www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Ное 26, 2024 8:09 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Корисни ситници
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 09, 2012 12:07 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
На светската риболовна сцена,фидер техниката се наоѓа на самиот врв.Одма до риболовот на крап со параболик и боила.Сега ќе им набројам на идните фидераше некои ситници кои не треба да ги изостават кога ќе тргнат на риболов со фидер........
[ img ]
Кога би влегле во добро снадбена риболовна продавница и ги разгледате каталозите,ќе се уверите дека феедер техниката не заостанува зад својот најголем ривал крапскиот риболов.Секако кога се зборува за количината и врстата на доплнителниот асортиман.
[ img ]
Да се задржиме малку на овие две риболовни техники.Вистината е дека и на двете методи се лови крап,но тука можеме да застанеме.Факт е дека со фидер стап да се лови крап е вистинско уживање,ама основната цел на фидер техниката сепак не е да ги селектира крупните крапови и амури.Можда е малку збунувачки што во стручните списанија за фидер риболов се оди во екстремни мери во лов на капитални крапови и амури,но тоа нас не треба да не залажува.

Сепак треба да се има во предвид дека фидерот е фина дубинка,со која успеваме да прелажеме различни видови риби.На тоа придонесуваат и генијалните изменливи фидер врвови,кои на многу воочив начин реагираат на секој допир на рибата со нашата јадица и мамец.Во фидер риболовот не се потребни никакви дополнителни покажувачи на удар,се што треба е да скоцентрираме погледот кон врвот на трската.Тоа каков мамец ќе користите и како ќе го поставите на јадицата зависи само од досетливоста и фантазијата на риболовецот.На располагање ни се сите видови мамци од ларви на комарци,преку глисти,црви,шеќерац,пченка,леб,скакулец,пелети....А тоа повторно се разликува од тоа како боилата ја привлекува рибата.Ако се почесто почнеме да ја користиме фидер техниката како по број така и по количина на фатена риба лепо фино ќе ги зафркнеме крапските риболовци.Во неколку теми имаме спомнато за фидер под и удобни фидер столици,но сепак мора да признаеме дека и без нив и без квалитен чадор за сонце,можеме да седиме на обала и да уживаме во риболовот.Сега ќе ви набројам неколку ситници кои коштаа само неколку денари,а можат да го изнервираат риболовецот,па дури и да го упропастат риболовот ако не ви се најдат при рака.Секако не ни се сите секогаш потребни,но добро е да ги имаме во приборот.
Антитенгл цевка
[ img ]
Е многу едноставен изум.Со нејзината употреба значително можеме да ја намалиме шансата за мрсење на предвезот при зафлање.Нејзината употреба не е обавезна,но и тоа како се препорачува.Се произведува во разни бои,тврди и меки,а на прашањето која должина да се употреби е си одлучува самиот риболовец.Тој што е искусен и спретен значи дека ќе употребува подолг предвез,а да не му се заплеткува.Тоа е тоа и монтажата на која е поставена кратка антитенгл цевка,а да не се замрсува на далеки и прецизни зафрлања.За почетниците има едно правило а тоа е дека должината на цевката ја одредува должината на предвезот.На прашањето дали да ставиме права или искршена?Па преку правата цевка конецот со помал отпор полесно поминува.Теоретски!!!Но,во пракса тоа практично и не се приметува.За почетниците сепак е пожелно да користат кршена антитенгл цевкичка бидејќи таа го држи предвезот на растојание од основниот конец и ја намалува можноста за заплеткување.Дали да биде пократкиот или подолгиот дел ставен накај јадицата?Па,подобро е подолгиот дел.

Пауер гум
Пауер гум потекнува од Англија и внесе нови моменти во фидер техниката.Заблагодарувајќи се на неговата еластична фидерашите можат и на шпулна која има намотано конец 0.20 да врзат предвез 0.12 и да не се плашат дека ќе пукне.Оваа гума може да се растегне и на дупло од својата должина,а помага и при бег на риба кога кочницата ни е лошо подесена,тој го амортизира ударот.Во Македонија неможе да се најде,но го има во соседна Србија и Бугарија по цено од 5 евра за котур од 10 метри.

Вирбли
[ img ]
Вирблите се пожелни во фидер монтажата од повеќе аспекти.Го спречуваат вртењето и заплеткувањето на предвезот,но имаат и фукција на граничник.Треба секогаш да бираме оптимална големина и пред заврзување треба да ја провериме нивната јачина и дали се вртат.




Копци за брза смена
[ img ]
Специјални копци со вирбла кои многу ја олеснуваат замената на предвезот,без никакво кинење.Кога би ги користиле овие копци замената на предвезот трае само неколку секунди.Само се закачува веќе припремениот предвез во свиениот дел на копцата,која претходно е врзана за основниот конец.Од поместување и одпаѓање на предвезот се заштитува со еластична штитник,кој се испорачува во пакување со копците.Се производуваат во разни големини и разни фирми,но во пракса најдобро се покажа од фирмата Фокс.

Држач за светлечи ампули
[ img ]
Ноќниот риболов си има свое посебно драго.За таков риболов е коструиран овој држач.Се монтира на врвот на фидер трската е не смета ни при зафрлање,ни при вадење риба,Но,сепак треба да бидеме претпазливи бидејќи знаеме дека и денско време може да дојде до мотанје на конецот околу врвот на фидер стапот,а не пак ноќно.

Маркер за конец

Добар е другар на сите риболовци,затоа што помага за полесно пронаоѓање и прецизно зафрлање на хранетото место.На основниот конец остава трага од дреч бела боја,па и да го префлиме хранилиштето,можеме да завлечеме до нашето хранилиште.Нанесената мрсна бела боја тешко се вади,но ако е нужна потреба со ноктите можеме да ја одстраниме.И уште нешто кога потезите ќе ни зачестат не ни е на одмет да испитаме што се наоѓа подалеку од хранилиштето,бидејќи крупната риба секогаш таму се храни нели?
Бистро фидераши :)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Корисни ситници
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 09, 2012 12:23 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
Убав текст мали.

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Корисни ситници
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 09, 2012 12:40 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
Браво мали. Текстот заслужува да се објави на прва страна

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Корисни ситници
ТемаИспратеноCOLONСаб Maр 10, 2012 12:16 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm
МислењаCOLON1221
ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
Конечно нешто паметно и од тебе........ Продужи вака БРАВО !!! И кажи од кај да си купам држач за ампули за на врв !!!

_________________
Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Корисни ситници
ТемаИспратеноCOLONСаб Maр 10, 2012 10:30 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
Баш како тој на слика не знам.Ама ѕвончињата што ги имам јас имаат и држач за ампули,ги вадиш нив и го имаш ;)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Корисни ситници
ТемаИспратеноCOLONСаб Maр 10, 2012 2:40 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Хаха и јас истиот држач за ампули оној со ѕончето го имам али ајде по куманово ќе се рашетам да видам дали има таков ко на сликата и ќе ви кажам ако најдам ;)

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Корисни ситници
ТемаИспратеноCOLONСаб Maр 10, 2012 2:49 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm
МислењаCOLON1221
ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
Имам и јас комбинирани штипки со ѕвонче и држач за ампула ! Сакам само за ампула !!!

_________________
Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Корисни ситници
ТемаИспратеноCOLONСаб Maр 10, 2012 4:06 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
Епа извади ги звончињата и ќе ти остане само држачот


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Корисни ситници
ТемаИспратеноCOLONСаб Maр 10, 2012 4:19 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Јас баш сега извадив опремата и истото го испробав али изгледа ова ќе е до мојот модел бидејки ампулата е лабава не се добро мести,а имам и од оние потенките и од подебелите ампули изгледа ова е дефект е до самиот дрзач.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Корисни ситници
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 12, 2012 7:47 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСаб Ное 26, 2011 2:40 am
МислењаCOLON514
obicno lastice nekolku pati prefrli preku vrvot toa e drzac za ampula....


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum