www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 23, 2024 9:21 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Правилник за модератори
ТемаИспратеноCOLONЧет Aвг 09, 2012 7:41 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
За подобра комуникација на форумот, како и регулација на некои односи кои не беа досега регулирани, веќе подолг период се спремаше овој правилник, по што денес го објавуваме


Правилник за модератори

Член 1
Модераторска тема

За подобра комуникација и координација помеѓу модераторите, на форумот е отворена и функционира Модераторска тема која е достапна само и исклучиво за модераторите/администраторот.

Член 2
Постапка за предлагање и поставување на модератори

Предлог за модератор може да даде било кој модератор. Овој предлог, со кусо образложение за кои теми се предлага модераторот и куса аргументација зошто се предлага токму тоа лице, модераторот е должен да го постави во Модераторската тема и за истиот да се произнесе Групата на модератори. Поставувањето на модератори врши Групата на модератори со одлука на апсолутно или квалификувано 2/3 мнозинство на членовите на Групата на модератори.


Член 3
Карактеристики на еден член и негова подобност да биде модератор

- Да биде член на Форумот најмалку 6 месеци
- Да биде лице кое е познато на Форумот по својата умереност, толерантност, колегијалност, трпеливост и неизбувливост.
- Да важи за лице кое соодветно и повеќегодишно ја познава проблематиката на темите за кои се предлага како модератор, или пак доколку во одредени теми и случаи неможе да се најде член со такво искуство, како модератор може да биде поставен член кој има основни познавања од темата и човечки карактеристики како што е наведено во претходниот став на овој член.
- Да биде лице кое не се залага и не применува: лов на риби со мрежи, ости, подводни пушки, кошеви, трокуки и мрежички на трска и не става во промет уловена риба
- Да биде лице кое не се залага и не применува: земање на риби кои се мрестат
- Да биде лице кое ке се залага и ке применува: заштита на рибите во периодот на мрест,
- Да има способност за здраво расудување, отворено размислување, зрелост и чуство на праведност, комуникациски способности, да биде непристрасен и да не завзема страна


Член 4
Група на модератори и одлучување

Групата на модератори е тело составено од сите модератори и администраторот на форумот, со исклучок на техничкиот администратор. Групата на модератори пред се одлучува со апсолутно мнозинство (единство), или во случаи на неединствен став, или моментално отсуство на некој член на Групата од земјата или форумот, со квалификувано 2/3 мнозинство.

Член 5
Постапување во случај на прекршување на правилата на Форумот

Однесувањето на сите членови на Форумот (вклучително и модераторите и администраторите) е пропишано со Правилата на Форумот. За непочитување на правилата, поведување на постапка за дисциплински мерки и одредување на казна одлучува исклучиво Групата на модератори. Доколку одреден модератор забележи пишување кое ги прекршува правилата на Форумот, воопшто не смее да се кара, или објаснува јавно на форумот, туку е должен да ја избрише темата/постот да испрати предупредување преку лична порака или техничко предупредување или личен контакт (телефонски, или лице во лице), да му сугерира на членот кои правила од форумот ги прекршува и да го замоли истото да не го прави. Доколку членот продолжува со прекршување на правилата и покрај издаденото предупредување, модераторот е должен привремено да ја заклучи темата, да ја ископира дискусијата, да ги избрише недоличните постови, да го банира членот на 1 ден и да поведе постапка согласно модераторските правила за казнување на посочениот член/ови на Форумот. Доколку модераторот започне караница и ги прекрши правилата, може да се соочи со губење на статусот “модератор“ по одлука на модераторскиот совет.


Член 6
Предлог за дисциплински мерки

Предлогот за дисциплински мерки за некој член на форумот може да даде секој модератор/администратор. Предлогот се поставува во Модераторската тема и секој предлог мора да биде пропратен со соодветно објаснување, аргументација, приложување на ископирана дискусија во која има прекршување на правилата и предлог казна.


Член 7
Видови дисциплински мерки за членови

- Опомена
- Забрана за учество на форумот (бан) во траење од 1 ден
- Забрана за учество на форумот (бан) во траење од 1 седмица
- Забрана за учество на форумот (бан) во траење од 2 седмици
- Забрана за учество на форумот (бан) во траење од 1 месец
- Забрана за учество на форумот (бан) со неопределено време.


Член 8
Дисциплински мерки за модераторите

Модераторите се и членови на форумот и подлежат под истите правила и истата одговорност како и останатите членови. Дополнително модераторите подлежат и под правилата на овој Правилник. За нивната одговорност повторно одлучува Групата на модератори со 2/3 мнозинство од вкупниот број на членови на Групата на модератори. Видови санкции за модератор се:

- Опомена
- Одземање на правото на модерирање/администрирање
- Забрана за учество на форумот (бан) во траење од 24 часа (1 ден)
- Забрана за учество на форумот (бан) во траење од 1 седмица
- Забрана за учество на форумот (бан) во траење од 2 седмици
- Забрана за учество на форумот (бан) во траење од 1 месец
- Забрана за учество на форумот (бан) со неопределено време.

Член 9
Привремено банирање без консултација со другите модератори/администратор

Вакво банирање се прави само во исклучителни ситуации во кои ќе се забележи пцуење или особено навредливо пишување на одреден член насочено кон целиот форум или голем круг на членови. По ваквото банирање, модераторот е должен да ја ископира соодветната дискусија и веднаш да ги извести другите модератори/администратор во Модераторската тема и да предложи санкција за членот. Исто така, привременото банирање од 1 ден се применува во случаи опишани во член 5.


Член 10
Престанок на статусот модератор/администратор

Статусот модератор/администратор претстанува во следниве случаи:
- Оставка – Се поднесува до Групата на модератори кој само го констатира претстанувањето на статусот модератор/администратор
- Одземање на правото на модерирање/администрирање од страна на Групата на модератори
- Смрт


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum