додека се дигнат..

варијација 2

1 пакет урда, распореден на восочна хартија, ставен во рерна на ниска температура да се исуши/дехидрира
2 јајца
4 супени лажици од сувата урда
стар леб во блендер
млеко во прав

рестото што ке остане од урдата може да се стави во прихрана и да се имеша со глина за подолго време да се растопува и да е за хранилицата...

позз,
мартин.

АвторCOLON  howitz [Пет Ное 30, 2012 6:19 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мрена на боили

Браво Мартин, убаво објаснето!

АвторCOLON  Dragan [Пет Ное 30, 2012 6:29 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мрена на боили

martinMK НапишиCOLON
Кога се практикува фидер се префрла по често.. на езеро а не па на река..


Мрени се имаат фаќано и на биено сирење и кашкавал.. поентата е што голата јадица односно ловењето на влакно е ефективно кај рибите кој се хранат од дното..

.
Не би препорачал влакно во никој случај. Само замарање е. Како што пиша погоре, се префрлува повеке пати. Во едно место, барем јас сум бил 30-40 минути максимум па надоле по река продолжувам. Врзување на влакно, па наденување мамец на игла, па стопер... Нема време за такви работи, освен не сакаш цел ден да дремеш во едно место. Треба само јадица со долг врат и малку поширока. мамецот се наденува и се носи до крајот кај чворот а 50% од јадицата е гола, т.е. тој дел што треба да ја фати рибата гол е. Со ова има голема реализација на ударите. Пробани се и двата система, директно на јадица е многу попрактично.

АвторCOLON  Млад Риболовец [Пет Ное 30, 2012 7:47 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мрена на боили

Кога се лови на фидер се седи во место и се прати врвот,не се чмае по река или езеро...А префрлање па 3 секунди да ја наполниш хранилката,2 секунди да ставиш боила на влакно и уште 3 секунди да отвориш поклопецот на машинката и да фрлиш 8-)

АвторCOLON  kompir99 [Пет Ное 30, 2012 7:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мрена на боили


Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/