И во 2015 година, сајтот
http://www.ribar.com.mk и здружението РИБАР 2011 бесплатно им помагаат на риболовците што побрзо да извадат легитимација, или маркица за 2015 година, за оние кои веќе поседуваат легитимација.
Легитимацијата (Маркица за 2015 година) е годишна и ја издава МРФ (Македонска риболовна федерација). Истата чини 400 денари.
Доколку сакате што побрзо да извадите Легитимација-Маркица за 2015 година, преку мејл доставете ни ги подолу бараните информации и уплатете 400 денари во банка или пошта на следнава уплатница. Веднаш чим уплатите известете не преку мејл дека е уплатено и ние во најскоро време ќе Ви ја извадиме легитимацијата-маркицата и ќе ви ја доставиме лично, или испратиме по пошта да Ви стигне дома.
Уплатницата пополнете ја на следниот начин:
Сите оние кои веќе имале легитимација (било која година во периодот од 2008 до 2014), нема потреба да доставуваат слика. Сите оние кои за прв пат ќе извадат легитимација, потребно е да достават слика во дигитален формат преку мејл. (сликата може да биде било каква на кое се гледа лицето на оној кој вади легитимација)
Потребни документи
ЧЛЕНОВИ КОИ ИМАЛЕ ЛЕГИТИМАЦИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2008 - 2014
- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- БРОЈ НА СТАРА ЛЕГИТИМАЦИЈА
ЧЛЕНОВИ КОИ ПРВ ПАТ ВАДАТ ЛЕГИТИМАЦИЈА ГОДИНАВА
- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- АДРЕСА
- ЕМБГ (Матичен број)
- БРОЈ НА ЛИЧНА КАРТА
- СЛИКА ВО ДИГИТАЛЕН ФОРМАТ (СЛИКАНА, СКЕНИРАНА, СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА НА КОЈА ЛИЦЕТО СЕ ГЛЕДА УБАВО)
Ве молиме податоците со потврдата за уплата и сликите да ги праќате на некој од следниве мејлови
contact@ribar.com.mk
ribarkontakt@yahoo.com
Со почит,
Рибар 2011