На светската риболовна сцена,фидер техниката се наоѓа на самиот врв.Одма до риболовот на крап со параболик и боила.Сега ќе им набројам на идните фидераше некои ситници кои не треба да ги изостават кога ќе тргнат на риболов со фидер........
Кога би влегле во добро снадбена риболовна продавница и ги разгледате каталозите,ќе се уверите дека феедер техниката не заостанува зад својот најголем ривал крапскиот риболов.Секако кога се зборува за количината и врстата на доплнителниот асортиман.
Да се задржиме малку на овие две риболовни техники.Вистината е дека и на двете методи се лови крап,но тука можеме да застанеме.Факт е дека со фидер стап да се лови крап е вистинско уживање,ама основната цел на фидер техниката сепак не е да ги селектира крупните крапови и амури.Можда е малку збунувачки што во стручните списанија за фидер риболов се оди во екстремни мери во лов на капитални крапови и амури,но тоа нас не треба да не залажува.
Сепак треба да се има во предвид дека фидерот е фина дубинка,со која успеваме да прелажеме различни видови риби.На тоа придонесуваат и генијалните изменливи фидер врвови,кои на многу воочив начин реагираат на секој допир на рибата со нашата јадица и мамец.Во фидер риболовот не се потребни никакви дополнителни покажувачи на удар,се што треба е да скоцентрираме погледот кон врвот на трската.Тоа каков мамец ќе користите и како ќе го поставите на јадицата зависи само од досетливоста и фантазијата на риболовецот.На располагање ни се сите видови мамци од ларви на комарци,преку глисти,црви,шеќерац,пченка,леб,скакулец,пелети....А тоа повторно се разликува од тоа како боилата ја привлекува рибата.Ако се почесто почнеме да ја користиме фидер техниката како по број така и по количина на фатена риба лепо фино ќе ги зафркнеме крапските риболовци.Во неколку теми имаме спомнато за фидер под и удобни фидер столици,но сепак мора да признаеме дека и без нив и без квалитен чадор за сонце,можеме да седиме на обала и да уживаме во риболовот.Сега ќе ви набројам неколку ситници кои коштаа само неколку денари,а можат да го изнервираат риболовецот,па дури и да го упропастат риболовот ако не ви се најдат при рака.Секако не ни се сите секогаш потребни,но добро е да ги имаме во приборот.
Антитенгл цевка
Е многу едноставен изум.Со нејзината употреба значително можеме да ја намалиме шансата за мрсење на предвезот при зафлање.Нејзината употреба не е обавезна,но и тоа како се препорачува.Се произведува во разни бои,тврди и меки,а на прашањето која должина да се употреби е си одлучува самиот риболовец.Тој што е искусен и спретен значи дека ќе употребува подолг предвез,а да не му се заплеткува.Тоа е тоа и монтажата на која е поставена кратка антитенгл цевка,а да не се замрсува на далеки и прецизни зафрлања.За почетниците има едно правило а тоа е дека должината на цевката ја одредува должината на предвезот.На прашањето дали да ставиме права или искршена?Па преку правата цевка конецот со помал отпор полесно поминува.Теоретски!!!Но,во пракса тоа практично и не се приметува.За почетниците сепак е пожелно да користат кршена антитенгл цевкичка бидејќи таа го држи предвезот на растојание од основниот конец и ја намалува можноста за заплеткување.Дали да биде пократкиот или подолгиот дел ставен накај јадицата?Па,подобро е подолгиот дел.
Пауер гум
Пауер гум потекнува од Англија и внесе нови моменти во фидер техниката.Заблагодарувајќи се на неговата еластична фидерашите можат и на шпулна која има намотано конец 0.20 да врзат предвез 0.12 и да не се плашат дека ќе пукне.Оваа гума може да се растегне и на дупло од својата должина,а помага и при бег на риба кога кочницата ни е лошо подесена,тој го амортизира ударот.Во Македонија неможе да се најде,но го има во соседна Србија и Бугарија по цено од 5 евра за котур од 10 метри.
Вирбли
Вирблите се пожелни во фидер монтажата од повеќе аспекти.Го спречуваат вртењето и заплеткувањето на предвезот,но имаат и фукција на граничник.Треба секогаш да бираме оптимална големина и пред заврзување треба да ја провериме нивната јачина и дали се вртат.
Копци за брза смена
Специјални копци со вирбла кои многу ја олеснуваат замената на предвезот,без никакво кинење.Кога би ги користиле овие копци замената на предвезот трае само неколку секунди.Само се закачува веќе припремениот предвез во свиениот дел на копцата,која претходно е врзана за основниот конец.Од поместување и одпаѓање на предвезот се заштитува со еластична штитник,кој се испорачува во пакување со копците.Се производуваат во разни големини и разни фирми,но во пракса најдобро се покажа од фирмата Фокс.
Држач за светлечи ампули
Ноќниот риболов си има свое посебно драго.За таков риболов е коструиран овој држач.Се монтира на врвот на фидер трската е не смета ни при зафрлање,ни при вадење риба,Но,сепак треба да бидеме претпазливи бидејќи знаеме дека и денско време може да дојде до мотанје на конецот околу врвот на фидер стапот,а не пак ноќно.
Маркер за конец
Добар е другар на сите риболовци,затоа што помага за полесно пронаоѓање и прецизно зафрлање на хранетото место.На основниот конец остава трага од дреч бела боја,па и да го префлиме хранилиштето,можеме да завлечеме до нашето хранилиште.Нанесената мрсна бела боја тешко се вади,но ако е нужна потреба со ноктите можеме да ја одстраниме.И уште нешто кога потезите ќе ни зачестат не ни е на одмет да испитаме што се наоѓа подалеку од хранилиштето,бидејќи крупната риба секогаш таму се храни нели?
Бистро фидераши